Понекогаш кога ќе размислам подобро и детално ќе ги анализирам работите, посакувам никогаш да не им верував на некои личности. Сето тоа поради фактот дека ја изневериле мојата доверба. Кога ќе ја изневерат твојата доверба, стануваш многу внимателен и претпазлив. Тоа ќе направи да бидеш уште позатворена личност од тоа што всушност си бил претходно. Се е поинаку од она што ви го кажуваат. Запомнете го тоа за да не заборавите од каде доаѓате и помеѓу какви луѓе живеете. Со текот на времето се чувствуваш уморен од лагите кои ти ги кажуваат. Не ти преостанува ништо друго освен да ги замолиш да ја тргнат нивната лицемерна насмевка од пред твоето лице.
Тоа што не ме уби ме направи посилна,се осеќам многу моќна,сите искушенија што сум ги доживеала и сеуште ги доживувам ме направија посилна и поразумна личност.
Семејство... Те плукаат,те навредуваат,те озборуваат,те повредуваат,а ти и понатаму си во состојба да гориш за нив. Не можеш да ги смениш,а и да можеш,нема да сакаш да го направиш тоа. Плачеш,ама ти иде да го уништиш целиот свет затоа што ги повредил. А,тие не те ценат. Што ти останува тогаш?
Го мразам овој датум, иако денот само што започна. Го мразам од дното на душата и тоа баш денот кој сите го очекуваат цела година. Денот кој едвај чекам да помине и кој за мене е само обичен ден од годината. Проклет нека биде.
Си одиш од работа, наутро. Се мешаат облаците и тамн си мислиш ќе стасаш мирно дома и ќе си легнеш со мирна глава. Гледаш пред себе и си викаш лаганини, што може да е лошо. Навидум спушташ глава во телефон кога нешто ти го одвлекува вниманието. Лежи на земја, штотуку проодено маче, широки отворени очи. Не прегазено, не отруено. Очи цели црнила. Гледаш и си велиш "Исусе Христе". Животе каква ли душа имаш... Што ли судбина те снајде толку младо полно за живот. Малку подолу, продолжувајќи по патот гледаш мачка се лиже и те гледа. Ко на плажа да е, се осеќаш ко мачор да си а она на лежалка ко фраерка. #bitchplease Нешто подоцна истата мачка ја здогледуваш од прозор како изведува циркуски акробации качена на кола. Живот во 3 фази.
Значи какви мајки се не постојат, она се облекла у минич, 14-5 цм штикли, надоградбата на коса режи од позади и шета како кобила у сити мол, а ќерка и која по лик ми изгледаше на најмногу 10-12 години ги носи кесите како измеќарка. Срамота бе ми идеше да ја оптегнам по тоа надоградбата за да се сврти да ја види ќерка и како се мачи со тие кеси. До кај стигнавме со овие "блогерски" трендови и напрчени муцки, страшно..
Сѐ уште постојат луѓе кои веруваат дека депресијата не е сериозна болест, туку измислена состојба од страна на мрзливи луѓе кои сакаат по цел ден да лежат и да не извршуваат обврски. Додека не осетиш на своја кожа...
Кога некој близок ќе почини. Првата работа што правам е плачам, се откостувам од плачење, седам соба сама и пијам еден Лорсилан. Замислете да е бетар во ПМС сум. Уште 2 дена ќе ми дојди. Денес скоро пола ден го плачам со прекини.
Мислам дека склоноста кон стрес и паничење (не велам анксиозност, бидејќи не сум од оние кои лесно злоупотребуваат називи на сериозни проблеми) ми датира најрано од кога во школо при читање на глас пресметував кој дел ќе ми се падне и го вежбав во себе цело време додека да дојдам на ред. И кога еднаш ме најдоа и мене да сум благајник и да собирам пари по некој повод, па по стопати ги броев досега собраните со страв да не сум изгубила некој денар. И сега сѐ уште сум ептен напната за орален (#хехе) јавен настап, а и значително повеќе чувам и се тресам над нешто туѓо кога ми е во раце. Damn...
Некои луѓе со тоа што се потсмеваат на нешто имаат за цел да испаднат смешни пред останатите. Но не разбираат дека всушност само оставаат лош впечаток и не се воопшто смешни туку се за жалење.
Ова можеби треба да го напишам таму каде што припаѓа во темата каде што од секогаш пишував. Ама немам храброст да го напишам ова во стихови. Ќе објаснам зошто е тоа така во продолжение. Спојлер: ... После сите турбулентни настани јас престанав моите чувства кон тебе да ги претворам во стихови оти премногу болат. Себичен сум и не сакам да ги споделам, моите чувства преку стихови со никој. Оти тоа е само моја болка и мој немир. Горат тие проклети солзи кои паѓаат од моето лице на секоја помисла на тебе. Тешки се како олово и оставаат лузни на моето лице. Овие мои очи го изгубија својот сјај и својата свежина со секоја помисла на тебе и секоја падната солза. Уште една од многу непроспиени ноќи помина за мене. Знам дека да имам некаква амнезија, ќе заборавам се ама тебе нема никогаш. Ќе си го заборавам својот идентитет, своето потекло, сите луѓе околу мене кои се грижат за мене и многу други сегменти од мојот живот. Знам дека нема да те заборавам тебе, а постои и уште едно место каде што можам да те пронајдам. Во моето болно срце живееш ти. Да знаеш дека тоа одамна престана да чука. Престана да чука во моментот кога ми се налути. Од тогаш ти си таа која чука во моето срце, дури посилно и од него во некои моменти. Им реков јас на докторите дека тие бодежи од левата страна и силно чукање не можат да се објаснат по медицински пат. Тие ми ги создава твојот внатрешен немир, кој јас ти го создадов иако не сакав да го сторам тоа и имав само добра намера да те убедам дека не те лажам за ништо. Насекаде кога ќе се свртам се надевам дека ќе те сретнам. Не поради некоја посебна причина, напротив само да ме погледнеш во очи и да прочиташ и видиш колку те има во нив. Можеби тогаш ќе поверуваш на секоја моја реченица и секој мој напишан збор. Ќе поверуваш дека сум искрен. Знам дека нема ништо да се промени и ќе продолжам да страдам и понатаму. Ќе се надевам дека еден ден ќе ми простиш и ќе ме побараш. Би ги претворил овие зборови во стихови односно во поезија, ама која би била целта на сето тоа ако останам засекогаш без тебе. Впрочем имам напишано неколку песни за тебе, ама себично ги чувам и освен една блиска личност никој ги нема прочитано. Јас секогаш кога ќе ги читам чувствувам силна топлина во градите. Можеби уште тлее таа искра од првиот ден. Можам да пишувам цела вечност и нема да ми биде доволно со зборови да искажам се што чувствувам. Малку ми е целиот живот да пишувам поезија за тебе и за моите чувства кон тебе. Затоа и престанав да пишувам , бидејќи нема причина се да преточувам во стихови. Стихови кои нема да ги видиш ниту прочиташ, а уште помалку да ги разбереш . Не знам дали ќе ме препознаеш некогаш ако случајно се сретнеме. Дали за тебе ќе бидам случаен минувач, туѓинец, странец, обична грешка или човек за кој се каеш што му веруваше ако воопшто некогаш му веруваше којзнае. Запомни само едно, ако веќе те гушат сите тие реферати. Запомни ги речениците од подолу прикачените слики. Првата слика опишува колку ми значиш и сум приврзан за тебе. Втората слика ме опишува мене и зошто сум чуден и поинаков од сите што си ги сретнала. Тоа ќе биде доволно. Добро утро малечка и извини ако те вознемирив со мојов реферат и ако ти ги наполнив тие прекрасни очиња со солзи. Верувај не ми беше тоа намерата. Имај пријатен , убав и сончев ден каде и да си и со кого и да си. Тоа е најмалку што можам да ти посакам.
Злобата и љубомората и нема крај во денешницава,едно време сум мислела дека зло за зло,но таа перцепција ја ставив во мирување,ке ве победам смирено и со љубов.
"Ако не дојдиш само ти нема да бидиш присутна од цело друштво." - рече една. Во меѓувреме никој од нив не се заедно вечерта на настанот, сите со посебни и очигледно побитни личности, ни збор не размениле меѓу себе и со другаркава што ми кажа се и што си живееме повеќе. (Ко да) знаев дека така ќе испадни па не појдов. Да им пишам во групниот чет како беше забавата без мене, ама не, оти јас ќе бидам лошата потоа. Moral of the story: Ако сака некој да те види, ќе го направи тоа. Ако сака едно друштво да се собери (што во последно се дешава еднаш во сто години сите да се соберат), ќе го направи тоа. Човек ќе си помисли сите живееме во различни градови и сме вработени па тешко е да се собериме еднаш. Џабе се надевавме со другарката дека ќе сакаат да не' видат и да се собериме сите пред да заминиме јас и таа на печалба летово. Очигледно ништо не им менува. Ама и јас многу се замарам за личности кои толку пати ме изневериле, ми забиле нож и што воопшто не ни помислуваат на мене. Изгледа ништо повеќе нема да биде како порано на времето.
СДК... Небулозно е однесувањето на личностите кои создаваат одбранбен механизам базиран на тврдење дека други треба да ги завршат работите зашто тие не можат, а останатите, по дифолт не сакаат.
Многу мразам луѓе што се мешаат во се и што се радознали. Па и упорно прашања за да дознаат што појше за твојот приватен живот, за да имаат што да оговараат. И секој муабет им е, леле знаеш ли тој и тој шо направил, со кого е сега и триста глупости. Get a life. Напорни.
Момент кога ми доаѓа да уништам се пред себе е кога ќе ми бара некој образложение зошто сум направил нешто. Капак на целата приказна е кога ќе ми каже дека треба да гледам како го прават тоа другите и јас истото да го правам. Зарем не може барем за момент да си ја гледате и да си ја бркате вашата работа. Како сакам јас така ќе биде, не ми вршете притисок оти не сакате да ме видите лут, бесен и гневен.
Уште не се родил тој кој успеал на сите да им угоди и погоди...затоа удрете бригу на весеље, и јас ќе удрам, и да, касно сфатив, ама нека иде живот