На БТ српски тв канал гледав интересна емисија за дегустација на вино и ракија од Србија... Седнати на една маса, со пригушено светло, покрај свеќи, во една винарија 3 машки и женски лица, новинари, пробаа од алкохолот... Секое вино име имаше и своја историја... Интересен концепт имаше емисијава...
Крајот на годината и празниците се време кога го "одврзуваме ќесето" и купуваме подароци за блиските. Но поважно од тоа е да го одврземе ќесето и за оние кои немаат и да помогнеме на некој, да му го разубавиме периодов, на деца без родители, на деца и семејства кои живеат без примања или на социјална помош, на луѓе кои просат, на бездомници. И животно нека е, купете храна и нахранете го. Кога веќе имаме пари, да не бидеме за едни дарежливи а за други скржави. На светов постоиме за да правиме добри дела едни за други и за да помагаме на оние на кои сме им потребни.
За помалце од 2 недели нова година. Дури не ми се верува кога гледам на календарот како времево помина со брзина на светлината.
Сите знаеме за група мажи што се сингл и притоа плукаат по женскиот пол, жените им се криви што се сингл, тие не чинат, вакви, онакви. Токсични? Апсолутно. Епа, дури сега увидов дека имало потполно исто такви женски - за спротивниот пол се' најлошо.
Конечно крај,конечно олеснување,и жени ДА (не бидете глупи и наивни) имајте свое јас,и нормално не им верувајте на мажите,единествено нешто што им е битно е само да легнат со вас и да ве манат,џабе филмови и сценарија се е пепел и дим. Форумот го оставам после толку време,чаооо од мене до некоја следна прилика.
Што е до мене направив се, сега можам само да чекам и да се надевам дека ќе ми бидат услишени сите молитви, толку многу молитви за малку среќичка. Нека биде.
Дај им леб и циркуси и ќе се утрипаат дека ја откриле смислата на успехот и постоењето. A кога ќе запре музиката, нека ги, нека си ги чукаат главите, па чуд, како е тоа можно нели шоуто засекогаш беше ветено, ти реков ми рече. За подобро секако и не се, рековме, ни знаат, нити се способни. Лицемери и фолиранти де.
Може кога ќе завршат обврските ќе чувствувам некоја новогодишна еуфорија. Инаку еуфоријата наоколу на повеќето е исто таква, а елката на плоштад убаво го отсликува овогодинешното расположение. Прв пат не си купив некаков аутфит за нова година, ќе се слави со што било што ќе се најде од гардероберот што веќе го имам. Ни време, ни финансии имам да барам сега и тоа по бутици. Колку порано сме чекале нова година и сме се радувале на нг журки, сега тапа, се ради реда.
Читав скоро некаде на форумов за делењето сметки во кафани и ме потсетија на ова какви карактери има меѓу луѓето. Некој имаше речено, што се дружите со такви луѓе. Епа од детство се дружиме со нив, како пораснале се развиле во такви ликови, сме ги прифатиле и со сите недостатоци. Нема да отфрлиш некој од друштво само зошто е по карактер скржав. Ама секогаш, значи секогаш има некој таков во друштво што се цинцари и сака да плати што помалку за било што. Спојлер Сите сме студентки и уште невработени во друштво. Имаме една другарка што зема само таа стипендија од наше друштво, значи има финансии некакви за разлика од нас другите. Е, таа до денарот дели сметка, често и немала ситно да доплати, па други доплаќаат, омилено нешто и е да ја части некој друг, тогаш прва доаѓа, за поклони кога треба да се купуваат тешко дава пари за заеднички дел зошто "друго планирала она", сама купува и се двои, најчесто е најевтино нешто што може. Ја сакаме како лик во друштвото, само е така скржава малце, тоа и е една негативност да речеме само, ама навикнати сме. Колку и да има, за себе ќе ги потроши, за друг ништо не сака да сподели. Карактер, со нив делењето на сметка е најтешкиот дел од дружбата. И имаме и друга другарка во друштво што нема стипендија, не работи моментално, нема финансии свои, си штеди од што ќе и дадат дома, за себе нема да си купи нешто, за друг ќе даде, не е ни нешто богата, само е душа од човек. Прва ќе подели и сметка, ќе почасти, за поклони да не збориме, со месеци спрема и на секого се му погодила. Никогаш не се скржавела, иако нема премногу пари, знае да биде душа човек. За неа би го дала и цел свет, заслужила, не знам дали познавам подобра личност од неа. Срце човек е, нема лош збор да се каже. Колку давала се од срце за сите, тродупло животот убавини да и врати, само тоа и го посакувам! Nevermind, вечер треба да идеме предновогодишно во кафана, се надевам делењето сметка ќе пројде што е можно подобро во друштвото.
Дај Боже да проработат новите камери во Скопјево и сите идиоти возачи да бидат казнети. Ми се смачи од оние што прелетуват со возилата на зелено за пешаци. Ми иде и да ги запишам табличките и јавно да ги посрамотам.
Ми пречи fast dating aлгоритам. Има мнозина негативни страни. Пред дванаесет години излегувавме на два до три состаноци, момците имаа муда да пријдат и со нив теравме долго. Не дека времетраењето на врската е позитива и пресудна, напротив, и тогаш имаше токсични односи, но се знаеше. Движевме по линеарна линија, со исто друштво, слични аспирации, желби и интереси, па така многу лесно се поврзувавме, па дури и неверствата се случуваа но, беа поретки. Денес е се излезено од контрола. На пример, на Стојанка ќе и пишат десет момци на Тиндер, ќе излезе со сите на кафе, на ниту еден нема да му е погодена, или обратно, неа нема да ѝ се скоцкани по стандард. Или пак Стојан ќе излезе со десет девојки, кон ниту една нема џентлменски да укаже почит, а ќе очекува one night stand аранжман. Па, уште муабет од типот: ,,Нели вие феминиСките први пишувате и давате зелено светло"? хехе .. Пуст петел очекува другата страна да пише прва и се вложи повеќе по едно платено какао. Jesus бе. Што се случува, зошто!? Зар толку умревме во душите што веќе е речиси невозможно да најдеме компатибилен партнер? Зарем е толку тешко да се 'кликне' и развие обостран интерес во цели на креирање среќни романтични моменти? Каде отидоа во бестрага тие времиња каде се ова беше толку едноставно и нормално, не можам да разберам ..
Нетрпеливо чекам да помине следниов ден и конечно да одам на планина. Една недела почист воздух за белите дробови, снежни денови, спа и ништо друго не сакам. Може остаревме што за нова година одбравме снег и планина, а не журка. Сепак, мислам подобро одлучивме парите што ќе ги дадевме за дискотека, алкохол, светкави фустани и разни глупости, да си ги искористиме за одмор кој ни беше потребен.
Колку злобни коментари има за четворката од Штип, какви луѓе сте вие што вака коментирате за деца? Никој не им бил виновен цццц, да, отишле кај ивф докторот и му кажале "ние сакаме 4-ка", и магично им се исполнила желбата. За некој пар што се борел со неплодност, такви злобни коментари, тоа чудо е, толку ли сте злобни и мразачи на деца? Утре може и вие да сте на нивно место, па не знам дали ќе размислувате вака. Ако на вас не ви е приоритет да се остварите како мајка, на другите им е. Дете/деца се планираат да, ама некогаш не иде по планот и живото знае да изненади. И некоја што се бори со неплодност, и и се пружи шанса, не треба да роди зошто Стојанка така кажала, треба да си богат за да родиш, инаку никако.
Другарувањето го разбирам како ставање на местото на другиот и покрај недостатоците, фрустрациите, комплексите и болките, а, не поради нив, како немање подобра алтернатива, а посакуваме да сме со некои други луѓе, или како „скриен џокер“ што го вадам од ракав за да го злоупотребам кога ќе ме повредат (ти на мене јас на тебе), другарувањето ги разбирам како убаво поминато време со тие луѓе, и начин заедно да бидеме нешто повеќе заедно, а не можеме да бидеме одделно или еден покрај друг. Убаво да си поминете за празниците другари! Сѐ најдобро, или подобро, барем за малку.
Овие па со застарениве сфаќања дека ќе те урочеле луѓето ако објавуваш слики на интернет од патување, успеси, не знам што, дај опрајте се. Може вие сте тие завидливите што така мислите кога на некого нешто убаво му се случува, па од вас поаѓате со мисла таква? Што сакам тоа ќе објавувам, ни на некого лошо му мислам, ни па си мислам дека луѓето лошо ми мислат. Нема животот во страв и грч да го живеам, да не завидувал и "урочувал" некој. Уроци и не знам што во 21 век, одете лечете се, проблемот ви е во мозокот.