koe dno od zeni imalo, ke provocira so raboti koi postojat vo nejciniot moram da spomnam mi izgleda bolen um i ke ti gi pripise tebe, aloo bardovci soberi si pacientite
Постапките се погласни од зборовите. Не може да никне цвет таму каде е Војна, ниту може да оздравиш на место каде си се разболел. Тоа е исто како во раната да брцаш нож и очекуваш магично да зарасне.
Ги знаете оние луѓе кои ако нема драма извесно време сами ќе ја искреираат? Сѐ од супер, светло и прекрасно ќе претворат во пепел и прав? Тоа не е навика или незрелост туку карактер.
На времето имав долгогодишен постар пријател и соработник, апла десничарски настроен, со ставови кои инхибираат радикализам и се карактеристични за луѓе народски речено од 'минатото доба'. На овие теми логично не се согласувавме воопшто и многу се расправавме, особено после работа во бар уз мартини или чаша бело вино. Денес истиот тој е веќе женет со две деца, трето на пат, инфилтриран во сосем друг правец на работа за разлика од тогаш, па како резултат на тоа не се допишуваме и слушаме често. Чат - пат си честитаме празници, се прашаме каде сме и како сме во животот, но главно останува на тоа. Дали знаете зошто го пишувам ова? Бидејќи без оглед на размериците, старите генерации под 87 вообичаено имаат слух. ДА, се тврдоглави бумери, со брдо отпори кон новиот свет, и полна артилерија радикализам, ама морбидно интелигентни. Што заради искуството, што заради фактот што и тие некогаш биле outcastери. Затоа со него колку и да имавме различни мненија на мноштво теми, од начин на егзистенција, принцип на работна етика, стандард, па се до одгледување семејство сепак умеевме да сослушаме, советуваме и посочиме каде грешиме, па така и увидиме каде требе да се коригираме. После секоја расправија помнам, без оглед колку и да стоевме на различно умствено скалило знаевме да се насмееме, потапшаме пријателски по рамо и колегијално да продолжиме онаму каде сме застанале. Затоа што нивна генерација се зрели, џентлмени, и без оглед колку ригидни ставови имале, поседуваат и голема аналитичка способност. А, такви луѓе веќе нема... Мојата генерација од друга страна ... Не знам, не сакам некој да се навреди, но некако не не бива. Сенешто сме тригернати, исплашени, трауматизирани. Едноставно некогаш осеќам како да немаме доволно резистенција да се соочиме со реалноста на овој суров свет и сето она што тој го носи како предизвик. Како резултат на тоа имаме низок праг толеранција да се сослушаме, разбереме и простиме ако нешто сме си згрешиле. Напротив, се гледаме низ црно - бела призма, не правиме компромиси, па така по брза постапка отстрануваме контакти и битни луѓе кои би можеле да ни се најдат за нешто понатаму во животот. Се ставам и себе овде за жал, иако на секој начин истово го мењам. Поентата е оти постарите генерации беа растени со агенда на колетив, додека ние со индивидуализам. Ниту едното ниту другото не чини во крајни граници, ама искрено ако јас се прашувам нивна генерација од искуствена гледна точка и отпорност испадна многу подобра за разлика од нашата (делумно Y и Z) што е тажно. Ама сепак многу реално..
Сакам да се врати времето кога на одмор одеше со аналоген апарат и во него филм од 30 слики и внимателно бираш што ќе сликаш... Другарка ми покажуваше слики од Белград, од пред некој споменик имаше само 50-60 слики и ниедна не ѝ се свиѓала...
Од питачи што бараат пари за ,,болни деца,,а во рацете напред манипулативно држат 100 или 500 денари,се со цел да те изманипулираат дека еве останатите по толку даваат,како и оние што манипулираат,немам пари за торта за дете,за да се фатиш на емотивната јадица по мајчински инстикт и да истрчаш еве пари ќе дадам и повеќе да купиш,е од вакви измамници,помош не стига каде навистина треба. Ова ми дојде да го напишам,откако во групата ждм,прочитав немам јакна за детето,ама ќе ви ги продадам моите. Повеќе ќе дадам да ми рече дај,отколку вака,во лице да ме лаже.
Ама се изморив. Зошто е толку тешко да се сфати дека социјализација не е секогаш со истите луѓе што ги знаеме и гледаме секој ден, уште на крај човек треба да се извини и што постои, само за да не се вреѓаат(ме). СДК преку глава од извинувања за нешто незгрешено.
Do preveduvacot na Hellboy vo Pekolko, aj prevedi go futbal na makedonski....stapalotopkanje???hahahahahhah
Која ќе ми рече за здравствен проблем дека не е ништо зашто немам родено, пред истата би седела и грицкала пуканки додека црка од породилни болки или плаче зашто хормоните ѝ се хаос и има ппд. Немаш емпатија, немам ни јас.
И целиот свет да ти го дадам,малку ќе ти е,само сакам да сум стварно сакана,и сигурна во тебе … оти во себе веќе не сум.
Не се страшни непријателите или тие што отворено покажуваат дека не си им баш омилена личност. Страшни се "пријателите" и тоа тие што меѓу најблиските ги сметаш, што мислиш дека добро ти посакувале, а ако дојде момент да ти тргне подобро во животот или можност да бидеш нешто поуспешен од нив (особено ова е изразено ако работите на исто место или имате иста професија), е тогаш љубомората и злобата излегува на виделина. Под прикриен начин глумејќи ти пријатели би направиле се да те саботираат. Не сум изненадена, кога родени браќа и сестри има што ова си го прават, зарем за некоја пријателка ќе се чудиш?