Докторите (кога сакаат поголема плата, а не сите ја заслужуваат): Уа, власт, ију, сакаме повеќе пари. Не се преживува (иако сликите на социјалните мрежи и јаките коли на паркинг говорат друго ). Сиротите болни од цистична фиброза пред Владата и во медиумите: Ве молиме да набавите лек за сите пациенти. На некои им се влошува состојбата. Никој не треба да биде изоставен. Докторите кои како чувари на здравјето треба да помогнат и со нивни апели и протести, но не ги боли ај да не речам што и не може често да се најдат на работното место: ... Глас не им се слуша.
Лекција која многу треба да си ја научат: Ако е некој среќен со некој избор, нема ти што да разубедуваш дека не е тоа така или е неправилно. А и зошто воопшто толку би те бодело в очи ако нема никаква врска со тебе и не штети никому. Ама тука нешто друго ќе да е во прашање.
Јас кога учам за испит и некоја ситуација опишана во скриптата ми тригира непријатно сеќавање. Мозокот ми прави пресметки како можело да биде поинаку.
Да кажам за близнаци знакот.Абе подалеку од нив,многу вреѓаат и лоши ,дволични,незгодни луѓе поготово машките во знакот близнаци.
Кога бев дете, имаше 7 days кроасани само со какао и ванила крем. Сега има се и сешто, ама тој кроасанот со ванила, го нема. Е, баш тој го сакам.
Гледам постар извадок од вести за прво родено детенце во некој град, за Нова Година. И новинарот - девојчето е нормално родено, тежи 3кг..... А другите деца се ненормално родени?!??! Каков е тој нормален пораѓај ? Царски и природен (спонтан) пораѓај ! Или според новинарот, ненормален и нормален пораѓај
Никогаш ама баш никогаш не сфатив за што размислуваат мажите. Некогаш се прашувам дали воопшто имаат и мозок. Очигледно немаат.
Sakam samo zdravje da imam jas i tie sto si gi sakam. I sakam da im e ubavo vo zivotot. Se raduvam od dusha koga im e dobro..
Успеавте ли во животот вие што ѝ се смеевте на професорката по економија во средно? Дека беше 'тегларка', ружна, дебела ... Заглавена во токсична врска со тип којшто не ја ценеше и искористуваше како вреќа за пумпање. Неа ене ја на луксузен одмор минатата 2023, докторантка по своја струка. Со свои речиси 50 години, насмеана, среќна, поубава никогаш не била, шиба, блика радост! Изгледа мистер Боби (токсичниот ѝ момак пред 15+ години) ја остави, направи услуга, а она се даде на живот. Ами вие што направивте да ве прашам сега? Дали со ваши 30 години водите поисполнети животи? Се спастривте, пронајдовте во системот? Лапнавте администрациска функција? Влеговте во функционален брак? Заминавте ли странство? Или како грото заглавивте во системот со минимум две деца, кредит и несреќни, болни родители ради вашиот брачен сопатник коцкар, неранимајко? Да би го вратиле сега времето назад не би било толку смешно, зарем не? Е, не би дечки, знам ... Ама тоа е кога немавте морален кодекс и домашно воспитување, па и поправени оцени со тогашни 200 евра корупција и ручек. Не е живот Швицарска, цк. Не за сите, не за вас.