Идеш на доктор да прашаш замена за некое апче, бидејќи си алергичен на тоа, гледа ко теле и зјапа у тоа извештајот и ти вика не мора да ги пиеш, да ти се плукнам во медицината и докториве, ова се е медицина не е, успех после некој, умре народ од чекање и глупости нивни, неписмени, па успех било доктор да си, море мрш
Кога некој што го сметаш за најблизок ќе престане да ти пишува без причина не може да го сметаш тоа за ништо друго освен фрлање другарство од 2 децении во вода. Те прави да се подразмислиш за колку е краток животот и колку се транзиентни пријателства во глобала. Не те обвинувам другар, се најдобро, јас ќе се снајдам на еден или друг начин.
3 саати шетав во мол, за џабе, си дојдов дома со празни раце, ништо не купив. Што им е со тие парталчиња што ги продаваат, со тие неквалитетни материјали за облека, изгужвано уште на закачалка, налепени влакна и прашинки на капути/сакоа (одма гледаш дека е ѓубре и не треба да се купи). Не па онлајн да порачаш облека, ако сакаш да се нервираш на што си фрлил пари. На слика едно, во живо ѓ у б р е. Баш сакав да се подновам денеска, само што толку е грда модава што и да сакаш пари да потрошиш, немаш каде. Дали е до нашиве продавници, од истиве брендови на социјални мрежи што рекламираат од странство облека е сосема друга од ова што го има кај нас. Буквално партали се продаваат. Катастрофа. Секој шопинг се повеќе се разочарувам што ништо не ми се допаѓа, една работа да најдеш убава и квалитетна да си купиш за да ја носиш е како на лото да си добил. Среќа што се овие продавнициве за козметика во мол, бар таму секогаш ќе најдеш нешто, да не ти е залудно одењето.
Искрена љубов и почит можеш да добиеш само од миленичето. Луѓето се манипулатори и мајстори за преправање.
Ти си за на психолог за на лечење а јас незнам што ќе си правам со оваа добра душа која знае да простува и трпи….сите ме повредуваат
Растеш. Се развиваш. Ти се формираат мислења. Имаш желби да се оствариш во нешто и некаде. Слатки, мали и невини фантазии. Животот е твој. Животот ти дава прилика да ги претвориш во реалност. Работиш на тоа. Но, како непишано правило е да мора да се најде некој незасегнат да ти тури пепел на тоа. Да ти го скисели чувството.
Животот си тече како река. Таа е нашата река. Извира, течејќи заедно со притоки се пробива низ теснеците. Но таа, така тивко и нечујно, ден за ден и брег рони. За се има време, таа река. Од изворот свој бистрина точи, и одново се прочистува тоа што попатно ја загадува. Течи реко, живот точиш, затоа во тебе ништо исто не е, се менуваш и измиваш. Се тече се и се менува. Никогаш во иста вода, во исто време од реката нема да згазиме. Да нацрпиме од водата, да се исплискаме на лицата, да се разладиме за да знаеме дека сме дел од таа убавина. Да сакаш река, е да сакаш живот... Таа река (животот) е како огледало. Кога ја преминуваш, не застанувај и не врти се назад, чекори и оди само напред, зошто е брза и може да те однесе некаде далеку, а на крајот насмевни се, и таа ќе ти се насмее.
Се прашувам до кога ќе сум болна со вакво грло… цела зима пројде сеуште сум со затнато болно грло и затнат нос… неподносливо!!!!
Само што забележав нешто прилично интересно. Имам една колешка, жената досега со мене за се' се покажала фер и коректна, немам што да и' забележам. И да имам, нема на форум да јадам трици, друг ми е муабетов. Вчера нешто и' спомнав, за еден друг колега, викам човеков колку е смирен и така некои пофални работи кажав. И таа веднаш: А жена му работи таму и таму. Дообро, жена му немаше никаква врска со муабетот, уште помалку кај работи, но си го вратив филмот и поврзав нешто - колешкава секогаш, кога и да и' спомнев и претходно нешто за некој маж чисто онака, таа веднаш ми спомнуваше Аа жена му, аа девојка му... Добро, ако кажав нешто за него не значи апсолутно ништо па да знам дека е зафатен човекот. Не значи дека нешто му мислам. Не знам стварно како да ги сфатам сите овие спомнувања на нивните жени и девојки освен дека колешкава ми дава до знаење дека се зафатени, само не знам зошто. Смешно ми е.
Немам зборови да опишам колку го мразам овој период секоја година зошто не знам главата кај ми е од обврски. На инстаграм само 20минути screen time вчера сум имала, не дека сум некој дисциплиниран човек, туку зошто немам слободна минута во денот. Јануари траеше 31 ден, со чувство за 331 ден. Уште февруари да се истера. Непишано правило, познаници повеќе ќе ти се најдат од пријатели. Не знам зошто ова го воочувам по 100 пат.
Воопшто не сакам луѓе кои цело време се “жртви”. Секогаш тие се добрите души и секогаш другите се злобни, лицемерни, ги искористуваат. Не велам дека нема лоши луѓе, ама ако постојано се чуствувате како жртва можеби е редно време да седнете и да размислите каде грешите. Можеби е добро време да поразговарате со психолог и да видите дали вашето однесување и тоа што сте постојано “жртва” не произлегува од вашите неизлечени трауми и доживеани ситуации. Дали имате проблем да им кажете НЕ на луѓето, дали имате постојана потреба од валидација од други луѓе, дали е нешто сосема трето. Некогаш е убаво човек да биде искрен сам со себе и да си признае дека можеби некогаш проблемот е во него. Не е страшно, не е болно, а може многу да во помогне.
Господе, верувам дека се се случува со причина. Верувам во Универзумот и знам дека се е подредено баш така како што треба да биде. Ама сепак ме боли Верувам дека има некоја поширока слика што јас не можам да ја видам од овде. Ама сепак боли. Одиш на наједноставна рутинска процедура и завршуваш помеѓу живот и смрт. Сите слушаме разноразни страшни приказни и си се тешиме дека нас нема да ни се случи. И наеднаш на наш близок му се случува. Тогаш Сфаќаме колку е животов скапоцен и колку уствари имаме за да бидеме благодарни секој ден. Велат дека надежта последна умира. Јас уште имам надеж за ова. Уште се надевам дека ова е само една голема лекција што треба да ја поминеме без да заврши кобно. Дај Боже да е така. Само да ни даде Господ сила на сите што се бориме
Прибрана од работа, капучиното го пијам полека, додека димот од цигарата лебди во воздухот. Легнувам пред каминот и црвени пламени ми танцуваат пред очиве, а ќерка ми на мене потпрена ми раскажува некоја случка...и следува смеење, гласно смеење до солзи. Срцево ми е полно, преполно мислам како да ќе препукне од толку љубов, нежност, среќа. Ќерка, другарка моја ми порасна. Иако ни фали татко и вечерва тројцата да се гушкаме, сепак себично уживам во овие наши женски дружби и муабети. Нека трае, само нека трае.
Сето маалски шлакутарници од шминка! А народов па прост како овца за стрижење им служи на таквиите. Нека ве стрижат убаво ви прават за гнасна шминка ни 1денар не би дала!
Како лично си сфаќаат тука некои мислења, срам да му е на човек да пише што всушност мисли зашто нема да (им) чини.
Блазе си ви со каква самодоверба тропате глупости, а се јачате на други колку паметни работи сте им кажале. Да ви е жив Данинг-Кругеров ефект на будалите. Токмаци смешни. Кога нема што да ме насмее вие сте тука.
Не осудувај, не исмејувај, не викај нема шанси никогаш јас тоа, оти не за џабе се рекло може многу бргу на глава да ти дојде. И доаѓа. И пак ништо не научивте.
Ми фалиш премногу,секој ден се повеќе,ќе помине..морам да издржам така е подобро .. и пак бев во право,се било залудно