Уште еден чекор понатаму. Поблиску до целта. И пак нов страв ќе никне. Што ќе биде? Кога ќе биде? Како ќе биде?
Си ги избрав најубавите артикли облека за новата работа Поише од мајка, не се радува никој, си купи исти за да бидеме мечинг.
Плачаммм,знам дека не се решава ништо со плачење ама какооо ли да ја исфрлам болката шо ме рушииии,моментално! Кога ќе ја прочитам последната порака што ти ја напишав уште толку ми станува тешко,сите спомени ми се пред очи,ТИ,ти си,друг НЕ,и нема да биде никогаш!
Чест на исклучоци, материјалист секој трет е станат без исклучок на пол. За друштво, партнер, се само се гледа кој од која фамилија бил, финансиски колку е моќен. Со социјалниве мрежи и се лесно се дознава, да се плашиш колку некои луѓе истражуваат и знаат родителите што работеле на тој/таа, па истражиле тоа, дознале тоа, од такви луѓе и познанства корист ќе се имало, да се запознаеле/здружеле. Убаво е да се фантазира само што реалноста е дека пара на пара иде, повеќето што ги познавам од тие рангови се со партнери на исто финансиско ниво, а и друштвата им се такви. Србите убаво рекле, свако своме јату лети.
Сум седнала во СДК без цитирања да пишам за пријателства и за луѓе кои ги сакам пошто прв пат сум на место каде луѓето околу мене се the best of the best и осеќам потреба да бидам little spoon и сите да ме гушкат мене и да си предиме како мачиња. Ама ми текна како ќе биди сфатено и нема смисла. Па избришав. Ова можи да биди сфатено како се сака оти не е за луѓето кои ги сакам. Едноставно не сме зрели за меѓучовечки односи. Секогаш гледаме како е нашата страна и очекуваме и другата да е таква, или ја проектираме каква шо сакаме да биди. И после разочарани. Или постојано бараме и земаме од пријателството зошто нели, пријателството е безрезервна љубов и поддршка, ама не секогаш можиме да дајме пошто нели, граници. Океј е јас да поставам граници, не е океј другите да ми постават. И после разочарани. И кога велам дека во меѓучовечки односи треба да сме лабави, пак јас крива јер, лош пријател. Како тоа лабаво кога пријателството е интензивно? Пошто „лош пријател“ е ако со некој одоговарате само како „кафе“ пријатели еднаш на три месеци, или ако не ти текни прво нему да се јавиш при добра/лоша вест туку се јавиш на оној кој ти си го осетил за поблизок. Пошто „лош пријател“ е ако ви се сменат интересите и веќе не сте си приоритет како претходно. А пријател кој е најлош? Па кој ви го прави тоа што вие сте му го правеле - ама неговото боли и го прај лош пријател, твоето било само природна реакција на тоа шо си бил повреден/кажано во афект. Па се разбира. Јас го викам ко хипокриза, ама ајде. Нека остани лош пријател. Шо знам јас, о индиферентно гомно, шо би знаела како таква. Сакам да кажам, од Ноември 2022 кога откачив на тогашен најблизок другар, се е free game во поглед пријателства за мене. И во година и нешто толку луѓе ми заминале од животот и напрајле место за нови шо конечно сум среќна со то кој се ми е во животот. Прв пат можам да речам дека до крај на свет би одела за луѓе шо не беше случајот па цел мој живот. И пак си ги имаме „кафе“ пријателите оти кафето ми е најслатко еднаш на 3 месеци со една особа се да си кажиме, ама секоја недела ако се гледаме? Досада за двете. Си имам „пиење“ пријатели. Па најслатко со нив ми е бе. Инаку не ни осеќам потреба со другите поќе од бира да пијам, ама со овие? Уф. И пак си имам луѓе кон кои сум индиферентна, NPC материјал, ама сега зошто си бести со другарка ми, нема ни малку надеж да ти дам дека има шанси да си близок со мене. Пошто уствари овие се тие со кои најчесто сум имала проблем. Пошто сум крива дека ме прочита како заинтересирана. Па сум крива. Јбг. Тудлс до безгрешните. Сигурно е лесно. Не би знаела.
Наместо користење се' повеќе англицизми, може да гледате да се изразите што подобро на наш македонски јазик. Не е точно дека нема соодветни изрази, има, за тој што сака.
Се расправале црното и белото. Црното упорно му повторувало на белото дека е црно, белото упорно му повторувало на црното дека е бело. Црвеното и синото, застанати во близина, паднале во несвест. Сивото пуштило гласна смеа што ечела од далечина.
Многу ми се допаѓа квалитетот на форумот во последно време. Мило ми е што многу досадни луѓе си отидоа и моментално ми е милина да ги читам приземјените и разумни ставови на членовите кои се најактивни. Мојот омилен ритуал е да пијам кафе и да ја читам сдк за да се инспирирам за денот. Немам време да пишувам, ама ќе се препознаете кои сте
Не мора да ми ставате Стори на Инста за роденденот. Не ми значи ништо. Доволно е да се слушнеме и да разговараме како луѓе, преку цела година а не само хепи брдеј на стори и ајт.
Поздрав до мрчаторите кои мислат дека све другите се мрчатори. Заслепени од опенмајндноста и од искривените и покварени вредности, правата вистина не ја гледаат, не можат сами себе си да си помогнат, глава не можат да дигнат од токсичноста која самите ја шират. За грев. Жалчиња.
Не ми се пишува во СДК, ниту во темата Жени домаќинки. Не знам дали имам искривена перцепција, ама сериозно набљудувам во што е тајната на среќниот брак. И еве, овие на кои до некни им се смеевме сите што на 15 години се омажија, денес истите се со пораснати деца, богами и живнати на подруг начин. Не сакам да бидам погрешно сфатена, се прашувам што виделе мажите. Си велам, сигурно имаат некоја црта карактерна што не ја гледам. И земам личности што ги знам како дишат (за да не лепам само лоши етикети), со сите нивни карактеристики. Обично, нивните мажи се кротки и се однесуваат така како што јас не ги ни знам. На подобро, секако. А тие се истите прикриени (дури и усовршени доста) карактери, ги вратат на малото прсте. Гледани се од убаво поубаво, мажите трчаат и им купуваат најскап накит. Изминатиот месец поставував рандом прашања на двајца таксисти и стварно ми падна жал за едниот одговор. Вели, абе се сакавме премногу и јас грешев доста. Знам дека пиев, се коцкав и правев глупости. Ама знаеш како, не пробувам да се исперам пред нејзе, само сега сум позаљубен и работам и по две работи само за да и' пружам се' што бара. Доаѓам еднаш со цвеќе дека така сакав, почна да ми вика. Ај до тука ќе застанам и да се вратам на муабетот погоре. Знам дека не е секогаш црно-бело, има нијанси измеѓу што пак не се гледаат колку и да се набљудува од страна. Ама и те како ми паѓа малце криво и си мислам дека ако тие можеле да се "протнат", дали тоа било на нефер начин?
Секое утро се будам со иста мисла,толку ти се предадов со се,за на крај да сфатам дека се било механички од твоја страна,штета! Манипулатор ама во секоја смисла на зборот,штета што сум верувала во нешто што не било вистинско и обострано,сега моите чуства се изгорени ама благодарение на тебе веќе не сум толку наивна Во моите очи си најдолното нешто што го имам запознаено.
Кога ќе пораснат децата, оставете ги малку да дишат, исто и откако ќе се омажат/оженат оставете ги да го поминуваат слободното времето со нивното семејство (маж/жена и деца), веќе се доволно возрасни за да ги гушите се уште откако си оформиле свое семејство. Ако не можете да им помогнете, не им одмагајте.