Ич не знам да бидам фејк, да глумам нешто што не сум. Така и со луѓето, не можам да форсирам врски и конекции кога гледам дека не се на исто ниво. Ама има еден посебен тип на луѓе што се родени хипокрити. Со едни луѓе оговара х особи, кај тие х особи ги оговара првите, и така се во круг. E oд овие луѓе најмногу да се пазите.
2024 сме и уште има луѓе кои не признаваат и презираат врски на среќни луѓе кои си тераат по свое и никому не штетат, само ради тоа што не се вклопува во нивните замисли/преференции/критериуми. Talk about being open-minded.
Кога одам по молови, или на друго место во тоалет, пред wc шолјата има урина насекаде, колку и да чистат чистачките, ние народот не пазиме, ок, нема врска, муабетот ми е газиме насекаде со чевлите, по улици има измет од кучиња, колку и да пазиме пак ќе згазнеме на нешто, и некој дома така да си влезе и уште да вика чисти му биле. Ок, може не ти се со кал, ама со куп бактерии ти се. Па и дожд кога има некој така со чевли кога ќе влезе, ми се темни.
Навикнати сме да читаме плукања за мажи и не викам дека дел од нив не заслужуваат, ама денеска тие ќе ги ставам на игнор. Ќе ги пофалам мажите што вчера се потрудија да ги направат девојките среќни и ги третираа како принцези. Момците што вчера носеа букети, ружи, големи мечиња колку нив за да ги направат нивните девојки среќни. Прекрасно беше да се види тоа, да се видат насмеани девојки што убаво се третирани, заљубени и среќни парови. Секоја чест за мајките што одгледале такви синови, за татковците што ги научиле да почитуваат жена, треба да се гордеат со тоа какви деца израснале. Секоја девојка треба и заслужува да е третирана така. И да, повеќето мажи што вчера за Валентајн ги третираа девојките/жените како што заслужуваат, исто се однесуваат и во останатите денови. Зборам од личен пример и од пример наоколу на другарки. Тој што те цени и за повод и без повод ќе се однесува како што треба. Особено ме радуваа средношколци со ружи во рака што ги гледав. Браво, од млади години се гледаат манирите.
Букети, цвеќиња не се поклонуваат само за 8 Март, и мечиња, срциња не се поклонуваат само за Валентајн. А и вчера беше Свети Трифун, Валентајн е католички и наметнат празник од Западот, всушност ние се превземавме од Западот, уште ни преостанува ние Христијаните и православните и Бајрам да славиме. ПС:секој ден се сака, не само за празник, и поклон може да се поклони и за обичен ден, а не само за 8 Март, роденден. Јас ако чекам за празник, значи тоа ќе биде 2-3 пати во годината. Жена се почитува секој ден, не само за празник.
Постојат интерпункциски знаци ако не сте знаеле, тоа се учи уште во предучилишна возраст, не бидете очобол за читање.
Многу нови членови никнаа како печурки, се зачленија само да се препукуваат, моделаторите треба чистка да направат.