Се осеќам како поентата да не ја доловив точно. I was being judgy. Кон не веге. Оти имаш избор и одбираш страдање. И го допишвам ова оти само шо ми излезе, пак, рандом видео во врска со "хумано" колење и се напиздив и ми треба вентил. Да цркните вие шо изненадно ставате експлицитни и громорозни инсерти во први 5 секунди од видеото шо автоматски се пушта. И уште поќе тие со коментарите под видеото колку е то добро и "хумано". И то ми текнува на друго видео шо ме вознемири страшно пред некој месец и гомната шо коментираа како е то "кругот на живот". I hate y'all. Са ќе ом да плачам. И го клавам во СДК без цитирање оти преку ми е од то да читам кој шо има да дофрли на темава. И уз пат ми текна на мим. Yeah. Зборај ми за промени во расположение.
Една стара мудречка имаше што гласеше, не ја гризи раката што те храни, оти можело да и текне више да не те храни. А луѓето што ја гризат раката што ги храни, обично се оние што ја лижат чизмата што ги гази. C'est la vie for the fool. #karma
Не, не ви се интересни коментарите од типот "како можеш сабајле да доаѓаш во 8 часот нашминкана, како не те мрзи, јас сакам да си спијам, не би станувала порано за тоа". Или "како можеш да одиш на штикли, што си ги мачиш нозете, облечи си нешто рамно".
Како ми се наредија коцките во секое поле.. Не знам кој, или што, ме гледа.. ама му благодарам што сите желби ми се остваруваат кога ќе ги замислам.
Битно облекла скинати фармерки, а што не е издепилирана и што влакната и ѕиркаат од скинатото, тоа не е битно.
Најмногу се нервирам кога одам во маркет, пазарувам, одам на каса, пред мене еден куп муштерии, си чекам на ред, доаѓам конечно на ред, и таа на каса кога ќе ми каже "оди на друга каса". Па услужи ме, или кажи си пред време, а не да чекаат муштериите.
Уште две недели скоро останаа,уште малку ќе издржиме …..,до нашето видување,едвај чекам,за другото знам дека се било заблуда,затоа сега ќе те сакам до с’рж Иако совеста ќе ме јаде додека сум жива,се надевам господ ќе ми прости …
Бев на дејтот. Малце не знаев да се снајдам со локацијата со Google Maps, ама за љубов се' можам да совладам. Беше преубаво се', ми отвори нови видици. Едвај чекам да се видиме пак....минус жабите.
Чоек овај е тој кринџ љубовен ко ќе буквално имаш само една работа на памет и сакаш да ја повторваш постојано оти си заборајла како е да се осеќаш толку живо? Ми иди онака да извикам шо погласно, некој ако не чу - да чуе. Знам дека сум досадна. Трпете ме.
Кога ќе кажат дека шетаат кучиња и чуваат мачиња наместо деца, ми се , па дали размислувате дека тие можеби не можат да имаат деца или го одат потешкиот пат? Знам пример со колешка која ми е многу блиска, и имаше такви коментари наместо куче дете требало да чува, а таа многу време се бореше за тоа. И темине за бременост ги читам и се запрепастувам какви коментари има од жени кон жени. Па и тоа на секоја тема некоја да пишува на секое дека имала две цртки, ок, знаеме дека си трудна, ама на секое да го пишуваш тоа, па има жени кои потешко остануваат и преку потешкиот пат. Ок, знаеме дека секој се радува ако види две цртки, ама еднаш се кажува, не на секое. Како им е на тие жени што го читаат тоа, не ни можам да замислам, полека малце.
Го слушнав комшијата кој имаше едно книжуле во неговите раце како си поофка поминувајќи до него со шише од 2 литра сок, благо и клучеви во моите раце. Секој со своите тежини...
Не е точно дека добрината не се исплатува. Или дека не вреди. Секогаш се исплатува и секогаш вреди. Кога ќе наидете на лош човек кој ќе сака да ви ја искористи добрината, кој ќе сака да ви наштети, тоа не е затоа што вие сте добар, туку затоа што тој не е. И ќе го добие својот бумеранг назад. И затоа, не се разочарувајте во себе, не е грешката во вас. Вашата добрина ќе ви донесе добри мисли, чиста совест, мирен сон, луѓе кои ќе ја ценат и ќе ве сакаат. Добрите секогаш победуваат, универзумот секогаш е на нивна страна. Можеби патот не е лесен, но вреден и тоа како.