Во домот каде има љубов безусловна и почит, сите висини се достижни и секоја препрека многу полесно се поминува. To my husband: Најтопло сонце си ми!
Ако чуваш големо снажно куче од раси што се сметаат за опасни, за заштита на домот, онда и ќе си го издресираш професионално да одговара на команди. Ако фати крадец, да можеш да му наредиш да го пушти. Значи да не реагира 100% на свој инстинкт туку посветено да следи инструкции. Оти со следење на инстинкт бељи се дешаваат. И после - абе знаеш, кучево ме чува, штити, затоа вака. И јас сакам да си земам еден пиштол дома за заштита, мање битно што немам дозвола и не знам да управувам со него, еве само за заштита ќе го користам, оЌе? Ако чисто ти е мерак куче да имаш, имаш друже 50тина раси кои се френдли со непознати за да ти е мирна главата кога го шеташ или ти дојде некој дома. И некои раси дефинитивно со право имаат лоша репутација ради статистика, ај да не се правиме на Тошо. А ако те боли курот за безбедноста на другите луѓе, ондак не вредиш повеќе од еден шлајм и едно лајно во едно општество
Денес многу добро се уверив до каде може да оди човековата злоба, желба да ти наштети дури иако нема никаква лична корист од тоа или не си му згрешила бидејќи не се ни знаете. Туку чисто онака, оти му се можи. Е до толку има заминати. Секој што на некој начин пробува да направи зло некому или посакува зло дури бидејќи едноставно сака да попречи во нечија среќа, тродупло да му се враќа.
Уживам кога слушам македонска музика од 80ти, 90ти и рани 2000. И не е носталгија, туку тоа што веќе не се прават такви песни, со душа. Безвременски. Што можеш да ги слушаш 1000000 пати и пак исто да уживаш во звукот. Колку поразлични и текстови, некако побогати, посодржајни, со повеќе смисла. А тоа и не се однесува само на македонската музика, тука спаѓа и екс ју рок и светската музика. Со англиските песни, се враќам назад и до 60тите. И попрво би избрала да буричкам уште поназад отколку да слушам денешни хитови. Ете, тоа ми се допаѓа.
Чувството кога маж ти ќе си дојди од работа онака насмеан, дотеран, преубав и гледаш дека ти носи букет со омилените цвеќиња , топење
При брзање сум си купила погрешен спреј за тело што не ми се допаѓа воопшто. Се чудам како може овој толку лошо да мириса, а се од иста фирма со тој што го користев и ми се допаѓаше. Има мирис на некој одвратен прашок, на старо, на непроветрена просторија... Џабе фрлени пари, ова ни за освежувач за тоалет не го бива, дури и тие освежувачите почист и посвеж мирис имаат. Како може да сум толку несмасна и да не гледам што земам, стварно не знам.
Луѓето што постојано очајно сакаат да го најдат, до степен и измислат лошото во друг немаат толку добро во себе, колку и да го тврдат спротивното. И ок е така да ги гледате по она што го покажуваат, а не очајно да го барате доброто во нив што го нема. И не, тоа не ве прави вас лоши, апсолутно нив ги прави. И не се бават и продолжуваат континуирано со пасивни-агресивни и бедни покушаи за напад додатно. Исто така ова само по себе си збори дека очајно им фали животно исполнување и среќа, колку и да тврдат дека го имаат. Сега штом тоа го расчистивме...
... Да се фокусираме на добрите луѓе и ствари во животот, конечно го дочекавме и Март, и пролетта ни чука на врата.
Сдк дека што и да правите, прајте го како ви кажува интуицијата. Ако се мислите ич не прајте. Од многу мислење ништо не бива
Кога одиш на каса, и на крај те прашува касиерката "тоа е се", не бе лепотице дојдов и тебе да те видам.
Од неисполнети желби да дојде некој да ме посвои на овие години. Само арно ќе види. Се изморив веќе. Ден-година ли е, што ли е.
Пред некој ден во опуштен муабет, мајка ми, ми посака да си заработувам убаво во животот затоа што парите се пред се слобода - особено за мене како женско. Јас никогаш немам премногу зборено со неа за таа тема и сите ставови се од моја едукација, ама вау! Какво жениште ме има израснато. Во овој материјален свет парите навистина се слобода и ништо друго - слобода да правиш што сакаш, кога сакаш. Затоа прекрасно е да имаш пари, да правиш свои пари. Да си слободен.
Оние презависните од Фејсбук и Инстаграм треба да бидат испобанирани од таму. Тресење, врискање, паничење за глупост... Значи, гледаш дека не функционираат. Прашај некој или отвори Гугл и види дали е дефект во прашање и ајт. Фати нешто друго да правиш. А, не одма 300 сценарија во главата. На Мета секако ѝ требаат корисници. Ќе чепка и ќе поправи. Ете, вратени се. Порано како живееле без социјалните мрежи, бе? Денеска се претерува до степен да не се дише без нив. Ова е страшно, не тоа што понекогаш ги снемува на некој саат.
Мака ми е што знаев дека ќе си ги одбереш сите нив и дека ќе ме отфрлиш мене. Мака ми е што мислев дека ќе ми веруваш на зборот и дека ќе ме заштитиш, не со зборови, туку со дела. Сите глупи пресмешки беа за да ти покажам дека јас сама си ја носам маката, дека не ја товарам на туѓ грб. Не ме разбра. Ме пеплоса, веќе не е важно дали е свесно или несвесно. Сега уживај си со сите што те користат за сплеткарење зад твој грб, што те користат без око да им трепне, ќе дојде ден што ќе се чудиш што те снашло заради нив. Премногу сме возрасни за овие срања. Жалам што не ме разбра, поточно: повеќе ми е жал што не се обиде да ме разбереш. Таман да ти кажам дека твојот мозок е сè што барав во животот. Таман да ти кажам колку те љубам... Ух, пеколно е!
Запомнете ова е секогаш и засекогаш непроменливата психологијата на кукавицата и силеџијата. И делувајте соодветно. И никогаш не трпете насилство, во било каква форма, возраст, пол и да доаѓа!
Нешто веќе пишав погоре, да не се повторувам, важи не само за денес, нешто нема, многу импресии се поготово периодов, нема да собере. Да кажам дека сум импресионирана од жената, и нејзината сила и моќ со која умее го менува светот околу неа на подобро е малку. Укратко; Here's to strong women. Women who (have) support(ed) women. & Men who (have) support(ed) women. #womenrise #together