Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам... (без цитирања)

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од RainBow, 5 февруари 2019.

  1. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.502
    Допаѓања:
    5.574
    Пол:
    Женски
    Иначе да ви откријам тајна, "експериментот" оригинално е крстен "шатор експеримент". :lol:
    Поради тоа што уште од мала ми е всадена љубовта према кампувањето, за што и ден денес сум благодарна, што и ден денес ме приземјува.
    И иако понекогаш знаев да носам со мене 2-3 ранци повише(моден естетичар нели), на крај сепак се управив.

    Кај да е ќе научам кои постови се за овде кои за СДК, наместо да ги преместувам по 100пати. (fingers)
     
    На Cutiepie1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    13.142
    Пол:
    Женски
    Кога се распишав за тие плочките што ми текна. Едно време под кирија кога седев, газдата ја држеше заклучена едната соба во куќа и бев предупредена од комшивка да не прашувам ништо. И да, стварно не ме интересираше. Арно ама жената ме прашуваше често како ми е, па стално се осеќав ко да не сум сама ама не беше језиво чувството. Баш напротив. Помина време, човекот реши да ја отклучи собата и рече дека може слободно да ја користам. И почнав да спијам во таа соба. Ништо страшно, ама тука почнав да станувам љубопитна. Да ја скратам, жената се лизнала од плочки баш на денот на веридбата или свадбата(?). Е собата била заклучена може дваесет и кусур години. Појма немам што била толку посебна собата, но мислата ми е дека инает не се држи така. Сè тече, сè се менува и такви ми ти некои дешавки. А во мене богами ги има доста. И после сум била досадна. Како па да не.
     
    На senjorita-v, Stark и SummerGirl им се допаѓа ова.
  3. Curious cat

    Curious cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2023
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.474
    Браааат како можеш да кукаш на секоја страна што ќе ја отворам:worried:

    Ќе се извадеше со изговор дека недела е и досадно ти е ама секој ден да кукаш абе болест
     
    На Anyshka, Herrera, SummerGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.995
    Допаѓања:
    35.201
    Пол:
    Женски
    Немам ништо против муслиманите, ама кога почнува нивниот пост сите наши пишуваат статуси " на сите од муслиманската вероисповед ви посакуваме со лесно да ви е постот", а кога се нашите пости ги нема нигде.
    А нигде не сум прочитала муслиманите да ни посакаат лесни пости, освен што ни честитаат Велигден и Божиќ, па и ние можеме само да им честитаме Бајрам.
     
    На senjorita-v, Гладиоли, eliesaab и 3 други им се допаѓа ова.
  5. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.176
    Допаѓања:
    1.671
    Пол:
    Машки
    Нека е честит празникот Рамазан на муслиманите, иако сметам дека нема потреба од реметење на редот и мирот со агресивно и гласно пеење на оџи во 4 сабајле, во центар на главен град на христијанска држава.
     
    На Badii, Гладиоли, Gentlewoman! и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Gentlewoman!

    Gentlewoman! Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2023
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    585
    Пол:
    Женски
    upload_2024-3-13_8-49-40.jpeg
    !!!
     
    На Гладиоли му/ѝ се допаѓа ова.
  7. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.386
    Допаѓања:
    126.453
    Пол:
    Женски
    Наши сограѓани со години ги нема. Никој не ги видел и чул каде отишле.
    Полицијата ги прашува Македонците, а тие немаат поим. Семејствата на исчезнатите со месеци и години молат за информации, а Македонците немаат поим.
    И да видат и да чујат, не им е гајле. Нејќат да се мешаат. :swear:
    Ама, Македонците се и тоа како потресени за Кејт Мидлтон.
    За принцезата од суровата монархија. Од државата која може да ја срози нашата без око да ѝ трепне.
    Ја немало во јавност и пуштиле лажни слики, лелеее... Големата работа! :rofl:
    Волку да се заинтересираа за наши сограѓани, листата на МВР немаше да биде долга. И државава немаше да биде скапана.
     
    На BlackSwan22, senjorita-v, christinnn и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    8.737
    Пол:
    Женски
    Боже Петра јас сам се заљубила... Сега уште ти да ме сакаше и ќе го живеевме најубавиот период од нашите животи, вака ти уживаш а јас те премислам по цели денови и ноќи. :@:@:@
     
    На Purpleheart му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    8.737
    Пол:
    Женски
    Пиши ми, бе, ако ќутиш ништо нема да бидне.
     
    На Cutiepie1 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.995
    Допаѓања:
    35.201
    Пол:
    Женски
    Колку се заинтересирани за Кралското семејство.
     
    На eliesaab, Pa8la, senjorita-v и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    8.737
    Пол:
    Женски
    Што е добар секс?
    Добар секс е кога два дена не можеш да си го урамнотежиш дишењето и нозете ти се треаат, исто два дена. ❤❤❤
     
    На SummerGirl, bik93 и Polyincognito им се допаѓа ова.
  12. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.995
    Допаѓања:
    35.201
    Пол:
    Женски
    Никој не е должен да трпи некој затоа што му е роднина.
    Нека не гази, ама мора да го трпиме, како па да не.
     
    На Pa8la, SummerGirl, st-el и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.502
    Допаѓања:
    5.574
    Пол:
    Женски
    Имаше една српска мудречка ќе ја преведам, имено,
    ако треба постојано да кажувате и повторувате колку сте нај(прекрасни епитети) тогаш вие тоа дефинитивно не сте.

    Небитно дали пробувате да се убедувате себеси или другите.
    Само си живеете во и потпалувате самоделузија.
    А тоа никогаш не е "на арно" и добра идеја на долги стази.

    Причина и зошто сум против афирмации (во ерата на нарцисите).

    Како и светот, ќе беше навистина(ез ин не лажно) подобро место за живеење, да не речам утопија сите да се погледнеа без надувано его и делузии онакви какви навистина се, а не какви сакаат да се претставуваат.

    И навистина си го средат дворот, наместо традиционално да буткаат с*ања испод тепих.
     
    Последна измена: 18 март 2024
    На Badii, Gosh и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  14. Cutiepie1

    Cutiepie1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    1.051
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Машки
    УживамМммм...секогаш, ама кога правам добри дела, највеќе...дуРи ми иде и да заплачам и ја од среЌа. :sun:
     
    На Anie93 и Srckata28 им се допаѓа ова.
  15. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.502
    Допаѓања:
    5.574
    Пол:
    Женски
    Ама од друга страна пак, некои само тоа и го имаат.
    Односно, најкратко и јасно.
    Укратко.
    IMG_20240318_000659.jpg
     
    Последна измена: 19 март 2024
    На Cutiepie1 и Polyincognito им се допаѓа ова.
  16. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.386
    Допаѓања:
    126.453
    Пол:
    Женски
    Гледав странска емисија за сиромашно подрачје.
    Тамошното население погодено од долги години во војни и зависност од други, живее оскудно. Многумина не можат да си дозволат разновидна храна и немаат живеалишта од цврсти материјали. Само нивното заедништво ги држи во живот. Дење и ноќе макотрпно работат за мала пара.
    Децата не знаат што се уреди и интернет.
    Играат во дворовите. Играат со предмети од дома и она што го дава природата.
    Сите се среќни кога доаѓа некој дарежлив странец и им подарува нешто.
    Еден готвач во неколку епизоди прави јадења што ги дели со нив. На нивните лица бликаат солзи радосници и широки насмевки. Имаат благодарност и за мало внимание.
    Од друга страна на светот е Балканот. Исто така погоден од војни и под туѓо влијание. Исто така погоден од сиромаштија која задушува дел од народите.
    Но, со друг карактер.
    Тие кои можат да си дозволат разновидна храна и имаат цврст дом и повеќе уреди и интернет, во голем дел не се интересираат за оние кои не можат да си дозволат и ги немаат овие нешта. Оние малкумина кои сакаат да помагаат во рамките на своите можности, не можат да им се најдат на сите немоќни бидејќи и нивната ситуација не е идеална поради домашните и интернационалните кризи.
    Тие кои не можат да си дозволат разновидна храна и немаат цврст дом и повеќе уреди и интернет, се поделени во две групи. Или сè повеќе бираат погрешни средства за да ги добијат, или завршуваат на улица и со плачење ги молат имашливите и богатите да им помогнат за да ги добијат.
    И ситуацијата на погоре споменатите е тажна, и ситуацијата на Балканците е тажна. Но, на различен степен.
    Првите не забораваат што значи човечност. Вторите ја поткопуваат и фрлаат во заборав.
     
    На Badii, La-loca, Stark и 2 други им се допаѓа ова.
  17. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.502
    Допаѓања:
    5.574
    Пол:
    Женски
    Како и да е малце чист, свеж и отрезнувачки планински воздух, како и, цитирам" large dose of grow the fu*k up" :l: во оваa розе магла.



     
    Последна измена: 20 март 2024
  18. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.502
    Допаѓања:
    5.574
    Пол:
    Женски
    И со тоа, среќна пролет и интернационален ден на среќата! :sun:
    Формулата е сеуште иста (и безвременска) . :D
     
    Последна измена: 20 март 2024
    На x.Daisy.x и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.688
    Допаѓања:
    79.818
    Пол:
    Женски
    Убиен доктор и ќутат сите. Мислев ќе прочитам овде во Хроника некоја информација повеќе, штурци.
    Читав на Фејсбук коментари. Да е ужасот уште поголем, луѓе го оправдуваат сторителот (убиецот).
    Која и да е причината, се' уште ништо не се знае, сепак е убиство. Ме натера да искоментирам за сите вакви настани што зачестија последниов период. За моралниот колапс што ни се случува.
    Луѓево тотално се издемонизираа. Полудеа. Секој ден слушаме за некој нов ужас. Човекот стана чудовиште, ѕвер. Оти ништо повеќе од тоа не е некој што со сиот памет си дава за право да посегне по нечиј живот. Колку треба да е пореметен, во секоја смисла, за да стори такво нешто? Дно и тоа дно кое најодвратниот збор што постои не го опишува.
    Е затоа ќе се случуваат несреќи. Ќе има страданија меѓу луѓето и во светов, затоа што луѓето го одбираат самите злото. Како зараза се шири. Тоа е цената што се плаќа кога ќе поплукаш на моралот.
    Се прашувам што ќе не снајде сите овде со вакви креатури, кога ќе дојде, а ќе дојде, време за наплата за ужасиве.
     
    Последна измена: 22 март 2024
    На emiliana, MeowMeow, Еlinas23 и 11 други им се допаѓа ова.
  20. Badii

    Badii Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2020
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    329
    Пол:
    Машки
    Ne e nishto kako shto izgleda:)
     
    На eliesaab и SummerGirl им се допаѓа ова.