Знам дека "остарев" кога штом видам средношколци, си мислам: Види ги дечиња, баш се слатки. Е има некои што не се баш слатки, туку се лошковци. Убава возраст, млади, желни за живот и штотуку процветани. Јас мојот пубертет успешно го проживеав и мило ми е што не зацапав во тешки глупости. Правев глупости, нормално, но, среќа, излегов саглам од тој период и израснав во стабилна личност. Убави години, убави времиња. А за некој месец и се збогувам со 20тите.
Нека ти се врати се толку колку ти ми направи мене да го осетиш болот и губитокот што ми се случи ради тебе.Господ никогаш да не те погледне повеќе!
Потоа, кога светот навистина ќе го сфати ова, дека се, буквално се, што и да прави, и на другите, и на природата, на крај си прави сам на себе, тогаш ќе настапи утопија. Во меѓувреме останува секој поединечно да го разбере ова и ствара.
Таа мудречката од мудрецот за "паметна" технологија и "непаметни" луѓе. Е таа. Не дека и претходно беше/било нешто претерано восхитувачко стањето, ама ова брате, ова,...
Не за џабе е речено, со господата разбирај се на господски, со будалите на будалски. Или, на секој по заслуга. И многу битно, знај ја разликата измеѓу едните и другите, и комуникацијата со едните и другите. Огромна е, кој пробал, знае. Зошто спојлер, будалите немаат нешто преголема самосвест, и поради тоа имаат и склоност кон делузии и високо мислење за себе(без заслуга), и често поради тоа се дешава и да утрипаат дека се они господа,потоа и господата будали, и притоа да демандираат да се понашаш со нив соодветно (нивните делузии и не преголема самосвест), односно без заслуга. Кој разбра, разбра, кој не, не мора. #животнимудрости
Најискомплексирани личности се тие кои во дискусија при немање аргумент им ги препишуваат своите комплекси на другите. За жалење се луѓето околу нив. Ги трујат со негатива.
Да, нешто се случува. Нешто као "тивка епидемија", да ја наречеме Ерата на Водолијата. На луѓето им е преку глава од лажност. Не, не е само тренд. Истовремено и нешто друго паралелно се случува. Некој мудрец некогаш беше рекол, имено, "секоја акција има еднаква и спротивна реакција". Тоа не значи и дека лажноста ќе си оди без борба туку така, не, ќе подеси на "XXL најдобра розе верзија" на себе. Но не значи и дека ќе успее. Нешто као бран било викаат. Кој го фатил, го фатил. Кој не, не. Е така, и се најдобро.
Твојата вредност не се намалува покрај луѓе кои не знаат да ја ценат. Но, секогаш е подобро да бидеш опкружен со луѓе кои знаат.
Да ти е страв да напишеш мислење или да побараш совет да не те навредат. Најдобро нека се заклучат сите теми.
Непроменливата вечна вистина. Не, не сме сите љубов побогу. Што убава утопија ќе беше навистина да бевме. Не, не важи само за љубовни односи. Во ерата на нарцисите и саемот на ега, со нерасчистени лични ствари, многу битно да се запамти.
Некои работи требаше да си ги кажам многу порано. Сега го изгубив компасот, свесно се изгубив себе. Во животов требаше повеќе да си се чувам, не требаше да ми е гајле за другите. Погрешив и најлошо е што уште си ги повторувам некои грешки. Треба да си се истетовирам смотана беше, смотана си остана, гледајќи ја тетоважата може ќе престанам да си ги повторувам грешките. Многу тажно.
За некои мои проблеми да се решат потребно е чудно. И тоа не било какво, огромно. Не велам дека е невозможно, ништо не е невозможно, туку само дека е тешко и, макотрпно....
Автентичност, љубов и емпат/ија е: * (Само)свест. * Рефлекција. * Зборови поткрепени со дела. * Секогаш бара внатрешно исполнување. *Слобод(н) а *И дава слобода на другите * Знае дека секој е посебен на свој начин(доколку е автентичен), и заедно сме посилни,ги издига другите, и е кооперација. *Оригиналност. * Здравост(психо-физичка и духовна) Автентичноста е се.
Eгото/нарцисот е: * Несвест (и несвест за својата несвест). * Проекци и проекци. * Е лажно/ен, и лабиринт од лаги, делузии, самозалажувања, и манипулации (на крај највеќе на своја штета). * Празни зборови, без дела *Лажна љубов и емпатија Зошто * Егото секогаш бара надворешни исполнувањa и бескрајни површни розе занимации и задоволства( кои му стануваат зависности). * Сака да има чувство на контрола над другите ( повторно проекции, зошто нема контрола над себе), во спротивно следат тантруми, (емотивни) манипулации, поради изгубено чувство на контрола, кое го доживува како крај на светот(неговиот, лажен свет) *Јас, јас, и само јас,... *Во се гледа компетиција *И копирање (неоригиналност). * Вистинска токсичност и болест(психо-фзичка/духовна) Зошто; *Егото е отсуство на автентичност. *И инфериорно во однос на. Затоа и комплексот на инфериорност и потребата од компетиција, и "спуштање" на другите, за свое "издигање". *Односно, егото е во конфликт само со себе. Потоа и ова го проектира на другите, и така во свој зачаран круг (на несвест). Зошто егото е лажно, а на лагата и се секогаш кратки нозете. Затоа и живее во страв (свесен или несвесен), како сам свој заробеник. Потоа и секој кој му се најде на пат (доколку дозволи). Зошто речено е; Единствено Вистината (и вистинското соочување со неа) може да те ослободи. Не, не твојата вистина, делумни/површни не/сфаќања на неа, потоа и извртени како ти одговараат, за дополнителни самозалажувања, евентуално манипулации. И колку и денес во свет полн со извитоперени и извртени вредности, и воспевање нарцисоидност, его и егоисти,, односно целосниот систем е базиран на ова, додека Автентичноста е ставена на последно место почесно... Сепак Автентичноста, повторно, е се.