Мене детството ми помина на улица во играње со други деца. Каков, ли, е овој свет во кој живееме сега..
Конечно да се мрдне од мртва точка по подолг период. Малку светлина и надеж во тешкиов ден. Сега почнува нова борба. Ама имам сила планина да поместам, а желба уште поголема.
Не постои зло дело кое поминува неказнето. Кога - тогаш ќе пресуди суд, ако не суд народ, ако не народ совест, ако не совест Бог.
Многу сте досадни со платено политичко рекламирање, нели ви е срам? Па и народов што оди по митинзи, ај ок тие што се вработени партиски па мораат, а другиве? На секоја програма ве има, не можам да ве гледам и слушам како го кажете народот. СРАМ да ви е, ама вие и немате срам штом се појавувате на тв и одите од врата на врата, просите за гласови. Митинзиве се од народот, се радуваат за еден сендвич, не треба да се јаде само за време на митинзите, туку и понатаму, треба и сметки да се платат, го соголевте народот и уште ќе го соголувате, скријте се таму, не се појавувајте.
Сакам да знам како се осеќаат писателите на поеми во однос на мајката на Данка. ,,мајко ти ме продаде без око да ти трепне" Излезе сосем друго ама осудите пак почнаа , кај била ,подолго било ,како не слушнала... Убаво пишува бремена е ,може повраќала а ? Ама не не ,таа е криваааа
Кога ќе ми текне колку понаивна бев порано и така смотана сама себе си се смеам. Плачење, нервози за некои си таму "другарки" што прекинале контакт со мене без причина, па за дечковци, се си земав на срце, кој што кажал, кој што мислел. Младост, смотаност и наивност кај мене во иста реченица секогаш ќе одат. Не дека сега го достигнав финалното ниво на "idgaf", само во споредба со пред некоја година многу повеќе отворив очи и се опаметив, многу помалку работи допираат до мене. Ова ли било тоа созревање? Веројатно.
Седам, си размислувам и морав уште ова да го пишам. Како можеш да живееш сам со себе, со својата совест??? Како заспиваш навечер??? Зошто знам мислиш дека си добар човек, ама верувај не си. Имаш гревови кои ќе те следат и во смртта. Сепак морам да признам добар беше да ми го набилдаш малку егово и да ми пополниш време. Ова се мои последни мисли и зборови за тебе. Тука ја затварам книгата. 05.04.2024 end of a era. Колку поетично е ова само, па може дури и патетично . Уствари тамам си е како што треба. Совршено време и датум, а сега ајт.
Од денес ми е 29та година на планетава. Очите сешто ми гледаат. Ушите сешто ми слушаат. Луѓето ме тераат да плачам од тага и од среќа или да се смеам поради нивната лажна слика за која мислат дека е уверлива. Нека, бе. Оној горе гледа. Овде сум и терам по мое. Јас сум достапна за оние кои заслужуваат да им бидам потпора.
Сакам да си седам сама и да си ќутам, не сакам никој да ми го нарушува мирот. Самотник сум и не се објаснувам. Едноставно е: НЕ САКАМ НИКОЈ ДА МИ ДОСАЃА!
Кој го брига кога ќе ти наштети, за нив времето поминува и животот иде понатаму, а ти треба да живееш со тоа што ти наштетил