Друг пат сликај се и кога ќе одиш на токсикологија кога ќе те носат од што си претерал со алкохол, а не само да се фалиш и да се сликаш кога даваш крв.
Се ќе сфатам ама кога инсистира во одбивањето да го платиш и нејзиниот дел од сметката на прв дејт а после тоа ти го лупа од глава... Зарем требаше да и речам дека ќе ја тепам ако не ми дозволи да платам јас, толку ли и смета што ја почитувам нејзината одлука, мислев ко божем по комфорно и било она да го плати својот дел од сметката,имам пари за уште 5 такви сметки на дејт, но мислев дека емоциите поважни и се
Знаете она кога од нигде негде нешто здравствено ќе ви се случи? Пример, ненадејна операција. Е тоа е оти заслужувате реално, зашто МЕСТЕТЕ луѓе што не се криви и после со што го заслужив ова. Да, грубо ама вистинито. Ништо не ве чини кога сте добри во граници на нормалата. Сфаќам дека секој/а има маана и не сме сите цвеќе за мирисање, ама стварно се наплаќа и тука по нешто. *** Утро. Се осеќам смачкано и безволно. Од овие погоре.
Денес ми дојде да прегрнам една поранешна другарка, сега само познајничка која ја гледам секој ден, и со која споделив многу работи. Знае низ какви срања поминав, и уште знае што ме мачи, и уште ме познава кога сум тажна а кога сум среќна. Денес имав измешани чувства, само се погледнавме и ми рече - секогаш сум тука за тебе, без разлика на се. Егото не ми дозволи да и кажам колку ми недостига.
Не ги разбирам овие колегијално што одат по манастири, излетнички места, а на работа очи си копаат и се оговараат. Толку блискост со колегите не разбирам, едно е кафе со некои колешки после работа, друго е надвор од мкд со цел персонал.
Дефинитивно некогаш луѓето беа позрели од сега. Нема да давам примери што тогаш правеле на 18, на 20, на 25 години, а што прават сега, многу ќе се пронајдат во пишаното. Ама дефинитивно некогаш беа позрели. И поспособни.
Понекогаш енергијата што луѓето ја испраќаат со нивните зборови,го зборува многу повеќе она што сакаат да го кажат со стотиците реченици и милионите зборови
Се сликал со Гордана Силјановска, па се фали, големо чудо, и таа е од крв и месо, не е златна. Многу ме нервираат луѓе што велат "јас се знам со претседателот, со градоначалникот, со газдата на таа фирма", и што ако? Тие не се од крв и месо?
Сите денес станаа мудреци. Евентуално желни за мудрување. Ок, супер, инклузивност. Е сеа проблемот е само што не се сите мудри.
Исто и за оние кои прскаат пешаци кога врне обилно и има многу вода на улиците. Кога немаат памет и осет на планетава и не се казнувани, бар таму да си го добијат.
Како народ премногу се замараме за странските јавни личности, овој вака бил, оној онака, па новинарите не пишале точно, измислувале... А никој не си гледа за себе, државава ни "цвета", остана уште да се замараме за што правеле другите.