Разбирам дека жени сме , желни за разговор. Ама некако повеќе како за кавга се настроени жениве или мене ми се чини. Абе еден коментар да пишеш контра од нивното мислење очи ќе ти извадат. На фб група беше муабетов. Јас морам да мислам исто како тебе? Немам своја глава? Ако си одлучила ти да го труеш детето од една година со паштети(арега молимте) или останати срања јас не можам многу да сторам освен совет да дадам дека не треба. И пак крива сум, оти таму некоја давала и ништо не му било на детето. Епа давајте..
Убав период следи, куп блиски родендени, свадби, настани и иако се осеќам како на трка со времево, сепак полна ми е душава. Сите живи, здрави и на број што ми е најважно. Уште таа една една желба остана што боли колку е посакувана, ама Господ е голем па се надевам ќе ме израдува. Нека пушти тронка среќичка и надеж утре.
Мислиме само на себе ,и некаде по пат заборавивме дека има луѓе кои поминале полошо во животот.Кога ќе застанеме пред себе и ќе кажеме благодарам на ова што го имам и имав ,наместо да гледаме само што ни недостига?Да си признаеме себеси дека кога сме потфрлиле е нормално и да продолжиме наместо да се критикуваме и да трпиме омаловажување од другите.
Секоја борба во животот остава по некоја лузна. Секоја лузна крие во себе по некоја приказна. Приказна која започнува со: „И ова го преживеав.... “.
И што ако има предизборен молк? Се уште има платена политичка програма. Досадни. За кого сакаат за тој ќе гласаат, не вие да кажувате кој број да се заокружи. Јас за никој не гласам.
Сѐ сѐ, ама ко ќе рипаат со претпоставки за нешто што читале а недочитале, или слушнале ама недослушнале. Битно да се исплука за да ни е убаво на душичката. Whatever helps you sleep at night.
Понекогаш посакувам да сум канибал- не толку поради задоволството да јадам некого отколку поради задоволството да го повраќам.
Дека од денес ке си го гледам само мојот гас и ич не ми е гајле за никој по што од секој еден сум повредена и искористена
Извесно време размислувам за поимот „суперерогација“, кој неодамна го дознав, иако отсекогаш ми се допаѓал концептот, без да знам како се нарекува. Се однесува на дела/акции кои не се засноваат на трансакција (јас ќе ти дадам ова за ти да ми дадеш тоа, што во принцип, во антропологијата е основа на сите општества - постоењето на заедница претпоставува “симетрија“ што суперерогацијата никогаш не е), туку е давање ПОВЕЌЕ од тоа што треба да дадеш, и тоа неповратно, без однапред да биде исплатливо, и без очекување да ти биде возвратено. Суперерогацијата е надвор од економијата и надвор од етиката на доблести, зашто е чин што не следи никаква логика (acte gratuit). Таа се поврзува во доменот на секојдневието со чиновите на непресметливост (иако и ова е проблематично, зашто непресметливоста, секогаш е пресметливост на некое повисоко ниво: Донирам орган за да спасам нечиј човечки живот, НО, на тој начин чувствувам припадност кон човештвото и сум добар поради несебичниот добар чин, самиот чин ме прави добар човек - односно, постои „економија“ на чинот), а надвор од него, во доменот на легендите, е својствено за хероите и светците. (Но, ова се само анегдотски примери, главно засновано на фиктивни дотерувања. Не можеме да пресудиме дали навистина се случиле.) ** Од друга страна имам дилема... Како ќе пресудиме дали некој е „добар човек“ кој практикува чин на суперерогација, ако добриот човек НИКОГАШ не се нашол (не може, или не се обидува ни да стаса) во ситуација на моќниот или во ситуација на злоупотребата? Со други зборови лесно е да се сметаш за морално добар и даваш повеќе од што треба (но, кој го дефинира тоа?), ако не си ви во можност да си способен да злоупотребиш (некого, нешто, општо добро) или, накратко, ако не си способен да направиш зло, а можеш да го направиш, и за тоа да не трпиш никакви последици. Најкратко, САМО АКО СИ МОЌЕН да направиш зло, а не го правиш тоа, и напротив, правиш добро, а не мораш, си суперерогантен. Но, тогаш дали суперерогацијата не е еден вид на зло, веќе ако суперерогацијата е трансгресија (токму зошто е надвор од логиката и економијата) Да! Суперерогацијата секогаш подразбира трансгресија на законите на етиката, Не може нешто да е непрепресметано и да не следи „правила“ (логика, етика) а да е во доменот на постоечките закони/вообичаните навикие на заедницата. Но, тогаш секогаш секој чин може да се дефинира како суперерогација? (Зашто е чин надвор од логиката е економијата) И кој ја дефинира? Ситуацијата! Токму зашто не следи правила (етика, логика, економија) е во рацете на тој што е способен за зло, а прави добро, и тоа неповратно секогаш се суди во однос на ситуацијата, во конкретниот пример, во соодносот на тој на кого му е упатен овој чин. САМО низ конретниот чин, и свесноста на оној што дава без да мери и оној што добива без да мери постои суперерогација (можам да замислам ситуација на човек кој е во кома, му треба орган, но не е свесен за донацијата, во таа насока, свесноста е само на донорот)... Зошто да не замислиме донор на органи кој правно ги обрзува авторитетите неговиот идентитет никогаш да не биде откриен, и згора на тоа самиот тој го донира органот што нему му е потребен, но знае дека повеќе му треба на човекот чиј живот зависи од тој чин... Ако има вакви луѓе во реалноста, да знаете дека вие сте моите херои/светци. (без фиктивно дотерување).
Порано кога бездетна личност ја прашуваа зошто нема деца, одговорот ѝ беше едноставен. Или дека не може да ги има или дека не сака да ги има. И на тоа следеа куп изјави на поддршка или осуда. И остануваше на тоа. Сега дури и онаа бездетна личност која може да има и сака да има деца, почнува да се двоуми. Дури целосно да се предомислува. Светот е станат речиси целосно небезбеден за деца да растат и да се развиваат на него. И неговиот онлајн простор и неговиот реален простор се полни со опасности. А, возрасните наместо да реагираат на штетните пропаганди со кои се злоупотребуваат децата, овозможуваат нивно ширење. Совеста е заспана, а моралот е закопан под земја...
Најдобро е да не се пишува на ниту една тема, толку си сфаќаат некои како што си сакаат. Ниту да се пожалиш не смееш ниту да дадеш совет, ниту да утешиш некого.. Се погрешно сфаќаат или како им одговара. Да, сите имаме проблеми, ама секој со своите, секој проблем си има своја тежина. Од човек поголемо зло нема.