Стварно почнувам да се нервирам кога читам некои теми. Ама ајде ќе се воздржам и тука од коментар. И неповрзано, само мајка ќе те жали и ќе ти даде кураж.
Денот на трудот ми е скоро па безначаен оваа година, кога се паѓа на Велика Среда. Денес е ден на пост и мир, на потсетување на нашата грешност, сеќавање на Јудиното предавство. Нема што да се слави на овој тежок ден. Го чекаме големиот празник, празник на животот.
ARBEIT MACHT FREI, everlasting, никогаш не завршува... Среќен ден на капитализмот (и не само!) и сѐ поголемиот „раст“ на „добивката“; пари, зашто сѐ се мери преку нив, што е човек без пари? симболичката трансакција на заштитени хартии/пластични картички, не ги измисливте вие? Важно е да се купи поевтино и да се продате поскапо!; социјален капитал, да не речам врски за да ви се најдат, бидејќи животот е нати ми го - дај ми го; „слободни денови“ затоа што не си ја сакате работата ( и најдобрата уморува и здосадува, и не е доволно платена), не сте имале ни можност да избирате, од нешто мора да се живее нели?, и бидете уште полукави од другите, зашто така прават тие што се „снашле“ во „работата“ и „животот“, додека одржувате пријатели и другари со „здраво како си?“ и гиф-ови од Инста; и заедно го „славите“ „синот божји“, кој ви се наоѓа кога ви е тешко (всушност и тоа е трансакција, тој ви се „наоѓа“ за „оној“ свет, преку „молитва“, тој ве слуша кога никој од другарите не ве ислушува кога страдате сами и ви го дефинира „идентитетот“ во однос на „безбожниците“, а што е човек без идентитет? nomen est omen, дури и кога ќе се иселите од „проклетата земја од која сите паметни веќе избегале“, чувствувате потреба да припаѓате некаде и се дружите се случните иако ги мразите, подобро да мразите познати, отколку типот од Немачка со кој не може да се мерите, или нигерот); искуства, зашто животот е краток, а хедонизмот бесконечен, а што друго постои на светов? Повеќе е подобро), зграби додека можеш, зашто не знаете што може да ви се најде и уште колку време имате, да им се најде на децата што не побарале од вас да бидат родени ( А кој кога прашал да биде роден? Смешки!)...Барем можете да го соберете ѓубрето кога ќе одете во природа и убаво да го изнаснете огнот за скарата (каде ќе најдете вода? каде ќе најдете корпи за ѓубре до таму не возат ѓубреџиите?А, што не ставиле контејнери? „Ја ли сум крив?“ (sic.), иако и да ве фатат не дај Боже, и уништите 8 хектари шума, заедно со целата флора и фауна, ќе платите само 250 евра, па и не е толку страшно! Штом не одговарате како да не се случило. Hit and run! Празник е, треба да се прослави. Уживајте во „малите нешта“. А што има друго да се прави? Живот.
“Libraries aren't in the real world, after all. They're places apart, sanctuaries of pure thought. In this way I can go on living on the moon for the rest of my life.” ** Се надевам веќе си таму, во некоја вечна библиотека некаде на Месечината, на темната страна, во некој паралелен универзум на антиматерија. Нас, смртните, ни останува да замислуваме, и да живееме низ библиотеките каде се наоѓаат и твоите книги. Фала ти Пол.
Не можеме сите да си споиме 10 дена. Најмногу губам енергија на луѓе што се без емпатија и не сфаќаат дека не се сите слободни да земаат денови како нив,кога сакаат и плус да си спојат. Па коа ќе ми ја напраат таа фацата демек, леле ти за грев си оти сите празници ги работиш. Ил ко ќе ми прат распоред. Пошо одев порано само втора смена. Ау коа ќе почнеше една другарка.. Ама имаш време ма. Втора смена си, ќе си станиш сабалје у 8,ќе идеш у 9 на тренинг, туш, јадење и на работа. Ај шо ми кажа, сесре..хахах. На државно работи кутрата 5 години, нишај врата земај плата, па најде мене да ми реди живот и да ми каже што да праам. И на крај сум била мрза. Една па, ми праеше фаци дека сум била за грев, коа работев во мол, пошто ич не сум била слободна и цивилизирана и сум земала 15. 000. А, она тогаш земаше 30.000 и до ден денес ништо не сум и рекла.
Некои луѓе освен огорченост немаат ништо друго во себе. Постојано само критики,само осуди, па уште од сабајле имаат маани зошто вака,зошто онака. Па мрштења, иако за тоа што згрешив ненамерно имаше решение ама ете мора да те срамнат со земјата... Најлошо кај овие луѓе е што не можеш никако да ги избегнеш, бидејќи во истиот дом сте. Закачиле од тоа пустото турско и мислат мора постојано така да се живее.. Не сфаќаат дека се што имаме е само сега и денес, утре ни е далеку.. колку светот би бил поубаво место за живеење доколку секој би имал разбирање и почит кон секого.
Имам еден комшија кој изгледа мрази речиси сè што дише. Уличните мачки ги брка и пцуе како да му згрешиле нешто. Пушта такво гадно дерење што на секоја мачкарка од овде би ѝ дошло да му дојде и да го направи од г***о подоле. Не знам од каде таква омраза во него кон невини животинчиња, ама не му чини тоа. За среќа, син му е тотална спротивност. Ги гали и ги храни. Душичките стално трчаат по него кога ќе го видат. Добро е што крушата не паѓа секогаш под своето дрво...
Сфаќаш дека почнуваш да старееш кога наутро, место инстаграм ти прво отвараш фемина. Ај добро утро вака во 1 попладне....
Мал потсетник дека никому не сте му должни да се правдате и објаснувате зошто сте направиле одреден избор во животот. Бидејќи на крај, без разлика што и да сте избрале, вие ќе живеете со последиците, не тие што се осмелувале да ви кажуваат како требало. Тие ќе си живеат со нивните.
Боки 13 е селективна правда, а не жртва и колатерална штета како што сака да се претставува. Да не го затвореа, ќе парадираше со Рада и Заев и ќе носеше Луј Витон марами на контото на напатениот народ (во ист кош ги ставам и нив, се разбира). Ужива у разврат и егоцентричност, а станува свесен за своите пороци тек кога ќе полежи у некоја институција на системот. Откако ќе излезе, пак ќе си продолжи по старо. Како лик ѝ има нанесено повеќе штета на ЛГБТ популацијата отколку што ѝ има помогнато, иако нели никогаш немаше муда да излезе од плакар и јавно да зборува за својата сексуалност. Да ми кажеше некој пред неколку години, дека денес вмровци ќе мастурбираат на негови изјави, ќе пукнев од смеа. Никогаш не ми бил симпатичен, дури ни кога беше непопуларно да се критикува ликот и делото на дотичниот, кога изиграваше Луј Витон мајка Тереза. Го гледав на поткаст кај Лазаров, леле па тие гестикулации, фацијални експресии, у фазон сега ќе видите какви шокантни детали ќе откријам, ќе се тресе цела Македонија. Се шокирав ств, баш мислев дека Заеви, Камчеви, Мијалкови се кротки и чесни луѓенца. Многу ми е ,,attention whore", али експрес Карлеуша, а и оној Лазаров ми е ист, би пиел сопствена урина во живо за рејтинг и гледаност.
Бевме реткост, имавме такви незаборавни и неописливо добри моменти кои ќе ги памтам цел живот, за жал спомените болат и кај и да одам ги има.
Христос воскресе. Читам многу по темиве како не се почитувало Велигден, како се шетало, а Исусовото воскресение се пречекува со скари и алкохол? Така ли се слави? Ама важно дома биле, а тоа што се опијаниле не е важно. И тие што шетаат, шетаат со мажите и децата, фамилијарно. Со родители, браќа и сестри сега се гледа многу почесто, и во странство да сте има камера, ок, друго е физичко присуство, ама порано ни телефони немале, и затоа се гледале на празници, сега се гледаат/гледаме секоја недела. Вчера од сите страни ечеше музика, за најтажниот ден во годината, ама неее, вие ќе фрлате камен по другите зошто шетале? Дали постевте барем овие денови? Како се осмелувате да осудувате други? Ако сте безгрешни фрлете го првиот камен...