Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам... (без цитирања)

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од RainBow, 5 февруари 2019.

  1. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.123
    Допаѓања:
    3.225
    Пол:
    Машки
    Мислам дека изборот како луѓе, или ако сакате, како добри верници, се состои во тоа да не претпоставувате дека другиот има лоши намери кон вас, а дури и да има (зошто тоа е секогаш видливо, порано или подоцна), да му покажете дека има друг подобар начин. Со друго зло, не се побива едно зло. Луѓето кои мислат дека со враќање со иста мера или повеќе, со својот последен збор, придонеле кон своето добро, само го поништиле и своето и колективното добро, и го снижиле општото ниво на доброто, за сите, а ова потоа им се удира од глава и ним и на сите останати. Имате избор, и тоа, тука, на планетата Земја, а што има по неа и на некој „друг свет“, е чиста теорија. ХРИСТОС ВОСКРЕСНА, за верниците, кои слават.
     
    Последна измена: 5 мај 2024
    На Lisandra, Tinaaa, sonuvana и 3 други им се допаѓа ова.
  2. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    13.593
    Пол:
    Женски
    Прилично се изненадив од малкуте кои ми честитаа. Паметам лани ко да беа повеќе. Оваа година ко ради-реда да се сфаќа празников и на некој начин сами си го правиме ова. И не е само денес, секој ден е воскресението. Со памет во глава, да пазиме што правиме и како придонесуваме за другите. Сношти беше убаво.
     
    На Pa8la, marlonbrando69, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.479
    Допаѓања:
    5.313
    Пол:
    Женски
    Убав е животот кога ќе престанеш да пишуваш и звониш.
     
    На marlonbrando69, SummerGirl, Scott Weiland и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    8.803
    Пол:
    Женски
    Е љубовко, и јас и ти можевме вака да викаме Јаааашаа во Милано, ама ти ја одбра погрешната женска...



    п.с. секое утро ќе ти го пеев хитов

     
    На Oriental, SummerGirl и sino.o.oka им се допаѓа ова.
  5. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.109
    Пол:
    Женски
    Abe koj kade stigne se istura.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  6. desperate15

    desperate15 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2014
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Женски
    Претеризам е веќе ова со неработни денови кај нас, 4 дена по ред да не работи матичен лекар и институции, па уште среда пак, абе ајде више:|
     
    На GirlLove, Anyshka, Okica и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.123
    Допаѓања:
    3.225
    Пол:
    Машки
    Главен критериум за умствено „осакатен“ (иако е пресилен збор) човек, ајде, ќе се изразам еуфемистички, што има проблем со саморегулација на емоциите, поради недоволна развиеност на претфронталниот кортекс (иако прашањето на контрола на емоциите не е толку едноставно) , не секогаш по негова вина, веројатно отсуство на валидација и љубов во раното детство, (ах, таа љубов!, некои родители мислат дека ако се свирепи со своите деца, ќе го направат детето отпорно и неразгалено, зашто и светот е свиреп! т.е. мислат дека „му прават услуга“), како и од траума од опкружувањето на исти такви деца - е кога за време на недоразбирање/кавга, во сосема несоодветен контекст (време и простор) не запира, и не знае кога треба да запре, продолжува и продолжува, надвор од сите можни мерки, мислејќи дека ако биде упорен и им „се тепа на сите“ (sic.) и „удри со иста мерка и повеќе“ (подобро повеќе ,а не помалку!) нешто ќе докаже, неговиот збор ќе е последен (токму зашто не му давале збор!) а не сфаќа дека ја докажува својата не-матурираност (велеше покоен д-р Чепреганов, Бог да го прости) и уште помалку ја намалува можноста за самоконтрола („А, што ќе ми е контрола„ ќе рече, „кога може на сите да им се тепам, на целиот свет?“ Па ја ли сум „крив“ кога другите ме навредуваат?. Но, ова е трикот на не-матурацијата. Ако емоциите се навики за опстанување тогаш никогаш не се излегува од кругот, зошто изместениот feedback loop се храни од "негативни емоции“ кои понатаму секаде се гледаат, наместо да бараат соодветни решение на основа на прилагодување на емоциите). Ама, „севишниот“ е голем (да не му го споменувам името, на овој празник) и за сите има надеж , до извесен степен, сите сме луѓе на крајот, па сме биле и на неговото/нејзиното место.
     
    На INNERBEAUTY, MarigoldA, eliesaab и 5 други им се допаѓа ова.
  8. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.109
    Пол:
    Женски
    Utre brat koga ke se kacam u avtobus ima deset pati da se kucam.
    Ovie nad mene pak lupaat.
     
    Последна измена: 6 мај 2024
  9. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.684
    Допаѓања:
    16.138
    Пол:
    Машки
    Српската РТС го прекинала директното емитување на Буљашовизија ова Евровизија де, поради пристигнувањето на кинескиот претседател Си Џинпинг :clap:

    Рамонда на апарати :D
     
    На GirlLove и SummerGirl им се допаѓа ова.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.740
    Допаѓања:
    80.110
    Пол:
    Женски
    До пред некоја година гледав Евровизија, бев една од оние кои ги правдаа "педерите" со шминка и штикли, но дојде до степен да стане и за мене премногу катастрофално, без квалитет, без вредност. Некогаш се бираше песна, сега е циркуз. Кој од кој позабеган. Останаа да им бидат публика оние какви што им се и учесниците. Кога дојдоа до степен да паѓаат во несвест на некојси Baby Lasagna, пиши пропало. Мизерија. :|
    Годинава ги преслушав песните како што излегуваа ама е ужас и нема што да гледам. Понатака веројатно нема ни да слушам воопшто ништо евровизиско.
    Ќе го пишев коментаров во темана ама да не им расипувам расположение, мислат темата само за нив е. :D
     
    На christinnn, Selena01 и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  11. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    11.507
    Пол:
    Женски
    Пролетниот распуст е најголемата грешка што можеа да ја направат за дечињата. И така многу научија, во овој хаос уште тоа фалеше.
     
    На Mnik, Anyshka, Pa8la и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.043
    Допаѓања:
    14.624
    Пол:
    Женски
    Приметувам дека пола од жените на форумов мразат убави девојки/жени. Во мјв преретко е да се пофали нечиј убав изглед што е толку евидентен. А по темиве со лични слики како изгледаат истите.....:envy:
     
    На Anyshka и Pa8la им се допаѓа ова.
  13. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.479
    Допаѓања:
    5.313
    Пол:
    Женски
    На глупи и прости луѓе се им е интересно.
     
    На m346, eliesaab, Anyshka и 4 други им се допаѓа ова.
  14. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.913
    Допаѓања:
    171.761
    Пол:
    Женски
    Како заклучок на изборите, да пишам кратко. Јас сум апсолутно за гласање и менвање власт. Ама не се осеќам лошо дека овој пат немав шанса да го исполнам ова. Само не ја сфаќам поентата кога се е исто срање, различно паковање. Нема побрзо да се смени администрацијата, нема побрзо работа да завршите, нема да е поефективно. Гледам општества шо функционираат како часовник и власта е најмал релевантен фактор туку се луѓето кои сакаат функционално општество. Така да покрај давање глас, најмногу вервам во бунење, карање, протест. Кај нас сите бараме и никој не дава како да ни следва да е подобро. Ни следва да. Ама за жал исто мислат и тие кои треба да ни дат то шо не следва. И тогаш треба да си го земиме.
     
    Последна измена: 10 мај 2024
    На Annath, Anyshka, Stark и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.740
    Допаѓања:
    80.110
    Пол:
    Женски
    Никогаш нема да се разбереш со пристрасен човек кој не знае објективно да погледне и размисли. :)
     
    На Scott Weiland, SummerGirl, nextredstyle и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Ramonda

    Ramonda Активен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2024
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    403
    Пол:
    Женски
  17. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    11.507
    Пол:
    Женски
    И ние бевме деца, сме седеле на улица до доцна ама ова е нешто не знам.. Без памет човек да остане. Седиш дома и од надвор слушаш галама повеќе од тв што е пуштен.
    На Велигден ми дојдоа деца. Јас кефови, затоа што на празници ми доагаат многу малку деца, а на Велигден ова е прв пат. Кога ги видов се израдував..
    И давам јајце, пари, и си одат. За пола час маж ми спага во двор јајцата пред врата скршени, мачкани и газени. Мм вели од децата е, јас не, како да не, децата. Како може тоа дете да направи. Мм се заинати, пола час вртеше на камерата и ги најде, децата што ми дојдоа на врата тоа го сториле. Искрено се разочарав.
    Во наше време ова не сме смееле да помислиме а камоли да правиме.
    Дури и најубавите празници ги уништуваме.
    Не е до децата, до времето на родителите е! Многу внимание и зборување со деца треба, многу!
     
    На tamche995, SummerGirl, Anie93 и 13 други им се допаѓа ова.
  18. Oriental

    Oriental Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2023
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    727
    Околу Евровизијата и општо ,,педерлукот" ,,небинарните категории" и ,,трансродовоста", читајте до крај. :)

    Прво, не е нова информација дека целокупниот концепт на евросонг е заснован од геј лоби.
    За првпат на 24 мај, 1956 година откако се одржува, до ден денешен луѓето кои го финансираат и организираат ова шоу дали 40% се стрејт вклучувајќи ги жирито и организаторите.

    Во минатото општеството не беше прогресивно, но, разликата е што немаше наметнато јавно мислење, социјални мрежи, ниту експонација на агендата зад која стоеше Евровизискиот телевоутинг...

    Taка да Кончита и Немо без социјални мрежи би минале сосем лагано, (додуша првава со навистина добра композиција), додека Немо без придавката, веројатно на некое си 15-то место.

    Немо се прогласи како небинарен, што значи може да се идентификува и како жена, и како пеперутка, гном или самовила.
    Тоа секако не значи дека е победник, но, според закон е граѓанско право кое конципира личен избор и автентичност.

    Е сега, дали и колку е здраво една млада индивидуа да се идентификува како нешто различно од својот род/пол, е работа на психологијата која е гранка која се занимава со проучување на психата, па така преку овие прашања одлучува дали треба помогне или остави на индивидуата ако е среќна ако е функционална во општеството.

    Според мене секој има право да се претстави како сака дур не пречи на друг, а евровизија секогаш ќе подржи геј луѓе и служи како алатка за маркетинг, и стави во светло она што е актуелно во моментот во лгбт круговите низ светот во смисла на поддршка.

    Тоа не ништо ново и шокантно, но она што е загрижувачки се реакциите, неинформираноста, па и навредите од грото луѓе.
    На тоа треба да поработиме како колектив.
     
    Последна измена: 12 мај 2024
    На Scott Weiland му/ѝ се допаѓа ова.
  19. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.645
    Допаѓања:
    9.177
    Пол:
    Женски
    Некултура левел македонче коментира за Евровизија дека на победникот му се скршил трофеј ,да си го напика во ш*пак . Северна Македонија форевер ,битно да се тропне некој таков коментар е најбитно .
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ramonda

    Ramonda Активен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2024
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    403
    Пол:
    Женски
    Јас не ги заборавив работите што ги направи за мене,што ме подигна и врати во живот,ама ти заборави се што јас правев за тебе,една од најубавите работи која ми фали Е будењето да не се успијеш за работа (ама ти за жал забораваш) ама добро навикната сум ;)
     
    На marlonbrando69, Arjanit2021 и carangigia им се допаѓа ова.