Ако сакате и на месечината качете се, вашата некултура не се менува, и џабе шетате низ сите држави кога сте останале уште од времето на Тито.
Не знаев дека толку ме опушта звук на дожд и грмотевици секоја вечер така заспиваме со ќерка Од човек што спиеше во тишина..благодарение на неа, откривам нови работи кај себе
Тажен ме прават ситни детали од животот. Нешта кои можеби и ништо не значат, нешта кои можеби и не значат на тие што им се случуваат. Не знам, можам да создадам тажна приказна околу самата случка која многу веројатно и нема ништо од тоа да се оствари. Само да си се натажам. Имам чувство дека пикот во мојот живот го доживеав во 2019 и од тогаш само надолу. Пет години се веќе тоа, нели? Не дека без некои финеси не можам да го живеам истиот живот и сега, ама јас не сум истиот. Во првата половина на 2019 година бев на размена во друга држава. И бев делумно сам цел тој период, ама уживав. Ги правев сите нешта што секогаш сум сакал да ги правам. Не знам, се чувствував толку исполнето. Одев еднаш неделно на кино, одев на концерти често, патував во југозападна и западна Полска, студирав на супер програма, пиев убави кафиња, читав многу, слушав музика многу и не знам, имав чувство дека сум таму, присутен, таму бев. Никогаш не запознавам премногу луѓе, па ни тогаш, ама самото тоа дека сам одев во најубавиот локал во Вроцлав сам навечер, да пијам коктел и да читам, ми беше убаво. Тогаш некаде при крајот на тој период ја запознав и нејзе. Веројатно, единствената личност која ја почувствував дека е за мене. Долго време не сакав нашите разговори да престанат. Не сакав стварноста да вмеша прсти. Со тоа што јас бев таму, а и летото го поминав таму имав можност да го контролирам тоа и да ние останеме во контакт без да тоа премине во некој друг стадиум. Не знам, бев убеден дека така ќе испадне и така испадна и така испадна затоа што бев убеден дека така ќе испадне или? Сѐ уште се сеќавам на таа доцноавгустовска ноќ, некаде после твојот роденден, некаде после два или три по полноќ кога ми кажа дека да бев до тебе ќе ме прегрнеше. И не само за тоа како направи да се чувствувам, туку и кој бев јас во тие разговори, тоа никогаш нема да го заборавам. Не знам, знаев дека ти ќе бидеш пресврт на мојот живот. Знаев дека нема да биде истото кога ќе се запознаеме, ама не знаев дека толку ќе имаш влијание на мојот живот и пет години откако те запознав. Не ме разочара ти кога се запознавме, само знаев дека јас не знаев/знам да бидам. Сѐ уште те мислам, сѐ уште се сеќавам колку убаво беше. Не знам што ќе се случи доколку заборавам. Имало и после тебе некои и не можам да кажам нешто лошо за нив, ама јас не гледав никои други освен тебе.
Кога некој би да те е*е у мозок, ама па нема доволен капацитет за тоа, па си седиш така као се мислиш дали да му помогнеш у маките колку да не биде за џабе работава. #загреота
Сакам само еден ден да здивнам, ни празник, ни викенд, прегорев. Во една година многу настани, некои убави, некои не толку. Едно добиваш, друго губиш. Некогаш сакам ништо да не добиев, само за да не изгубев, ама тогаш не ми чинеше комфор зоната. Немав време ни да си ги соберам впечатоците. Ќе го потупам сега малце, морам. Знам само дека лежев со секакви сценарија во глава и не ми беше за мене, стравот во нивните очи беше поболен од секое сценарио. Тука почна сè. Месеци покасно, најубавото нешто кое ми се случило, стравот се претвори во среќа и гордост. Имаше подеми и падови, мнооогу сопки, но се трудев, го давав максимумот и вредеше, барем на тоа поле. За тебе, себично звучи да речам нè напушти, се измачи многу, а јас не бев секогаш најдобра со тебе, знаев да те ставам на последно место. Сега сте заедно, на подобро место, сигурно ти е полесно ииии никогаш нема да сте заборавени. Фалите. Во сè ова, нема да ги заборавам луѓето кои беа покрај мене, кои ми помагаа, се радуваа. Тие кои не се веќе дел од мојот живот, за некои замислував поинаков, посреќен крај, не верував дека во една година секој ќе фати по различен пат. Покрај тоа што се оддалечивме се гордеам за секој ваш успех и ви ја посакувам сета среќа на светот. Ќе фалите. За многу работи и се каам и би ги направила поинаку. Сега не сум среќна, не сум ни тажна, не сосема здрава, созреана сум, похрабра, поблагодарна, сама...
Другарчињата го спасија "мувата" битно. Два тројца мртви, мање битно.. 'import third world, become third world'
Колку е бедно кога возрасни личности, способни да работат и живеат самостојно, вршат булинг на други бетер од средношколци. За нешто што воопшто не ги засега. Ама тоа е, стареењето не значи секогаш и дека ментално созреваш.
Не моеш ти со мене. Не си видела ваков карактер и какво ѓубре можам да сум. На фабричко ќе те вратам од кај шо си дошла.
Што е со младиве генерации, бе? Ме прашаа што си помислувам кога непознати луѓе поминуваат или застануваат покрај мене. Дали некој ми личи на доктор, адвокат или нечесен човек и каде оди. Се зачудија кога им реков дека не помислувам ништо. Не сакам да вадам претпоставки за некој за кој не знам ништо. Им реков дека е невкусно. Па, се правдаа дека не е лошо оти не е судење. Не е, ама сепак не чини. Оној кој си врти сценарио во главата за непознати треба да го смени драфтот на сопственото.
Човек да не смее ниту да се пожали, ниту да си каже свое мислење, веднаш скокаат "паметните" во одбрана. Ама кога нивните миленичиња ќе пишат навредливо мислење кон некоја членка, не им скокаат, не смеат. Значи само дрзок треба да си.
ПМС ми почнува секогаш кога ми се јаде многу она што во нормални денови никогаш не го ставам во уста Мајонез, мајонез бе, од сите можни работи мене ми се јаде баш ова.За да не се чувствувам виновно во ваквите денови за глупостите што ги јадам, пијам смути, демек ај да замаскирам малку Беттер мало дете, ама стварно не знам што ми се случува во вакви денови, и психички и физички се пореметувам
Како има луѓе што не мислат ништо? Како можат да не мислат? Толку сакам да ги запрам мислите некогаш. Да не ме носат насекаде. Да одморам. Да не си правам сценарија.
Знаеш дека не си нормален кога ти доага да заплачеш на видеа што ти излегуваат со ора од матуранти Имам уште 8 дена додека станам нормална
Да знаете само колку некој има надеж во вас.... Ех, во двајцата имав надеж дека ќе биде.... Никој не ме сфати.