Стварно не е фер што сум опкружена со олку претежно затуцан, конформистички и патетичен народ додека љубовта ми е на другиот крај од континентов, плус дузина драги пријатели и истомисленици ми се раштркани по планетава. Камо да можеше слободно да се групираме и лоцираме низ светот каде што нѐ носи душата, а не да треба со куп пари и процедури да излеземе од вештачките граници во кои сме се нашле без наша волја...
И ден денес ме радува неделното бањање па мирисот на лосион за тело, нова постелнина и нови пижамии спокојно ќе се спие
Кога се обидувам да јадам здраво како пред ПМС, брокула и компир обарена салата, за замена наместо вода, зачинета со газиран сок газоза Газиран сок еднаш во годината дали чаша ќе се напијам ама во ПМС тешки глупости јадам, не знам што ми се случува во вакви денови, човек да полуди
"Патриотите" што плукаат по оние кои го сменија името, во моментов се во Грција. (ептен празнично). Патриотизам до крај.
Ја конграџулејднувале бе https://www.instagram.com/founder_games/reel/C7YvEX2MN2S/ Охх господе боже до каде ќе одат со дебилизмов глумејќи енглези во Македонијава. @GirlLove знам дека не ги мирисаш и ти овие ваквите пациенти, пак еве да те поздравам со една таква
Светот нема да стане подобро место за живеење ако не престанеме да мислиме само на себе, покрај толку многу неправди треба да превземеме нешто што може да се промени ,а да не обвинуваме систем, политика,држави само .Да си признаеме себеси дека можеме повеќе да направиме и да ја активираме свеста за другите луѓе околу нас.
Глумење жртва и повредено его, а ти си главната причина за нечии повредени чувства. Јаки4ко. Провидност на максимум тоа ти е, си го покажуваш на дело само слабиот одвратен никаков карактер. Грев4е.
Некогаш ми нема посмешно од жалопојки на лицемери. Први ти нанесуваат болка, а кукаат кога им враќаш дури и твојот начин да е далеку поблаг.
Не знам што да правам со себе од досада во слободниов врнежлив вторник... Животецов си го квичам како скината гајда.
Дебатата, во јавност, на форумов се сведува на „Дали андроидите сонуваат за електрични овци?“ (Иако ја богохулам сега книгата на Филип Дик). Сакам да кажам, дека до детали се оди во невозможни дилеми, со мала практична вредност, каде функционира пинг-понг стратегија на лечење на „ранетата“ суета. Советите упатени до жени, во глобала се : „Ја да сум на твое место одма си заминувам“, до маж се: „Ја да сум на место на жена ти, одма те напуштам. Ич не се мислам!“ Цела среќа што надвор од јавнава дебата на форумов, има многу посуптилна комуникација приватно, каде животот е многу понијансиран. Ако некому навистина сакате да му помогнете во дилемите пишете му порака и имајте трпение, и отворен ум , за да му дадете добронамерен совет или да го утешите, со тоа што ќе му посветите квалитетно време и дел од вашето искуство. Не за џабе се рекло: „Лесно е да судиш, тешко е да разбереш“. Форумов и секој друг јавен простор на комуникација, не е за да го калите гневот, да ги лечите комплексите, со проекции во однос на непознати луѓе. И тие се луѓе со свои животи, како и вие, и треба да се справат со илјада детали, реални предизвици, и конкретни дилеми.
Втор ден слободна, станот два пати исчистен, наспана, најадена, збудалена. До први јули ќе бидам како Босанец во Канада.