На крај и мажите ќе излезат криви што се физички поспремни од жените(?). Женско колку и да е физички спремно никогаш нема да биде на исто рамниште кога станува збор за машка сила. Знам да правам некои машки работи, па пак можам да си признаам пред себе дека не сум способна до крај да ги завршам ако немам помош од машко. Ама се кладам дека повеќето жени не се плеткале во машки работи за да ја осознаат тежината (вистински). Никој не оспорува делење на обврски по дома (секој нормален и свесен човек знае дека се делат), само тро повеќе тука се омаловажува. Ќе нафрлам само зборови (зашто другото е излишно): либела, компресор, апарат за швајсување. Маж и ова ќе го заврши и дома обврски ќе истера, за жена не сум толку сигурна. Освен во ситуација да се инаети, па да заврши. Со инает еден, два, десет дена ќе се докажува и на триесеттиот сама ќе се откаже. Стварно некогаш не сфаќам дали во контекст на темата се извитоперуваат мислењата, се заземаат двојни стандарди. Самопризнавањето дека за некои работи не нè бидува повеќе ослободува отколку што "стега". А и не боли воошто.
Мила ми мајко, Јас сум прв твој син и мој долг е да бидам околу тебе, за да не чувствуваш потреба од ништо. За твојата беспределна љубов, за илјадите невољи и сраданија, за безбројните бессони и машителни ноќи, поминати некогаш над леглото над твојот мал, слабичок син, јас должам најголеми грижи и неизмерна синовска љубов. Но, можам ли, кога ги чувствуам болките на нашата измачена Татковина, да не се оддадам со љубов на најверен син на нејзиното свето дело? Маките на татковината се повеќе од сите страданија на секоја наша мајка. И пак, јас без ни најмалку да те повредам, се чувствувам повеќе син на втората моја мајка - Македонија, отколку на тебе, која си ме родила. Те молам во името пак на моите свети чувства кон тебе, да не жалиш, ни да плачеш за мене. Најдоволен ќе се чувствувам, ако ти со своето држење бидеш за пример на другите мајки и сопруги. - Х.У
Цитатите за оптимизмот лажат. Песимистот гледа и во мракот оти е навикнат на него и знае каде се пречките. Оптимистот, заслепен од позитивност, ќе се сопне уште на првата пречка дур го чекори.
Фасцинатно, целиот „хумор“ на форумов, „Смешни слики“ и слични рубрики, е заснован на мизандрија, мизогинија, споредба на луѓе преку физиолошки потреби, припадници кон други животински видови, предрасуди кон раси (кои не постојат), луѓе со „понизок“ стандард, IQ (што е бесмислена човечка конструкција), приходи, луѓе со инвалидитет, со различна сексуална ориентација (секогаш се проблематизира нивната валидност), иако најмногу преовладува омраза кон мажи (ако се жени) и жени (ако се мажи)...И потоа, каква иронија, сите сакаме повеќе љубов, разбирање, валидација, помалку стрес, помалку гнев, повеќе позитивни чувства, а помалку негативни.. Како божем, ако не мразиш ќе излезеш претерано наивен, како тој „хумор“ да е основна вредност на социјализацијата, нешто што се подразбира и е општоприфатен. И потоа некако „магично“, некој од најгневните ќе се вљубат, ги снемува за извесно време, а потоа, кога ќе се вратат, читаш: „Бев изгубен/а, ти ми ја врати смислата, многу те сакам.“... Љубовта е одговор, па кој што сака нека каже, светот од zoomеd-out станува zoomed-in, многу поблагороден и многу покоплексен... Само треба да си доволно храбар за да разбереш и да сакаш. Не, не ни треба само љубов, како во песната на The Beatles, потребни се многу нешта за да функционира, но и тоа ни треба. Останете вљубени (во што и да е).
Цел стан е слободен, и празен. Само јас. Така ќе биди во идните два три дена. Меѓу два ума сум, да го викнам, и да му речам да донеси флаша вино, или сама да се пијам ко стока..... Јас би го викнала, да знам на шо сум со него. Ама пошо не знам, не би да се брукам уште, доста беше. А дека ме мрзи да излегувам и да купам вино, ќе блеам ко утка. Ем сама, ем трезна. Ај наздравје
Џабе се лупаш в гради дека си феминистка ако плукаш по други жени кои направиле избор кој ти не би го направила ама не влијае на никој друг освен на нив самите, кои се наоѓаат во одредена ситуација поради различни околности, или кога навистина и требало помош и поддршка на некоја жена си се правела на три ипол.
Многу значи за душата кога поминуваш време со луѓе кои те третираат како еднаква со нив. Покрај такви гласот слободно ти се пушта и осеќаш спокој. После години третман од други како да си безвредно г*м*о, повторно се загрева надежта дека некој ќе ти го препознае и цени твојот квалитет како личност.
Сакам да кажам дека живеам за да читам како поминал денот на другарките. Ако сум зафатена како роман на крај на ден ги читам, а реагирам како cheerleader. Вака беше то ко ќе најдиш soulmate?
Некои од работите кои ми се трагикомични на форумов и не треба да се дозволени по правило, но поради некоја си причина сепак се дозволуваат се: говор на омраза, бришење на мислења без давање некакво образложение па ти чуди се што се случило кога ќе се навратиш на темата, и никнувањето на дупли профили кои од авион се гледаат дека не се од нови членови.