За најсилната емоција од сите, за најголемата движечка сила во универзумот, љубовта. Да ја носиме секогаш со и на нас, јер преубаво ни прилега.
Се правиме дека сме со отворени умови, а во 21 век уште постојат и такви кои ако го слушаш Шабан, Цеца и Аца Лукас те прават дека си прост и сељак на најјако
По улици оди со порака дека и фетусот во утроба имал права, додека парадира ПРОТИВ ПРАВАТА на геј популацијата. Логика. Значи фетусот со големина на кикирика има права, а полнолетен човек кој е зрел, образован, вработен, не смее да има повеќе права само зошто е заљубен во личност од ист пол. А сегашниот фетус кога ќе стане зрел ако рече дека е геј? Ќе има права или? Уф, премногу неодговорени прашања.
Ајде, цел ден у парадата им замина. Они државата ја средија, све е цакум-пакум уште ќе се забављаат и ќе пробуваат да нѐ занимаваат.
Да беа луѓето светци и добронамерни ко што глумат по социјалните мрежи и форумите, подобар светот ќе беше.
Сексот е интимен чин, крајно дебилно, безобразно и непромислено е да се прави тоа на места каде има луѓе и гледаат. Не сте животни мајку му, ако сте се напалиле не мора одма да скокате еден врз друг. Ако сакате некаде надвор, терајте, ама кај што ќе имате приватност. Свашта.
Никогаш не си поигрувајте со туѓите чувства, дури и да ја мразите личноста од дното на душата. Постојат луѓе кои го виделе најдоброто во мене, за подоцна да ме предадат и да ја изневерат мојата доверба во моментите кога ми беше најтешко. За среќа постојат и такви кои го видоа најлошото во мене, но сепак останаа покрај мене и беа моја поддршка дури и во најтешките моменти.
Имам една личност во мојот живот што многу ме нервира. Се си прави по свое а не се запрашала дали тоа мене ќе ми се допадне. Ако и противречиш веднаш збеснува и не знае да се контролира. Боже дај оттргни ми ја од животот.
СДК... Нема правило што е правилно. Има детерминиран механизам за свесно расудување. Човештво и човечност!
Случајно дур гнетеш сладолед пред пц читајќи фемина ќе отвориш тема „килограмите и бременоста“ и ќе прочиташ дека трудници, дури и у 9ти месец имаат помалку кг од ти сега, у нормална фаза на јадење и живеење. Па те фаќа паника, едно препотување и срам дека тежиш појше од 80% од трудниците. Немој фемина да ми правиш вакви стресови посабајле.
Кога ке поминеш многу препреки во животот,све што доаѓа некако ти е гола вода,затоа што поинаков пристап имаш кон нештата.
Колку им даваат смисла на животот кога ќе видам некои мали дечиња кои ме загледнуваат и во исти момент ни се пресретнуваат погледите и кога ќе ја видам таа слатка и безгрижна насмевка на која не можеш да одолееш и тогаш сфаќам за што живееме.Моментално ми го разубави денот едно плаво мало шеќерче со најмилата насмевка.
Во сомнежите барав лек против внатрешниот страв. Лекот против внатрешниот страв всушност бил во нејзините зборови.
Во ПМС ги правам најголемите глупости за кои подоцна се каам. Прво и најважно мм ме трпи на секој можен начин, за ситница можам да избувнам, да ревнам зашто е тоа така а не онака, да му се развикам па и уште да се налутам. Поголем дебил од мене нема, не можам ни сама да се поднесам. Ама ај за некој ден ќе помине . Втора работа што ме нервира во ваков период како бе можам да правам такви непромислени работи, ќе исклучам и интернет и све по список, нарачувам се што ми се бендиса и не размислувам втор пат, тиква зелена, а да не сум во тие денови 100 пати се размислам дали да го порачам, ама затоа во секој ваков период порачувам,купувам фустани, маици, панталони без потреба се што бендисам . А не сум таква личност, секогаш и за најмала ситница пет пати размислам а во овие денови растур правам после се нервирам што пари сум трошела на работи кои ги имам повеќе од доволно
У државава една вена на рака не знаат да ти погодат ко шо треба, недај боже операција да треба да правиш. Кој ќе си шета сега со цела модра рака, абе кој...
Не верував дека има толку лицемерни луѓе. Ќе му се довериш на некого за подоцна истиот тој низ темите да кажува дека знае оти не ти е лесно во животот. Иако тоа не е тема на дискусија. Од каде ти знаеш како му е на некого во животот и да немаш друга попаметна работа и да јадеш трици за тоа јавно на форумот? Ќе ти зборува некој таков за емпатија и за тоа каква личност си. Очигледно некој не знае што значи емпатија или има двојни стандарди и по тоа прашање. И не ме бришете нека прочита дотичната може ќе се освести .
Напорни се плачковциве на форумов. Абе се на нив им се дешава нешто не фер се нив не ги сакаат се нив им прават неправда ,животот не е розов .
Гледав на јутуб како се спасуваат кучиња од улица низ цела Америка. Пријавува граѓанин дека видел куче бездомник, па вработените по групи се делат и одат на акција. Некогаш и мачки, пајки и зајаци собираат. Прво ги носат на ветеринар, ги бањаат, ги вакцинираат, ги лечат ако се повредени и на крај ги носат во домови за посвојување. Не да се во кафез затворени, туку буквално по домови. Вработените таму се грижат за нив како за мали деца. Ги шетаат, си играат со нив, им пружаат огромна љубов се додека не дојде некој човек да ги посвои. Во Р. С. М. на секој чекор има улични животни па треба или да бегаш да не те изедат или да го удираш за да ја покажеш машкоста. Толку е сиромашна државата што нема пари да се отвори ниту едно прифатилиште во цела земја за да се прибираат напуштени животни, да се хранат, да се лекуваат. Ем нови луѓе ќе се вработат, ем нема кучиња по улица. Ама во сиромаштијава ни луѓе немаат нормални услови, а не па животни. Тешко на сите (и луѓе и животни и растенија и риби) што се родиле во земјава. Кој знае колку треба да си бил грешен во претходниот живот за да се родиш тука. Мизерија. Не можеш да бираш кај ќе се родиш, ама затоа па можеш да бираш кај ќе живееш.
Прочитав некаде некоја мисла која вели вака - Не е твоја вина ако се родиш сиромашен, ама твоја вина е доколку умреш сиромашен.... А иронијата е што се повеќе луѓе умираат сиромашни, буквално во сите сфери од животецов...