Кога „мудрите“ постари конформисти и слуги на капитализмот им попуваат на миленијалците и gen Z дека иМа рАбоТа за тИе шТо сАкаАт да рАбОтАт, забораваат да додадат неколку фусноти. На пример, дека таа желба да работиш подразбира да си океј со работни места за минимална плата што не може да покријат ни кирија плус сметки потребни да се осамостоиш од задушувачкиот родителски дом длабоко во 20тите, башка без осигурување. Или да си спремна целосно да се збогуваш со концептот на слободно време и живот надвор од работата. Или да прифатиш постојано ротирање смени што неповратно ќе ти го заебе биоритамот, а со тоа и здравјето. Или...
Љубовта е многу помалку вечера со свеќи, а многу повеќе кој ќе ги измие чиниите по вечерата. (Ова го реков во некаков неврзан муабет, и спомнав дека ќе го кажам на Фемина. Нека стои тука. Се разбира, кој сака нека го користи, во public domain e )
Сте се прашале ли колку пати сте се разминале на семафор со некоја од вашите сродни души? Сте размениле ли поглед? Можеби дури и насмевка? Можеби дури и долго сте се гледале в очи, чекајќи да светне зелено. Можеби и сте му/ѝ го почувствувале парфемот, разминувајќи се. Сте се запрашале ли, стоејќи на црвено, дали некој од спротивната страна, одејќи во спротивната насока, е всушност личност со која можете да го пиете утринското кафе во мир, мамурни после бурната ноќ? Некој, со кого можете да готвите заедно во кујна, слушајќи музика и кикотејќи се? Некој кој ќе ти ја бакне новата лузна над левата веѓа и ќе ти рече - не мора да ти помине, те сакам ваков/а! И, ти ќе знаеш дека вистина тоа го мисли. Интересно е... оти сигурно, сигурно се случило да се разминеш со еден од тие луѓе. Најверојатно, дури и со повеќе од еден... Потенцијални сродни души. Ама, не знаеш! Не знае ни другиот. И така, забележувајќи го (или не), се разминувате и можеби никогаш повеќе не се ни сретнувате. А, можеби и се сретнувате... доколку ве носи патот често во иста насока и исто време. Тогаш можеби дури и се навикнувате на тоа да си ја гледате неостварената сродна душа преку улица, без никогаш да помислите да и пристапите. Не ја ни забележувате. И, си одите повторно сами дома, јадете повторно сами вечера, и повторно си легнувате сами в постела. А, личноста ви била на дофат на рака! Можеби дури и ви се допреле ракавите од јакните на разминување... (Од архив, рана пролет, 2024)
Nek ti je srecno, al' ipak znaj da ne gradi se sreca na suzama ja prokleti te necu ni psovati bez brige budi mi, nisam ja ti Nek ti je srecno, ali da znas od Boga imas samo ono sto das a dao si mi tugu, za zbogom mi bar pruzi ruku idi i nestani
Понекогаш се чувствувам како некаде нешто да грешам. Како суштински, длабоко, нешто да не чини. И, како делумно да знам а делумно да не знам што е тоа. Некој дел како да останува недоразјаснет. И, се плашам, дека тој дел е ДЕЛ од мене... дека тоа сум јас. Што би значело дека е непоправлив. Дека сум залгавена со него засекогаш. Се плашам, дека немам друг избор, туку дека со сигурност ќе станам ТАКВА... Тажна. Несреќна. Неисполнета. Празна. Безнадежна. Изгубена. Бесцелна. Безволна. Со бесмислено постоење. Се плашам, дека со сигурност одам натаму, дека тој дел зрее во мене. А истовремено некаде во главата знам дека не може да е така. Дека секогаш имаш избор. Дека многу нешта зависат од тебе. И, тоа претставува надеж и истовремено ме обвинува... ме обвинува што сум сега – ваква. Што не ми успева да сум поинкава. Што значи тоа? Не се трудам ли доволно? Или сепак е производ на реалните околности? Која е границата меѓу реалните можности (и пречки), и моќта на човековиот труд? (Од архив, пролет, 2023)
Овие клошариве од ЈСП, КЛОШАРИ. Шо нема автобус, а во нив ни клима (ме заболе ако е расипана, пријави да поправат) први се да плачат за плати. Загреота Ќе касни некој на работа или испит ради тоа шо не знаат да се координираат. Не знам дали некад мрднале од државава да видат како требс да личи јавен превоз. Иначе сум набутана у врата дур куцсм
Мажот ја тепал и ја давел жената, ама свекрвата го пратила свекорот да ја викнел снаата за да ја воспитала. Само едно прашање: зошто имаме социјални служби и полиција? Сопругот ја тепал со тупаници и ја давел, а таа зела нож- детали за двојното убиството во Кратово – Фокус (fokus.mk) Ова не е убиство со умисла, ова е чиста самоодбрана! Жената пријавувала, кажувала дека дома си има маки, за жал никој не ја слушал кога молела за помош. Не само што службите не ја заштитиле жртвата, туку со нивната незаинтересираност допринеле да дојде до хаосов.
Пред некој ден прочитав дека мрзливите луѓе се само несреќни, депресивни, тажни, и своето време најчесто го поминуваат спиејќи, бидејќи немаат волја за ништо друго. И ова потврдувам дека е 100% точно. Имам дома една таква што да а оставиш нон стоп би спиела. И точно е дека е несреќна и точно е дека е неисполнета, па затоа ги мачи и другите околу неа. Постојано совети иако никој не побарал, постојано таа се знае а другите трева пасат, постојано фалби како таа личност на времето била највредната и не знаела што значи мрза. Не ми кажувај каква си била, те гледам сега каква си. Само себеси се залажува. И постојано ѕирка во туѓиот двор а исполнета личност тоа не би го правела. Не знам како не се измори само, мене веќе ми е здосадено и преку глава, ама нема што да се прави... Лет во еден правец се би решил, ама невозможно е за жал..
Чувство на слатка горчина. Јадев јаболко Петровка од село што ми донесоа и се вратив 20 години наназад кога дедо ми ми го даваше. Добри времиња. Многу луѓе околу дрвото, среќа и смеа. Убави мириси. Денес само дрвото со плодовите стои како потсетник. Боли!
The more things change, the more they stay the same. Два типа на луѓе, само два. Одувек и заувек. Or personal boundaries, or personal identity.
..во ситуации кога тоа е и повеќе од потребно и ТРЕБА да се бори првенствено самиот да не му го ускратуваат тоа право, а после и на другите. Заземајќи се за себе, се заземате и за другите. И обратно. Заземајќи се за другите, се заземате за себе. Бидете нечиј пример, да не некој што не е *ваш* е приморан да трпи. Генерално, мразам сешто што нема рамнотежа меѓу некои непишани правила. Или па, принцип е во прашање. А принцип нема во секој еден од нас. *** Исто, многу во последно сум сведок каде деца се охрабруваат да вратат, да се силат, па следи абе мајкин можеш ти тоа. Шлајм правите од цела идна генерација, али затоа па и сте со немаш, не знаеш како е. Многу често сум off од секојдневни *вриштења* и во докажување на глупости, али кога ќе дојде тоа битното..е таму..сето е испосрано. Ова најгоре е тесно поврезано и со делот подолу. Во исчекување дека нешто, некогаш, барем малку, барем за миг ќе се смени. Најважното пред спиење е колку денес сте биле човек, ама апла човек (не гнаса). Дејствувајте од принципи, а не од забегани фетиши. Пак ќе се допишам, во следна прилика.