Во животот подобро поминуваат оние што не размислуваат многу и не се замараат отколку ние што анализираме сенешто и размислуваме премногу.
Каде одат сите оние верзии од нас што се создале како производ на интеракцијата со другите луѓе? Дали ги шетаме насекаде, поврзани за нас како невидлви куп балони полни хелиум? Како наши апстрактно-лебдечки делови, кои во моментот можеби и не наликуваат премногу на нас? Каде оди сѐ она кое што сме биле некогаш, а ни се чини дека повеќе не сме?
Луѓево веќе не знаат кај трошат пари, раскоши како да имаат милиони. Свадби, родендени, за убаво, за тажно. За телефони, за облека. Посреќни ли се така?
23.06 се лепам со влажни марамици да се оладам. Скопје а? Промаја курац преку лето. Мисловна именка. Тек сега малце ,,заладува”
Само книгите ме одржуваат во живот. Само кога читам, можам да, не да заборавам кој сум сега, туку да го видам човекот кој бев. И да е илузија, да тој човек не постои, барем можам да забележам дека постоел. Можам да се сретнам со тој човек само во книгите. Жал ми е што никогаш, никогаш, ниту еднаш, тоа што и колку и да читам, никогаш тоа не ми помогнало во стварниот живот. Како да мислите што ги имам во себе да не можат да бидат изречени. Ме прави тоа тажен, дека никогаш нема да можам да ги изедначам своите мисли со интеракција со другите. Сум имал проблесоци, но, тие прават само да почувствувам колку не умеам инаку, со други луѓе. Си го мразам гласот. Сакам да не морам повеќе да кажам ниеден збор. Ако некогаш решам да престанам да читам, да престанам да постојам, знам која песна би ја споделил. Не е ниту песната која најмногу ја сакам, ниту која најмногу ми значи. Ниту изведувачот не ми значи до толку многу. Имам причина, која можеби не би сакал да ја споделам ни тука. Ќе можам ли да излезам од ова? Дали е ова живот? Возрасен сум. Чувствувам дека многу заостанувам во однос на многумина кои се на слични години. Не мислам исклучиво на некои општествени норми кога мислам дека заостанувам. Но, како да не можам да излезам од некој далечен период.
Има ли некој кој и да добие нешто што највеќе сакал ќе биде среќен?! Или секогаш ќе сакаме плус? Има ли некој кој е среќен со она малце или потребно е повеќе? Каков ли ќе е животот да бидеме среќни со имање здравје и просек за живеење обичен живот?
Се зачитав во темата "како се запознавте со вашата љубов" и за сите посериозни дечковци (2) сум пишала мислење. Ама толку наивно и слатко, топлина осетив дур читав.
Роденден ми е а се осеќам како напуштено куче негде оставено по пат. Си го знам патот до дома, ама дали еден дом каде не сум безбедна навистина е мојот дом? Посакувам да имав храброст да избегам од се и се прашувам како ќе се осетевте сите да направев такво нешто? како ќе се осеќав јас??? Очигледно немам м*да, иначе одамна ќе ме немаше… Да дојде некој и да ме спаси веќе сфатив дека нема, а полека сфаќам дека и самата немам ни сила ни воља да се спасувам. Се оди на полошо и полошо и веќе и надежта ми стишува. Што ќе биде на крајот на оваа моја приказна само Бог знае, ама уште колку долго ќе издржам да ја зачувам надежта за подобро утре не знам … Знам само дека сум при крај.
Убаво топло време не е за работа туку плажа,море,сонце и коктелче. Или борова шума и ладовина.уште 75 дена одмор.До тогаш рбајтен.
Драг ми е kindness пристапот. Го разбирам како обид да си што пољубезен, полн со разбирање, прифаќање и почит кон останатите, но и кон себе. Да понудиш помош кога гледаш дека твојата помош некому би значела. Кон луѓето да приоѓаш со добра намера и мисла, наместо со скептичност, предрасуди, спремен прв да измамиш пред да те измамат. Се трудам да го практикувам. Доследно. Континуирано. Со години. Но, се прашувам себе колку сум во ова успешна. Забележувам дека е многу тешко да се ослободиш целосно од предрасудите кои ги имаш, иако свесно можеш совршено да си објаснеш зошто не држат вода (предуслов е да си доволно внимателен да воочиш дека ги имаш, и искрен да си признаеш). Забележувам дека, во ситуации кога навистина станува збор за избор помеѓу тебе и некој друг, многу поверојатно е да се избереш себе. Некогаш дури и инстинктивно, без премногу да размислуваш. Забележувам дека понекогаш си правам претстави во главата за личности врз основа на мало купче информации, не земајќи предвид низ што се таа личност поминала. И ако навремено не се сопреш, лесно ќе стасаш до степен на убеденост во измислените „факти“. Забележувам дека и покрај трудот, скоро инстинктивно им „судам“ на некои луѓе. И, тоа не ми се допаѓа. Рационално можам да си објаснам од каде тој нагон - минато искуство. Можам да сфатам дека има своја функција – себезаштита. Но не можам, а да не сум фрустрирна од фактот што не успевам да живеам во целост слободоумно, во тој поглед. Што колку и да се спротивставувам, некогаш ќе повлечам црта пред да дадам шанса. Се прашувам всушност, дали е kindness пристапот без исклучок човечки возможен, одржлив, безбеден. Да не зборувам за тоа што наоколу има доста почести примери за обратното однесување од ова (за кои исто така треба да имаш разбирање и доза на почит), па следствено е тешко од некого и да се научиш. Според претходно кажаното, може да се рече дека сум го занемарила делот „љубезност кон себе“. И можеби е тоа вистина. Но, тоа не е поентата на муабетот. Како (може ли/треба ли) човек да е без задршка слободоумен, полн прифаќање, почит и подготвен на помош, без оглед на профилот кој стои спроти него? Како да бидеш пример за добрина и истовремено да преживееш?
Причина зошто нарцисите (попатолошкиот спектар поготово) никогаш навистина не се менуваат (повторно, највеќе на своја штета). Се останато е само плус дел од патологијата и лавиринтот на лаги и манипулации, кои можат, а најчесто и траат цел живот. Што значи сосема е ок, штовише и нужно и здраворазумно за сопствена заштита и добробит, да се нема емпатија и разбирање за нарцисите, поготово малигните, кои активно и свесно причинуваат штета на други, и да се зачуваат за оние кои навистина ја заслужуваат. Зошто на крај секако само ќе биде искористена против и на штета на емпатите, за што е едино и е намената во мозокот на нарцисите (поготово повторно, попатолошкиот, малиген спектар). На крај, се сведува на избор. Да избор, нарцисите се едноставно слаби луѓе и карактери, и кукавици по свој избор.
Некој без проблем заспива и при големо невреме, а друг ич не може оти звукот на грмежот го враќа назад во тежок период кога времето надвор било исто. И станува од креветот и зема нешто да касне или апче за смирување. Невремето е страшно, но ќе помине. Ај, оди избриши ги гадните спомени од главата за да ти помине болката. Е, тоа не го можеш...