Спојлер: . Психологијата на злоставувачот. Насилство, злоставување, силеџиство и нарциси/зам одат заедно. Психичкото насилство поготово е клучен(aкo не и единствен) дел од односот со нарцисот. Не може да се зборува за насилство од било каква форма без земање во предвид на ова. Значи дефинитивно емпатијата да се зачува за оние кои ја заслужуват. И по можност да се престане со енајблирање и величење на нарцисизмот.
Многу сум им благодарна на сите луѓе од кои добив поддршка во еден од најтешките периоди во животот досега. Без нив не знам каде ќе бев сега. Уште сум скршена, и ќе ми треба уште долго да се опоравам, но не можам да објаснам доволно колку е подруго кога имаш support system околу тебе. Не дава искрата на надеж во тебе да згасни целосно..
Веќе неколку дена сакам да мислам дека е само лош сон, да се разбудиме сите од трагедијава. Живот во цутот на младоста згасна. Како викаат старите никогаш не знаеме до кога ни е судено да сме на овој свет, но нека ни е судено на 75,80 Денес си тука, утре не, затоа живејте го секој ден со полн здив, бидете среќни, не правете и не мислете лошо
Гланц нови улици/тротоари сега градени после најмал дожд се претвараат во реки и вирови, а водата нигде не истекува. Чаршијана правена пред 100 векови кога немало архитекти подобро изгледа после дожд.
И 100 пати да те запознаам одново,секогаш ќе се заљубувам во тебе,без да ме интересира дали имам подобар избор м
Дракче нема гости, па си го поканила внучето. Сака да копира од другите, ама некако не и оди. Најглупа емисија до сега.
Ако пишувате нешто овде, не морате одма и во ЖДМ, плус со име. Ја спијам и овде и на Фб и памтам глупости.
Si kupiv karta,edvaj cekam da si odam,imav mnogu ubava pricina za da si dojdam,ama vekje nemam pricina da ostanam. Lesno bilo da se pomirish so nekoi raboti. Mislam deka gospod namerno ni gi pravi nekoi situacii,za da moze da ni gi otvori ocite среќна сум денес,и тоа многу.
In my life, why do i give valuable time to people who don't care if i live or die? Ова е дилемата на мојот живот. Дали е затоа што сум осамен и на секој контакт му давам значење? Како да сум заглавен, заглавен во односите кои ги имам со луѓето и да не можам да прифатам дека не секогаш луѓето реагираат на нештата на начин на кој мене ми прија. Сѐ е изнасилено. И овој живот е изнасилен. Ќе успеам ли некогаш да градам нешто без да размислувам зашто се руши?
Користење на дејтинг апликација во 2024та ти било како купување половен автомобил. - Здраво. - Здраво. - Бензин/дизел? - Дизел. - Супер. Каросерија? - Зачувана, нема гајле. Некоја гребнатинка ваму таму. - Ок, не е страшно за годините. Клима? - Е нема клима, постар модел е. - А, епа ништо, фала! Ни трага од спонтаност, желба за запонзавање на личноста на тој од спротивната страна на екранот, да почувствуваш барем малку како функционира, размислува, како љубел, како сака да биде сакан... На крај на памет не им паѓа да разменат малку повеќе текст, а сосема неприфатливо е да се почека некој ден пред првата средба. Jesus, не ни знаат какво е чувството на присуството на другата личност покрај нив, на нејзиниот допир, мирис, а ја канат в постела, без задршка. Мислам, разбирам – отвореност, транспарентност, „не си го трошиме времето еден со друг ако од старт не не бива“, итн. Едни се таму само за што побрзо наоѓање на краткорочен сопатник в кревет. И тоа е во ред, разбирам и се имам за слободоумна но, слободоумност и немање основна култура во комуникација, ниту искрена желба за запознавање на другиот, се сосема различни работи. Нели е предуслов за да имаш што било со кого било, да имате меѓусебна почит? Барем тоа? Нели за истово е потребно барем малку време, барем малку осознавање, искрен интерес, и по некоја искра привлечност? Што, јас живеам во заблуда? (секоја чест на исклучоците, за кои цврсто верувам дека постојат, дури и на дејтинг апликации!)
Сега „тазе“ инспирирана од темата за ултиматуми, ми е страв да пишам во онаа за цитирање. Јас давам еден суптилен, друг директен, третиот ако има среќа да се деси. Цело минско поле!
Интересно е како државниве психијатри веднаш ти обрнуваат повеќе внимание ако се согласиш да пиеш нивен производ...
Гледам една наша страна за вежбање, поточно апликација (ај да не им правам реклама). Колку постови гледам од едни те исти за вежбањето, ќе помислам дека им плаќаат за да пишуваат дека вежбаат. Класика аматери се секогаш далеку поистрајни од овие, е*ате.
Љубов во тегла – за зимница. Што да правиме со онаа љубов која се насобира во годините во кои не љубиш? Или ти се чини, дека не љубиш. Ми доаѓа да ја истиснам од мене, нежно да ја претурам во тегли и цврсто да ја затворам, па да ја складирам некаде во подрум, на сигурно. Оти, кој ти гарантира дека и години подоцна изворот на љубов нема да ти пресуши, дека нема да си уморен за сакање? Што ако еден ден се разбудам и сум неспособна да љубам како што сум љубела претходно? А како за инает, можеби баш тогаш покрај тебе ќе има личност која заслужува да биде сакана повеќе од кој било до тогаш. Вака, ако си ја имам во тегли во подрум, ќе можам секогаш да си земам нова, млада, наивна љубов, и да му ја турам во кафето наутро. Ќе можам да останам онаа иста млада девојка која искрено и целосно ти се предава, без ронка сомнеж и задршка. Дали цел живот на ист начин сакаме? Или призвукот на она „те сакам“ се менува како што врви низ рацете на луѓето на кои им го посветуваме? (мисли помеѓу два сона околу 3.30 наутро)