Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам... (без цитирања)

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од RainBow, 5 февруари 2019.

  1. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.830
    Допаѓања:
    8.724
    Пол:
    Женски
    Само да те поздравам. Ти продолжи си кај што си тргнал.

    upload_2024-7-17_21-59-35.png
     
  2. marsilia

    marsilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2023
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    2.520
    Пол:
    Женски
    Многу чудни години се дваесеттите.
    Едни познаници веќе фамилија оформуваат, други имаат убава работа, добро заработуваат и патуваат низ светот, а некои уште студираме, не работиме и едвај пари имаме и за еднаш неделно на пица да излеземе, а не пак Европа да ја шетаме. Некои возат кола, а некои уште зависиме од јавен превоз и се снаоѓаме како знаеме за излегување да стигнеме особено навечер. Многу споредби може да се направат. Многу различен период за секого.

    Чуден период ми е, некои денови се чувствувам како да се е во ред за годиниве, дека сум млада и имам време се да постигнам, а некои денови ќе видам мои врсници колку повеќе постигнале и се чувствувам како да сум назад со се.
    Голем притисок прави и општеството со прашања до каде си со ова, со тоа, па зошто тоа, зошто она. Пробувам да си објаснам во глава дека секој си има свои избори, свој пат во животот и за секого се е различно. Само денеска денов ми е некако мех. Многу слободно време некогаш те тера да размислуваш повеќе.

    Социјалниве мрежи некогаш ми одмагаат, ќе отвориш 5 минути инстаграм и ќе видиш колку луѓе на твои години поразлично живеат. Не дека не ми е мило што млади си успеале да решат многу работи и што имаат можности, само после се прашуваш ти до каде си и што си. Се прашуваш зошто не си успеал како што другите успеале.
    Се во свое време...
     
    На Ravenn, Oriental, Gentlewoman! и 12 други им се допаѓа ова.
  3. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.776
    Допаѓања:
    11.228
    Пол:
    Женски
    Еххх времиња, носталгија..
    Гледам, вртам делови од Беверли Хилс, се сеќавам на деновите кога ги гледав. Некои од нив веќе ги нема :u:
    Колку беше поразлично тогаш и денес.
    Тогаш мислев дека немаме ништо, а сега мислам дека на толку многу што имаме, уствари ние вистински немаме ништо!
    Што убави времиња беа, ова сега животот на што ни се сведе..
    Многу ама многу ми недостасува тоа време иако бев мала.
     
    На mal.ecka, FridaodaMk, SaniD и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Boston Celtics1

    Boston Celtics1 Нов член

    Се зачлени на:
    8 јули 2024
    Пораки:
    0
    Допаѓања:
    20
    личности со делузиона супериорност се најинфериорни и духовно и ментално/интелектуално. :$
     
  5. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    1.146
    Пол:
    Женски
    Ако родителите не ве хранеле со љубов како деца... Како возрасни ќе ја лижете од нож.


    Ме погоди реченицава...
     
    На Herrera, Rozevata, Ravenn и 3 други им се допаѓа ова.
  6. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.236
    Допаѓања:
    13.138
    Пол:
    Женски
    Леле, леле. Срам ме фаќа од некои мислења. Што сè крепи земјава..?
     
    На Anyshka, Космонаут, SanMichel и 2 други им се допаѓа ова.
  7. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    2.613
    Допаѓања:
    3.759
    Пол:
    Машки
    Мислам дека се наполнив гревови само што читав, толку е страшно.
     
    На Космонаут, SanMichel, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.095
    Допаѓања:
    55.856
    Пол:
    Женски
    Како што може песна да ти врати спомени друго ништо не може. Не мора ни текстот да е соодветен или да те потсеќа, туку моментот кога си ја слушала, каков бил животот тогаш. Случајно налетав на таква вчера и не можам да се соземам, ја слушам и плачам. Песната е супер, ама сеќавањата се премногу емоционални и вивидни.
     
    На Lavender4, liliput22, anggell и 10 други им се допаѓа ова.
  9. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.236
    Допаѓања:
    13.138
    Пол:
    Женски
    Гледам почнало, а тек ќе почнуваат допрва. Се нашле за Портман да зборат, оти па они си ги средиле животите. Алал да ѝ е, ја следам подолг период откако почна активно да се насочува во одредена област. Како да кажам, ни до пола не ѝ стигаат.
     
    На Ivicka_1993 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  10. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.830
    Допаѓања:
    8.724
    Пол:
    Женски
    Гледам видеа како чистат бесплатно дворови низ Америкине и има нешто стварно убаво во луѓето. Некои го вадат најлошото од нив, некои се борат со внатрешните демони и помагајќи победуваат во сопствената битка. Депресијата е страшна работа и затоа е важно некој да ја препознае кај другиот и да му помогне со дела, тоа е како да ја симнале тежината од туѓ грб. Зборовите се скроз непотребни. Сите си имаме свои срања во различни денови кај некои се спојуваат кај некои има паузи.
     
    На Angie1432, eliesaab, staycalm и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Mahrisa

    Mahrisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2024
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    1.334
    Пол:
    Женски
    Имав слушнато една поговорка од мојот ex boss и дефинитивно е нешто најточно шо го имам слушнато

    - U can run,but u can't hide - :)
     
    На Hisha, marlonbrando69 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.686
    Допаѓања:
    79.809
    Пол:
    Женски
    Нема да пишам во соодветната тема оти ќе треба да се расправам ама, Боже мој, има луѓе на кои им пречат прекари и кратење имиња? Аманте бе, какво име сакате за вашата посебна снегулка, некој ако сака ќе му даде прекар што не ни има врска со името, ете според некоја негова карактеристика да речеме ќе му измисли прекар, ете така оти си даваат прекари децата и не е страшно.
     
    На Anyshka, nextredstyle, st-el и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Значи аман, никој не ви ги мрази децата ако малку ви се пожали од нивното однесување.
    Со тоа што претерано ги штитите и ги наоѓате за се во право, не им правите добро, напротив.
     
    На Ivicka_1993, Trexane, Anyshka и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Родена сум у лето и обожавам сонце и топло, ама не до овој степен.
    Ти е и глобално затоплување и бетон мафија ти е.
    Секоја год е сѐ полошп
     
    На hermosa, Anyshka, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.384
    Допаѓања:
    126.406
    Пол:
    Женски
    IMG_20240723_114824.jpg
     
    На Rozevata, Just.do.it, Manako2 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.686
    Допаѓања:
    79.809
    Пол:
    Женски
    Не можеме светот да го дотераме во ред кога вртоглаво оди надолу. Не сме толку моќни за да го спасиме светот, но за нашиот мал свет, нашиот круг и живот, она што ни е на дофат, тоа можеме. И тоа е доволно.
     
    На SummerGirl и GTA5 им се допаѓа ова.
  17. marsilia

    marsilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2023
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    2.520
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум била љубител на лето. Секогаш ме нервирал притисокот дека во лето мора да правиш нешто. Како дете што пораснало без многу финансии за одење на летни одмори, а и секогаш сум сакала времето сама да го поминувам дома читајќи книги на пример, сум чувствувала секогаш притисоци за периодов.
    Секогаш сум добивала осуди зошто никаде не одите на одмор, зошто седиш дома, зошто немаш големо друштво, лето е зошто не правиш нешто забавно.
    Мислев веќе сме возрасни, годинава пак прашања слични, како да им нацртам на луѓево дека не сите имаме слични финансии и планови.
    Плус да не зборам, за очекувањата за совршено тело во лето, депресирање за изглед во купачи и шорцеви. Не знам, лето ме асоцира на неубави чувства, особено периодот кога сум послободна. Знам дека е чудно, само не уживам во лето.

    Во зима бар никој не очекува ништо од тебе и на раат може да си седиш дома и да уживаш сам, без да одиш некаде, нема никакви притисоци.
    Нека се нормализира веќе луѓе да не те притискаат да одиш негде и правиш нешто зошто е лето и зошто тоа било очекувано.
    Со душа чекам есен.
     
    На Gentlewoman!, sweet-cherry, Selena01 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Oriental

    Oriental Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2023
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    662
    Живот во кој би се живеело во шума, покрај вода. Дење со сонце и умерени температури, ноќе со ѕвезди и светулки. Едноставност, спонтаност, секој ден мирен, без потреси, со насмеани луѓе.
    Тоа е мојата дефиниција за среќа...
     
    На Космонаут и Tinaaa им се допаѓа ова.
  19. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.498
    Допаѓања:
    5.573
    Пол:
    Женски
    Значи шо беше зборот.Во случај да се прашувате зошто е светот "малце чуден во последно време"
    Уствари нема шо више да се молиме.


    Никој не е изолиран случај, освен ако не си живее во бабл и делузија, ама колку и да живее/л, кога тогаш ќе го осети...зошто никој не е изолиран случај, и сме социјални битија нели.
    А и повеќе делулу допринесува во полош
    ментален исход на колективно ниво, а ма добро.

    Или, во зборовите на еден мудрец:


    " Секој кој ги слуша овие зборови и ги исполнува е мудар, и може да се спореди со човек кој си гради куќа врз камена подлога."
    Или,
    "Се она што е изградено на вистинска(автентична) фондација" .
    Додека,
    "Се она изградено на лажна(его нели) е осудено на пропаст".

    Овде се мисли како човек, не кој колку идел у црква, или се идентификувал како нормален, слеш добар човек, или христијанин, наспроти секако, другите(бај д веј, пак, его). :)

    Е така.

    А да, додека не сум заборавила, и фала на Сатурн во Риби, изванредно шоу, дури ни ја не верував дека вака (брзо) ќе се изодвива! :D:d:

    И секако, посебна благодарност до космичките закони! :d:

     
    Последна измена: 23 јули 2024
  20. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.498
    Допаѓања:
    5.573
    Пол:
    Женски
    И со тоа, еве го целосниот поткаст, топло го препорачувам.

    Подкастот е во склад со работата на Џокович фондацијата чија работа е усмерена кон едукациски проекти за децата, и нивен здрав развој.

    Сепак подкастот е сеопфатен и се вклучени буквално сите аспекти и улоги на животот, надежно здрави жени, мажи, партнери, родители, баби и дедовци, и индивидуи кои вистински допринесуваат на својата заедница за што и сме наменети (значи не дополнително стварање нарцисоидни паразити и злоставувачи).

    Оние кои се запознаени со работата на dr. Gabor Mate, ќе им биде додатно појасно.
    Укратко, поентата која ја доловува и во поткастот (и со која се сложувам) е, во овој модерен свет и "цивилизација", живееме во неприродни човечки услови за нас, која бара ние луѓето да сме донекаде оддалечени од својата вистинска автентична природа и инстинкти. И соодветно, резултатот, или пехот од тоа.

    Иначе неприроден или неавтентичен свет е лажен, егоистичен, нарцисоиден, (и јас лично како верник би додала и сатанистички без разлика на верската идентификација, simple as that) со благослов од Дарвин како кум.

    Вистинската надеж и излекување, или "спасување" како и да е, најпрво мора да вклучува воочување на ова (значи пак, не додатно делулу, или нарцисоидни розе бабли).:)



    уште ова само, btw, Pt II, 19:00* жена му е апсолутно мој spirit animal. :D
     
    Последна измена: 23 јули 2024
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.