Кај се сеа моралниве громади да бранат жена коа некој ќе и каже дека е сељанка, и оти она од селото ќе излезе, али селото од неа не, само оти не сака некој да и ја усерува куќата у странство со своја пот што ја купила? Али да врбува некој маж тазе полнолетничка да батали факс и работа и да иде да нижи тутун арно ви беше, па уште и се акавте од земја демек некој понижувал и вреѓал селани... Гревови.
Тоа е тоа со нашиот менталитет. Ако заминеш странство - види ја, сака да и љубомориме на тоа што створила нешто свое, сака да се прави важна... Ако седиш во Мк со свекор и свекрва - види ја, трпи и ќути глупата, нека и е така кога не знае да се исели и да створи нешто свое...
Раните од тешкото детство ми оставија белези во душата. Анксиозноста почна да зема замав и по години пауза повторно морав да побарам помош од стручни лица. Лесно е да се каже „остави го минатото зад себе, пиј лек и ќе ти помине“. Но, не е лесно да се направи. Ај, нека измислат и АД што брише гадни спомени од паметот. Хехехе, невозможно е. Овој природниов што ми го дадоа не го бива ни за тоа што го ветува на пакувањето. Демек треба да овозможи одржување на позитивно расположение, а ништо од тоа. Оној хемискиот што го пиев пред години не ми помогна, па за овој не се ни чудам. Та едниот, та другиот. Ветар и магла. Како што ќе поминуваат неделите, ќе почнеш да чувствуваш подобрување. Ќе се качува серотонинот. Да, да, еве гледам промени. Инсерт Зајчевсконо „мало сутра“. Битно, на нив џиповите ќе им тераат.
Порано мислев ај повозрасните од 60+ не гледаат убаво и не гледаат цени, ама младиве не ги разбирам, пишува цени и величини, тие на секое "цена, па цена и величини". Или за некој рецепт од торта или кифли го пишува, тие "рецепт, па рецепт". Читајте убаво, очи ќе ви истераат и цени, и величини, и рецепти. А не ги разбирам па и тие што продаваат нешто и не пишуваат цени и величини на ништо, туку одговараат во порака, штом нема цена, таквите постови ги прескокнувам. Тоа исто како во бутик да прашаш за цена, и да ти кажат "цена на каса". Што е толку тајна цената не знам.
Секогаш ќе се чудам како ви се допаѓаат мислења на дрски, препотентни, умислени и она као седи ја сум нај паметна личности...читам и одминувам..ми се од такви постчиња..ароганција до бескрај...секогаш ќе стојам на мислењето дека ако кажеш нешто нормално, културно и да "личи" на нешто кажаното, не е интересно, а ова спротивното, восхит предизвикува кај некои...а па тие некои, се гледа на кое ниво им е мозокот па им се допаѓаат вакви размислувања наравоучение: среќа што постои игнор и бирам што читам.
Не сум сретнала човек што : а) знаае доста за животот, и е навистина мудар б) навистина живее соодветно в) сите им му на број што има потреба постојано (да не речам секојдневно)да мудрува и филозофира, за се , нити мисли дека знае се. Ваљда дека понизноста е врлина иш главен борец против ароганцијата на егото кое мисли дека знае се. Иначе, исто е и општо со оние кои имаат вистинска исполнетост и љубов. Немаат на пример потреба да го тоа експонираст јавно и постојано. #животнимудрости #љубов
Лично, мислам дека сме развиле јазик, поради нашата длабока внатрешна потреба да се жалиме - Џејн Вагнер ** Важи и за мене, најмногу за мене, и онака не можам многу да контролирам што другите луѓе прават. Ова ми е потсетник дека треба да работам на решенијата и дека жалењето иако нуди мала емоционална оддишка, во основа е само потрошена енергија, која има смисла, единствено како прв чекор во решавањето на проблемите. Жалењето, има смисла само ако е мотиватор, е не цел сам за себе, и нема потреба јазикот да се (зло)употребува за таква „еволуциски развиена“ активност.
Проблемот со запознавањето на душевно и карактерно убави луѓе е што не сите од нив можеш да ги задржиш во својот живот засекогаш. Проблемот со убавите искуства кои се резултат на овие дружења е што неизбежно страдаш и уживаш додека на нив се присетуваш. И колку и да ми е искрено мило и се чувствувам благодарна за единсвеното доживување со личноста, истовремено жалам што истото го имам, оти не сум во можност да го пре-доживувам колку што сакам. Оти знам дека е крај и не можам да се потопам повторно во топлината на односот. Не можам да разоткријам нови длабочини во неговата душа. Не можам да нурнам подлабоко во неговото битие. А, сакам. Копнеам по целокупно осознавање на специфичноста на неговото постоење. Жедна сум за сите детали кои го прават тоа што е. Ме интересира секоја подробност, секој момент, секоја капка од душата што за некого ја исцедил. И имаш желба да го гушнеш, да го заштитиш, да го утешиш, да го наполниш со елан. А, не можеш, оти тоа повеќе не е твоја работа. Не си ти таа. И колку и да се согласуваш со ова, не ти е сеедно, и се што ти преостанува е да се прашуваш зошто, побогу, не можев да бидам таа...
Значи таква мрза ме држе овие денови што ништо не ми се работе. Едвај чекам одмор. Колешките по два пати ќе одат на одмор јас додека стигнам на ред. Другата година порано ќе си го земам, не ми се чека толку време, скоро цело лето ќе мине
1 недела успеав вечерниот сон да го зголемам од 3ипол/4ч на 5ч. Вода од 0л на ден почнав да пијам по 1л. Прауд
Сакам да кажам дека мислам дека требаше да родам кога прв пат осетив дека сакам. Чисто оти коцките никогаш покасно не ми се наместиле и се осеќам како дел од мене да фали и да го компензирам на други места - кон животните дома и грижа за тие кои не се мои, кон партнери и како секогаш да одбирам некој кој морам да го "растам" и за кој морам да се грижам, кон семејство барајќи проблеми кај шо нема, кон работа со деца и сл. Се осеќам како да се јавила потреба во мене да штитам нешто и да се грижам за нештото. И едноставно не го добив то нешто. И сега упорно го барам. А не треба вака да се осеќам. Не треба нешто друго да ми го дефинира и комплетира животот. Туку само да ми го надогради постоечкиот живот. Ама и не би сакала да е поинаку. Ми треба енергијата да ја насочам на точно место некако.
Македонецот, сѐ ќе ти прости освен моментот да стигнеш и да се натпреваруваш со луѓе рамо до рамо на ЛОИ (и било каде на друго место). И има уште еден момент, а тоа е кога дома ќе се вратиш ќе те испоплукаат уште малку (но ќе издржи детето, храбро е!). Многу наши освоија повеќе награди ширум светот деновиве, но додека нема препознавање одвнатре - џабе е.
На сите што ви се слуша убава музика завртете на бројот за техничка поддршка на комерцијална банка, пуштаат класична музика .
Две нејасни работи постојано се случуваат на форумов. 1. Кога членки мислат на ова како реакција на нешто лошо или одвратно, а го ставаат ова во мислењата. 2. Кога членка прашува дали некој симптом е симптом на бременост или објавува прашање со позитивен тест за бременост, обавезно ѝ честитаат иако таа нема наведено дали ѝ е посакувана бременост или не.
Ај ве молам да нормализираме дека на 160цм висина НЕ Е ок да си 80кг плус Или на 180 да имаш 40 кг. Тоа промовирање ,,сакање сопствено тело” не значи да јадеш Мекдоналдс и препржена храна 24/7. Исто и небричени мишки
Поздрав до мажите - алапачи. Односно до "тетките", погоре не би ги качила од ова ниво. Гувеете пред вашите сопруги и девојки, а кога сте собрани во "веселата дружина" устите ви се полни со балеги за вашите блиски, животите и интимата на другите ги ставате на тапет, и си терате ку#ташаци. Се подучувате еден со друг како да си ги скриете "темните и скришните" работи, па и по цена да повредите и раскрварите нечии срца. Ама секоја чест, збирштино од мизерници, мизогини, аматери и дилетанти, искомплексирани мали куриња! Се надевам ќе бидете и вие повредени и турени на тапет од некој/а порасипан/а од вас! И да, за свинска не ве бива, ниеден од вас! На светов сте му потребни колку и бубашвабине во канализација!
Ми излезе видео на инста од дечињата од Газа, греота како живеат без хумани услови, некој изгубиле родител, некој ги повредиле, со малку храна, студ, имам чувство дека не сме задоволни од ова што го имаме и уште бараме, и некако ретко кој мисли глобално, да не живееме во најсјајна држава ама барем немаме војна, не умираме од глад, и сите последеци од тоа, за жал невини луѓе и народ стада. Би сакал да сум со нив барем на кратко ❤️. Бидете среќни тоа што го имате.