Важно води "здрав" живот, демек внимава на исхрана, јаде "органско", вежба, ама тоа што пуши цигари и пие алкохол не е важно.
Никогаш не можеш да им "влезеш" во душата на луѓето и да знаеш што чувствуваат... Може да ви изгледаат среќни, насмеани, а длабоко од внатре да имаат некоја празнина и лузна неизлечена.
Некои датуми тешко се забораваат, многу работи ќе се сменат само спомените остануваат. За година од сега точно знам кај сакам да бидам. Денес на менито: темна соба, пиво, чипс и маратон Guardians of the Galaxy.
Едно од нештата што научив е дека никогаш, ама никогаш да не си ја кажувам маката ниту на блиски пријатели, ниту на роднини, цел живот тоа ќе го префрлаат. Исто и на форумов, внимавајте што споделувате, тоа ќе го искористат против вас секогаш. Се соочувам со страшно нешто, ама страв ми е да го споделам, затоа си се соочувам со самата со себе, не остана човечност.
Престанав да идеализирам луѓе и да ги земам за пример кога многу од тие на кои еднаш искрено им се восхитував, покажаа дека се дно дна со одредени постапки и ставови.
Не знам зошто си мислат дека само во IT добро се заработува, има многу професии што заработуваат и многу повеќе.
Вечерва ќе има метеорски дожд. Ќе замислам желба за тебе. Сале, многу те мислам периодов. Те љубам. Чувај се.
Rekla si mi, "Hej, budalo, vjeruj mi bar malo" Rekla si mi, "Odlazim" i srce mi je stalo Pa sad živim kao da mi fali pola tijela Pola tijela, ti lažo negdje cijela
Неисполнет живот, ниска самодоверба, тон фрустраци е со тие да си пазиш што правиш. Баш ми е мило што нов свет ми се отвори, горда сум колку имам работено на себе си, го заслужувам најдобро од животов
Не знаев дека само сиромашните треба да пазарат во Стокомак и Кам. Значи богаташите не смеат, на таа пара срамота било да пазарат во Стокомак.
Случајно приметив дека се гледал бројот колку луѓе препратиле слика/слики што си ги објавил на feed на инста, баш онака се шокирав. Може постоело подолго време, не сум ни приметила, кога апдејтирав апликација ми се покажа. Ме зачуди тоа што ниту објавувам често, ниту нешто посебно имам на профил, ниту имам голем број следачи, заклучен профил, а дел од сликите повеќе од 10 пати ми биле споделувани. Што толку на обична слика луѓе би те шернувале по четови и би им било интересно да прават муабет стварно не знам. За селфи, за слика во кафич? И така ретко објавував, еднаш на 6 месеци, после ова уште што приметив, не ми се ни објавува веќе нешто. Онака, некое грдо и неубаво чувство ми дојде од самата замисла што би се коментирало. Лекција на денот: подобро да не знаеш некои работи.
Не можам да сфатам. Не си видела родители и брат 3 год. Доаѓаш после 8 часа лет, ве гушкаат со сето срце , ве гоштеваат ко кралско семејство и тебе те нервираат?! Не си можела да издржиш 10 дена дома со твоите , кои те пораснаа и изгледаа. Најблиско семејство. Кои ти пружија колку можеа. Те нервираат. Сакаш назад. Ох душо празна,себична ,егоцентрична и злобна. Се надевам дека еден ден ке те снајде истото со твоите ќерки.
Во сето сивило, тага и болка ќе слушнеш нешто убаво и душата магично ќе оживее. Мало, гордост си! Господ да ве чува тебе и другите.
Koга ќе сфатите дека здравјето е најважно, дури тогаш ќе сфатите колку сте се замарале и нервирале за глупости и за неважни работи. Ама ајде не се нервирај... Жив човек се нервира за се, и сите не сме исти, некои се нервираат за ситници, на некои им е гајле за се. Здравјето пред се друго.