ДМ сега се грижи за вашето ментално здравје. Ма. Немој. Да. Ме. Је*еш! Ај сеа да видиме што друго "ДМ" има да понуди во својата "креативност" и "оригиналност".
Имам денови кога немам енергија за ништо и не ми се постои. Имам денови кога сум залетана на сите страни. Од мала возраст нешто ме гуши. Удар по удар ме влече надолу. Ме тера да го прашувам Бога зошто во ни една прилика не ја остави смртта да ме земе. Само се кршам и едвај се собирам. Душава ми нема тон веќе.
Денес ми се зборува за идентитетските прашања. Идентитетот, или моето "јас" го разбирам како дел од мојата личносна слобода, Божји Образ кој ни е даден да го чуваме, усовршуваме, спасиме. Идентитетот не е нешто како "бираш улогу као хаљину за вече", не, не, никако! Тој ни е даден како наследство, завет од нашите предци, вграден е во нас, напластен, богат, и сите ние имаме одговорност да го зачуваме и да го надградиме, збогатиме, усовршиме. Тој е дел од нашето битие, не се купува и не се продава. Преку него светот треба да не препознае, тоа е залогот што Бог ни го дал. Своевремено теравме и жестоки дебати и овде на Форумов, дали одредени притисоци од надвор значат или не промена на идентитет. Епа и тогаш и сега, цврсто си стојам на ставот дека не прифаќам чепкање во идентитет кој пред светот би значел бивање "северџанка", заблуди (кои некои ги имаа и се уште ги имаат) дека разни ИДОЛОПОКЛОНИЧКИ размислувања и надевања дека "некој ќе не брани и храни", без оглед дали е тоа Нато, ЕУ, златното теле, или нешто или некој, што и да е. ЗАБЛУДИ, ЗАБЛУДИ, ЗАБЛУДИ! Идентитет се бира само во филм, или во претстава. Она као, да речеме некој режисер-сценарист забележува некои постови напишани од некој битен "инфлуенсер" инспирирани од две-три случки од реалниот живот, и си вели "ејј, од ова ќе излезе нешто јако". И така, режисерот седнува, ги измислува и ги гради улогите, си пишува сценарио по мерак на публиката.... И гледа дека "сапуницава" има гледаност, создава воодушевување кај "инфлуенсерите" кои потем само за тоа "ги дават" своите следбеници, и затоа сценаристот решава да го надградува филмот, (проблем ли е тоа за стар лукавец? ) да го збогатува со многу ефекти кои предизвикуваат уште поголема замајаност, соживување со филмот, фаќање страни, навивање, барање симболики, губење допир со реалноста.. И се тоа за профит, нормално. Зошто профитот е профит, без оглед во каква форма е. Јас со филмови не се соживувам, ниту не дај Боже, се идентификувам со филмски улоги. Што не значи дека нема да му влезам понекогаш во филмот на некој уфилман, чисто да му дадам ефект на пародија, или со други зборови, малку да се поспрдачам со неговата уфилманост.
Utre kje gi soberam moite za da si pocestam za kolata sho si ja kupiv minatiot mesec, ce mi fala nekolku lujge so mi bea mili.. ama ajde toa e sho e ...
Колку огорчени можете да бидете... Не ви е гајле вас за никој, туку се распрашувате затоа што сте радознали. Се ситите на туѓата мака, колку само ситни души сте.
Фати другаров девојка лани ова време.Пред тоа само се дружевме, кафиња, ресторани, искачања.Врските одма ги менуваат луѓето!
Починал Ален Делон и меѓу работите кои ги споделија за него беше и видеово. Ништо не разбирам а толку убаво звучи. Преубаво чувство, изгор љубовна емоција. Би ти ги кажала работите што имам да ти ги кажам со ваква емоција. Чиста перверзија. Штета што не сакаше да слушнеш што имам да ти кажам. Штета што не ме гушна, а само тоа ми требаше. Толку ми требаше... Штета за сите работи кои ги пропуштивме. Мака ми е што ми помина редот без да си кажам што ми лежи на душа. Сале, стварно ова беше многу педерски од твоја страна. Работите ќе си ги кажувам во себе, ќе си ги чувствувам во себе. Штета, можеше да биде поинаку...
Провоцирајте колку сакате, не наседнувам на вашите провокации. Всушност само и тоа го можете, да провоцирате, за тоа и сте родени. Само човек што не знае што со себе знае само да провоцираа, навредува и заканува. Не знаете што со својот живот па се мешате во туѓ.
Сите се способни да мерат кој попрво треба да добие помош од јавноста. Но не сите се способни да ја дадат. Или поради сопствената немоќ или поради себичност. Толку сме скапани како општество што ни пет глобални катастрофи нема да нè оправат.
Ми треба некој, кој ќе те надмине. Ми треба некој, кој ќе го надмине степенот на блискост кој го чувствував со тебе. Некој, кој може да ми биде дом повеќе од што ти ми беше, без особено да се трудиш. Ми треба некој чиј допир воедно ме опушта и возбудува повеќе отколку допирот на твојата дланка, и чии усни ме бакнуваат подобро од твоите. Некој, кој ќе те победи во јасната и отворена комуникација. Кој подобро ќе знае да почувствува што се случува во мене, без да проговорам. И чии зборови ќе ми ја исцртаат сликата за мене на поубав начин, отколку што тоа го правеше ти. Ми треба некој кој ќе те победи на многу полиња за воошто да биде земен предвид. And let me tell you, не си лесен противник.
Што убаво некако ми е, си седам у тишина, у темница, надвор светка, малку се слуша и грмење, сакам појако да почне и нека изврне убаво. Одамна спокојно вака не ми било нека потрае. Не сум знаела дека ќе ме смирува и релаксира звукот на грмотевици. Само дај Боже невреме да нема, од малку ништо нема да е.
Сдк дека оваа менструација ме поремети буквално хормоните у таван се уморив од правење глупости као мало дете а вечерва ме боли стомак неможам да заспијам па и жештини вклучи, исклучи на климата па и улошка барав сега воолку доцна ( 4 саат) пошо добив неочекувано а од сестра ми незнам каде ги оставила нејзините Па се испаничив зашо немам улошка и искочив да барам а старата ја оставив у вц на под а меѓу време некој од моите стана отиде у вц па ја виде згора на се ме фати стрвост за благо у 2саат мавнав старо киндер јајце најдобро ќе биде да заспијам за да не направам уште некоја глупост
Некои луѓе се како балони, високо летаат, а празни се... Мислат дека се паметни и можат да препознаат нешто, ама се зафркнале. Врска си немаат од ништо. Многу грешите, не знаете лага и вистина да препознаете.
Се е до генетиката. https://denar.mk/264939/zdravje/genite-se-vinovni-za-debelinata-oslabete-na-priroden-nain https://lokalno.mk/debelite-geni-ne-sprechuvaat-da-oslabnete/