Ми пишале многу познати машки на форумов. . И не сум се дрзнала да објавам разговор. Тоа се вика почит кон индивидуа, непозната за тебе. Едноставно, го напуштам разговорoт и го бришам трајно. Крај на приказната.
Имам еден колега геј што е општо доста активен општествено, и на инста објавува често говор на омраза што добива во пораки. Деновиве на сликите му коментирале со клетви и смртни закани, што е најстрашно некои од нив деца, едвај тинејџери. Ај да речеш заостанати стари луѓе, ама од 13-14 годишни да излегува таков отров, вулгарност, омраза и желба за насилство еј... Е тоа е најголемо можно потфрлање како родител, после она да се откажеш од детето поради сексуална ориентација. И после ќе ми зборите за неутралност... Задржете ги за себе тие демагогии.
Се шетавме со мајка ми низ Центар. Пред нас минуваат луѓе, ја здогледуваат на земја личната карта на некој непознат и само ја одминуваат. Ја земав, ја сликав и ги скрив податоците освен името и презимето и ја објавив по групите. Не поминаа дваесет минути, се најде човекот си ја зема. Изрази благодарност, а јас изразив поголемо внимание. Што ми е всушност целта, бидете човечни, не одминувајте нешто вредно на улица, земете го и ќе го најдете сопственикот, денес тоа бар е лесно.
Хуманоста драга моја одамна е завршена со чест на исклучоци кои се навистина хумани,со многу луѓе комуницирам,све се сведува на муабет и на слатки зборови,ретко да наидеш на вистински луѓе кои се држат за својот збор. Но таквите за жал не се многу почитувани,би рекла повеќе се искористени за некои си туѓи цели.
Кога бев средна школа, на почетокот таму, 1ва, 2ра година постоеше некоја глупа игра каде што женските се трудеа да не плеснат по гз во секоја ситуација каде ќе им се пружи прилика. Уште од тогаш влечам трауми и мразам било каков контакт со рака и мојата задница. Денес се наоѓав во гужва... Стојам и само чуствувам како некој ме штипна за гз. Лут скроз, спремен да се свртам и да го/ја отерам у пм личноста која ми го направи тоа. Се вртам и гледам две средношколки, едно 10 години помлади од мене како се кикотат... Си реков, може само им е игра. Ми падна жал некако и искулирав, се направив ко ништо да не се деси. Издржа задников уште еден напад.
Само јас ли купувам облека без да ја пробам претходно? И пак ништо не сум утнала досега, буквално се купувам без проба, освен обувки И нешто што ми е најкул, тоа е сама да купувам, не сакам лажни коментари или брзање Ако ова ме прави чудна, океј
Пред да имаме свои деца, многу лесно си го замислуваме животот во иднина со нив и покрај тоа што немаме искусено такво нешто. Откако ќе станеме родители не можеме да си го замислиме животот без деца, иако веќе сме го доживеале тоа искуство во минатото. Иронија.
Легендата вика дека има некој што бил на диета и вистина успеал да не јаде ништо благо и калорично...
Ко ќе се умислат дека се со плава крв а уствари не се ништо подобро од типичен ропотово менталитет...
Многу е лошо што овие парадиве почнаа ширум светот да стануваат „комершал шит“. Забележав дека луѓево повеќе ги поддржуваат парадиве (а и ние со северњак-менталитетот најмногу, нормално) чисто зошто сакаат да привлечат внимание на себе. Па и тие што учествуваат на нив. Немам ништо против луѓето, нормално, само говорам за тоа што не е во ред од сето ова. Па тоа „рејнбоу ин да скај“, па „лав ис ин ди ер“, па после тоа имаш „мај фадер хомосекшуал из да бест - фак да рест“ и слични пароли само за да звучат луѓето „кул, сексуљаво и фенси“ пред другите... Мислам сè е тоа во ред, таков си каков што си, ниту имам намера да се мешам во твојот живот, ниту па сакам. Но, зошто мора да правиш од сето ова "attention whores"? А и тие, нивните „поддржувачи“? Зошто не се истакнуваат кога на пример не знам, загрозена е демократијата во Хонг Конг? Зошто не протестираат против убивањето на Ујгурите од страна на Кинезите? Зошто не протестираат и го кажуваат своето мислење, еве, нека биде против анти-мигрантската политика на Матео Салвини? Ех, кога би го дознале повеќето одговорот, ќе сфатат какви опинци ја газат оваа земја.
Љубовта само дава и не бара возврат за тоа. Љубовта не е пазар, трговија, за да очекуваме компензација. Она што бара, тоа е само нашата потреба да бидеме сакани. А потребата никогаш не треба да биде поголема од самата љубов.
А зашто да не ви се насмее некој, та добар ден да ви каже? Тоа е европска култура. Балканската е полна со омраза и злоба. Која појака навреда да каже, или да излечи фрустрации и комплекси.
На светот не има секакви, и слаби и дебели, и грди и убави, и умни и неумни, и болни и здрави, ама некој што најмногу од такт ме вади, тоа се оној тип на луѓе кои се себични злопамтила кои никогаш не признале дека и тие згрешиле, и мораат упорно да те трујат со злоба и бес, правејќи се невини створења, ма гонете се бре
На некои луѓе, по сè што му покажале на светот - треба да им се забрани со закон да користат благородни зборови како култура, љубезност, добрина, почит. Уште помалку па да ги дефинираат, пропагираат и бараат по своја изобличена мерка и перцепција. Туѓ срам да те изеде...