1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам... (без цитирања)

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од RainBow, 5 февруари 2019.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.539
    Допаѓања:
    78.661
    Пол:
    Женски
    Прво, ќе кажам дека времево моментално ми е прекрасно. Целово лето не се жалев од жештините, уживав во топлите денови кои едвај чекав да дојдат. Сега, кога останува уште еден месец од летото, календарски, спремна сум да го испратам. Забележав дека денот полека се намалува, а дождов е потсетник за она што доаѓа. Зедов чадор, облеков тренерка и уживав во свежината надвор. :rain: :l: Уште ќе има топли денови, секако, летото има уште време да не' грее. Само ете, ми годи овој дожд и свежина вечерва.
    Секое годишно време си има своја убавина. :l:

    Друго што сакам да кажам е дека треба повеќе да бидеме присутни во моментот и да ги оставиме мобилните телефони во џеб/ташна. Да не бидеме оттуѓени и диви меѓу народ додека сме поврзани онлајн со нешто или некој друг, што не е присутен. Додека сте излезени со друштво, навистина не е убаво да зјапате во телефон наместо да се посветите и разговарате со тие до вас. Додека чекате автобус или нешто, не мора секогаш со слушалките да сте или занесени во телефонот, можете да остварите контакт со некој друг што чека. Колку пријатни кратки разговори сум имала така. :sun: Забележувам дека се' помалку посегнувам по телефон кога има луѓе околу мене и многу ми е мило што е така. Нормално, социјалните мрежи и апликации за разговори се тука за наша корист, да се поврземе и да комуницираме со блиските, но не и да се исклучиме од светот околу нас.
     
    На Heavy Feather, carangigia, Rozevata и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.480
    Допаѓања:
    33.333
    Пол:
    Женски
    Блазе си ви што се замарате со туѓите животи, гледам колку ви е "исполнет" вашиот. :) Screenshot_20240820-230236_Chrome.jpg Screenshot_20240820-230326_Chrome.jpg
     
  3. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    11.528
    Пол:
    Женски
    Многу ме потресе случајот во Индија. Еве сеуште не можам да разберам како можи некој да биди таков монструм. Па мажот како физички посилен пол треба да е заштитнички настроен кон жена. Немаат ли тие монструми мајка, сестра. Мора да се воведат најстроги казни за секое силување. Болни умој, психопати пореметени шетаат по оваа земја. За нив јавно измачување и бесилка
     
    На nextredstyle, hermosa и Anie93 им се допаѓа ова.
  4. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.404
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
    Само толку.

    upload_2024-8-21_0-19-46.png
     
    На L.i.n.a.a, potatoface, FridaodaMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Ivicka_1993

    Ivicka_1993 Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2024
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    281
    Пол:
    Женски
    Се има на овој свет,па и ситуацијата која ја посматрав од страна.
    Добро бе, жени/мажи независно за кој пол се работи.
    Толку ли немате его и самопочит па да молите некој за љубов и внимание.
    Ке ти ја дигам цената, а тебе целта ти е да ползам пред тебе и да ти се молам за еден бакнеж,допир и сл…
    НИ МРТВА.
    Јас сум тоа што сум,без маски лаги и игри.
    Ако си за БУЈРУМ,ако не можеш слободно да ја затвориш вратата од другата страна.
     
    На Трагедијаупмм, mizantrop и liliput22 им се допаѓа ова.
  6. marsilia

    marsilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2023
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    2.465
    Пол:
    Женски
    Кој не т.е ме убедил дека виолетови нијанси на кармин се убави и со кој памет сум ги купувала пред неколку години? Вчера фрлив 9, да д е в е т виолетово дречави кармини, скоро неискористени воопшто.
    Криво ми е за фрлените пари на глупости, се тешам дека биле сите евтини брендови и немаше поскап кармин од 250 денари.
    Не можам да се сетам само, кој го имаше почнато трендот со виолетовите дреч нијанси кармини? :|
     
    На NPN, hermosa, Anie93 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.618
    Допаѓања:
    8.986
    Пол:
    Женски
    Ми се чини кога гледам серија ,филм од поодамна колку и да ми се враќаат чувствата од тоа време кога сум ги гледала,сега ги гледам ладно ,студено ,без емоции само на мене ли ова ми се случува?Се е оладено многу ,или јас сум сум таа што станала бесчувствителна? Бидејќи сакам кога гледам нешто да е како што е прикажано со тој интензитет на емоции, само за ова мислев од вчера вечерта .
     
    На Herrera, Lavender4 и Anyshka им се допаѓа ова.
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.539
    Допаѓања:
    78.661
    Пол:
    Женски
    Она ретардирано "pick me" е измислено од женски особи на кои очигледно им е криво што има некоја што на некој начин се одделува од мнозинството и не се претопува во нивната типичност. Нека им биде, ако така се чувствуваат подобро со себе. :wasntme:
     
    На ToksycznaReakcja, INNERBEAUTY, potatoface и 2 други им се допаѓа ова.
  9. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.900
    Допаѓања:
    123.259
    Пол:
    Женски
  10. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.942
    Допаѓања:
    54.745
    Пол:
    Женски
    Една година назад, на истава дата ова време, колку сѐ беше поразлично. Колку бев возбудена за следниот ден... и сега сум, само за сосема трета работа откако животот ми се преврти за 180 степени наопаку.. ама преживеав..
    Само не можам да не се прашам: уште колку, животе?
     
    На nextredstyle и Tinaaa им се допаѓа ова.
  11. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.480
    Допаѓања:
    33.333
    Пол:
    Женски
    Ако ви се доверил некој, значи имал доверба во вас.
    Не го злоупотребувајте тоа никогаш, па дури и односите кога ќе ви се нарушат и ќе престанете да се дружите.
     
    На MakeDamnSure, IJAE, hermosa и 3 други им се допаѓа ова.
  12. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    11.528
    Пол:
    Женски
    Го гледав видеото со Зоки, ме растажи. Сепак колку и да го хејтате не е лоша личност. Се надевам дека се ќе биди во ред и во оваа битка ќе излези победник.
     
    На MakeDamnSure, franca, LiquidLuna и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Oriental

    Oriental Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2023
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    513
    Денес сѐ ми е розево.
    Не ме деранжира можната исклучена линија на автобус.
    Ниту дополнителните триесет минути на работа, ни немањето клиенти приватно, ни отказот на работа.
    Што више рамно ми е зошто знам дека ќе се среди и чека нешто боље.
    Сакам повеќе вакви денови, со прогрес и поддршка во кои ништо не може да ме допре, бидејќи знам дека имам до себе нешто вредно за што вреди да се борам. :f::sun::music:
     
    На Трагедијаупмм, Rozevata, Anie93 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.122
    Допаѓања:
    11.878
    Пол:
    Женски
    Тешко е да си црна овца во општеството денес но и прејако истовремено. :inlove: Посебно во денешното утепано општество, предизвик огромен е ама и гордоста поради тоа што си таков е огромна.

    Не се мењам за жива глава па што сака нека е. Нека сум контраш за останатите, не ми е гајле.

    Кој бил во право ќе видиме на крај тоа. :) Предврме не треба да се кажува ништо.
     
    На Anie93, Malesia, quattro и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.404
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно Војо треба да биде директор на Зоолошката и тоа и како директор да си се пензионира.

     
    На Cindy.A99 и FridaodaMk им се допаѓа ова.
  16. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.480
    Допаѓања:
    33.333
    Пол:
    Женски
    Самата себе си се изненадив колку лоши работи дознав за некои личности.
    А истите тие личности на сите им солеа памет и за бракот (па ако им се пожалеше некој од мажот нешто ги советуваа да се разведат), е истите тие простиле неверство.
    На секој може да му се случи не дај Боже, ама не можеш на некој да му солиш памет да се разведе за мала ситница.
    Ниту животот не е идеален, ниту бракот.
    Никогаш не вели никогаш, во животот се случуваат непредвидливи работи за кои не сме ни сонувале.
     
    На st-el, SummerGirl и Осе им се допаѓа ова.
  17. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.445
    Допаѓања:
    5.398
    Пол:
    Женски
    Лузерчиња, нарцисоидни лузерчиња...
    Пробување да снижите нечиј сјај
    нема да го снижи. Ни појача вашиот.
    Што више, го снижува вашиот само.
    Уште ли не сфативте? Нема и никад.
    Е затоа ќе си останете обични лузерчиња.
    :angel:
     
    Последна измена: 24 август 2024
    На Anie93 и Malesia им се допаѓа ова.
  18. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.380
    Допаѓања:
    2.641
    Пол:
    Женски
    Желбата да не сум со народ ми е се поголема :D До каде сме со културата? Изгледа до никаде.
     
    На Keiner и SummerGirl им се допаѓа ова.
  19. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.445
    Допаѓања:
    5.398
    Пол:
    Женски
    Оригиналност цвета.
     
  20. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.480
    Допаѓања:
    33.333
    Пол:
    Женски
    Море- лек за стрес. 20240825_141250.jpg
     
    На izabela.nik, Anie93, st-el и 3 други им се допаѓа ова.