Не сакам да бидам нечија резерва. Ни за љубов, ни за пријателство. Не знам како други се помируваат со тоа. Нема поголемо ругање на себеси од тоа да прифатиш да бидеш нечиј план Б кога му е досадно.
https://www.radiomof.mk/talibancite-im-zabranija-na-zhenite-da-peat-i-chitaat-vo-javnost/ кажи ми дека си болесник без да кажеш.
Никој не е совршен и секој различно реагира во одредени ситуации, нема потреба да се мешате на други кој како покажува емоции
Наместо да го анализирате туѓиот двор дали е "чист", анализирајте си го вашиот, што имате по дома и кого прибирате. Не секого се прибира по дома, ама така е кога не знаете да процените личности, не секој што ви влегува дома ви мисли добро, секогаш непријателот ви е многу близок и додека му варите кафе кој знае што ви мисли, па и ќе се обиде да ви "земе" дел од вашиот живот, секако ако не се освестите на време и дозволите да ве изманипулира. Не е секој со добра намера, изгледот лаже.
Радознали од секогаш имало, не дека се засекирале за вашиот проблем, туку да имаат што да трачарат. Не сте им важни вие и вашиот проблем. Е токму поради вакви радознали, и утре што ќе ми го удираат низ нос тоа, не фала, не ги кажувам веќе проблемите на никој, се научив сама да се соочувам со проблемите, без разлика дали се здравствени или не. Фали ви радознали што ме научивте сама да се соочувам со се.
Не ми е јасно како кога се работи за здравје, за заби и слично, се им е скапо, а за нокти, трепки, филери, ботокси, теретани не им е. Разбирам дека треба и да изгледаме убаво, средено, ама може и дома да се средиме, здравјето е поважно отколку да имам вештачки нокти и трепки. Убавината доаѓа одвнатре. Внатрешната убавина е најважна.
Форумов е место каде што, ние подолго активниве членови, можеме да си се навратиме на старите ние, на нашите мислења од пред неколку години и да се потсетиме на некои периоди. Тука сум пишувала и кога ми било добро и кога ми било тешко. Убавите и ведри, навидум безгрижни постови во ФМЌ ми измамуваат насмевка, малку носталгија, а некои други каде сум се искажувала кога ми било тешко, ми носат мисла, мала утеха: Ете, поминало тоа, мачно било ама го преживеа, значи и овој тежок период ќе помине... Се' ќе помине... Интересно е што форумов ни е како еден мал времеплов.
Откако променив исхрана, почнав да вежбам и да губам килограми сум како нов човек. Дефинитивно, не се препознавам. Во најдобра конотација. Толку уживам во целиов процес, што мислам дека никогаш повеќе нема да се вратам на стариот живот. Многу повеќе читам, гледам филмови, далеку посмирен сум, среќен. Едноставно, живеам.
Вчера сте се запознале и веднаш почнува со "мила, срце, душо". Од овие зборови ми се . Не е ништо друго освен лигавење.
Толку многу се нервирам и си патам од мојата доброта и наивност и цело време си викам од денес ќе бидам друга, нема да бидам добра со сите,ке се ценам повеќе,нема да дозволам да ме газат и да допираат до мене секакви приказни .Ама не бе не бива. Значи уште од мала и еве 25 ке направам и уште сум таква, за друг да има за мене немора... Последното ќе го дадам само другите да се среќни.Сé допира до мене... Не жалам,но барем да се цени таа доброта ..ама што барам јас во денешно време (невреме) И на крај, криви сме си ние! Така и ни треба.
Кога јас одев во основно, па и средно, беа тоа времиња каде наставникот ни беше светост. Дури некои го нарекуваа втор родител. Го почитувавме човекот од кој добивавме знаење и се учевме на дисциплина и навики. Некаде нешто тргна наопаку, за денес да има и подруги кадри и подруги ученици, генерации кои од воспитно образовните институции излегуваат недоописменети и со никакво однесување, манири и почит. А од дома почнува се', точно, после другото. На младите е иднината, блазе нам.
Некад се запрепастувам колку постојат двојни стандарди за мажи и жени, пример бесна сум колку им е дозволено на мажите да се "запуштаат" со текот на годините, не се они тие што раѓаат, а сепак жените го јадат стапот дека мораат да бидат средени и нема изговори да се запуштаат кога имаат деца. Битно мажот мора да помине низ природниот и неизбежен процес на седење во кафана и задоволување на големиот мушки апетит, ама некако прифатливо е, пивскиот стомак е симбол на прав балкански алфа мажјак. Од каде им правото да се толку опуштени кога веќе на 30 години немаат коса на глава. Јас да сум на место на машките кај паровите што ги гледам на инстаграм секој ден би ги броела своите благослови и би се обраќала на жена ми со Ваше Височество пошто..... yeah.