Пред да почнеш да ми судиш за мојот живот облечи ги моите чевли, тргни по мојот пат, помини преку планините и долините, почувствувај ја болката и среќата, помини низ годините по кои јас минувам, падни пред секое камче кое ми е препрека... Стани и повторно помини преку истиот пат како што тоа јас го правам.. Е дури тогаш можеш да ми судиш.
Нешто за кое некогаш си молела и би направила сѐ да го добиеш, сега ти го даваат толку лесно на тацна. Ама сега не ти е гајле, не сакаш баш, не од нив. Со самото тоа што не доаѓа од каде сакаш, самото нешто како сосема да губи на вредност. Да ти е*ам тајмингот. Зошто ништо не се погодува и зошто сме комплицирани?
Срцето ми е скршено на милион парчиња. Мојата потпора во животот, мојот човек, трет родител, најблизок на свет, тоне. Јас не сум друѓељубива личност, ретко се зближубам со луѓе, ама овој човек ми домесе непроценлива вредност во животот. Не си оди. Те молам.
Многу мразам дволични. Кога се работи за нив тоа е во ред, ама кога се работи за други "пу пу не важи тоа". Дволични секогаш имало и ќе има.
Од машки јавни фаци мора да признаам дека Боки13 и Варошлија ( по мене) предобар стил. Боки некад не ми се слага. Ама Сергеј врв
Основни работи се учат уште во предучилишна возраст од дома. Не ми се верува како некои на 30-40 години да не знаат основни работи. Или од дома не ги научиле/воспитале, или не сакале да знаат. Секој треба да знае основни работи и кои се обврските во животот. Тој што не сака да научи, ќе наоѓа само изговори. Што држи земјава...
Септември иако е мој месец никогаш не сум го сакала. Затоа што се почнуваше со училиште, зимници, утрата и вечерите се свежи, а преку ден пекол. Мразам есен затоа што кај нас одамна нема, или е премногу топло или ладно, да не знаеш како да се облечеш. Сакам лето, кога ќе ми текне дека иде зима се ежам од самата помисла, па јакни, чизми, цела зимска опрема...
Никогаш нема да ми стане јасно што некои луѓе гледаат убаво во есен и зима? Кратки, ладни денови, тмурно, депресивно време. Облека 10 слоја на нас, па врне, па дува, па мраз, ужас. Златно лето, убаво,весело, сонце, раздвижен народ, мераци. Зимно време по улицине само некое куче може да те спобрка, ништо друго. Овошје на претек, зимно време помаранџине и јаболкине и бананине во стомак ни никнуваат. Сите по дома сме родени во лето па можеби затоа толку го сакаме
Пробувам неколку пати во месецот да си скратам од пиење кафе надвор, за да донирам пари на некој што му се неопходни. Многу ме потресува кога се работи за дете. Можеби во иднина ќе можам да ставам и некој денар на трансакциона. Нашето малку може да му помогне многу на некого. Пробувам секојдневно да бидам подобар човек пред се за себеси.
Добро, комарците толку ли се имуни на се? Единствено што мразам во лето се инсекти (посебно комарци). Не знам колку спрејови потрошив, џабе, бетер ме касаат. Порано се знаело, имало навечер комарци, сега преку цел ден, уште од сабајле ме испокасаа, не знам колку пати шприцнав спреј, не помага. Не знам што крв ќе имав па толку што ме касаат.
Секогаш на почеток на септември имам некое bittersweet чувство, половина едвај чекам поладни денови и убавината што ја носи есента и половина носталгично чувство за лето помешано со спомени од сите други сезони во мојот живот. Посакувам да не ме исполнуваше толку лесно меланхолија.
Како што имам кажано и порано- жена на жена е најголем непријател- докажано. Читам коментари од жени и не можам да се изначудам. Како е можно жена за жена да коментира дека не било во ред да роди на 40+? А дали знаете дека можеби со години се борела со стерилитет? Ама неее, само да се плукало. А сите што коментираат така имаат ќерки, срамота е така да се коментира, утре не знаете што ви носи животот.
Кој си има ќе си има. Кој си нема, со очајни сили ќе си пробува да убедува дека има, завидува, цркнува, пробува безуспешно да краде, уништува туѓо... . Пак си нема* Tale as old as time. За се ова во животот, општо. И така.
Уште ова само. Опкружете се со добри, паметни, добри, автентични, креативни и исполнети луѓе, разликата е огромна, односно клучна.
Многу ми е "криво" што во мое време кога бев прваче и Фтораче немаше фб за да се сликам со тортата и да пишува "со среќа Фтораче".
Човекот е совршена креација, целиот организам, секој орган, секое едно делче на нас и секоја клетка. Сепак, има едно нешто што не ни требало во тоа совршенство - влакната. Кога веќе ги отстрануваме, подобро да ги немавме. Мразам депилации и бричења од дното на душата.