Колку сте само ситни души што се ситите и се смеете на туѓата мака. Наместо да си ги гледате вашите проблеми, вие се ситите на туѓите. Гледам колку ви досаден животот и немате свој.
Единствена реклама на која верувам е на Дормео дефинитивно. Секад кога не спијам на мојот кревет и перница, ми патат вратот и грбот.
Денес во парк имаше детенце со аутизам, многу слатко, срце, душа, боже зошто постојат такви болести, многу ми падна неубаво во душава, особено кога ја видов тагата во очите на татко му, му идеа солзи, душата му плачи, зошто нема лек за тоа
* Преземено од муабети. Среќен 8-ми септември. Натнаа костуми и ете ги честитаат. Но, на кого и за кого? Републиката одамна е во пламен. По секој нејзин непријател треба да се фрли камен. Таа едвај стои. Иситнета, мачена и растргната од непријатели кои до ден денес сакаат да ја докрајчат. А, народот што прави? Едната половина од него плаче за неа, другата половина од него спие без да мисли на неа. Паднатите борци се превртуваат во гробовите од срам поради незаинтересираноста на нивните алчни, извалкани и кукавични потомци. Деловите од територијата отидоа. Името за кое со векови се бореа отиде. Тие потомци молчат наместо да ги казнат продавачите и предавниците, одат и работат со нив. Ги гласаат. Им даваат пари на непријателите. Непријатели кои им ги распарчија фамилиите во битките и војните. Алчноста ги мазни. Дај Господе симни се на земјава, па одреди им казни. Еј, море какво лошо семе станало. Турците добро велат вие немате колективна душа. Глас не ви се слуша. Поради тоа пет векови ве владеевме. И поради тоа и други ви грабаат сопственост и ќе ве закопаат. Ние го славиме Сулејман, а вие со Александар што сторивте? Лесно го дадовте, а кога ќе одите на оној свет тој ќе ве погледа бесно и разочарано. Исто и Гоце. Дозволувате оние кои го уништија сега да го претставуваат како нивен. Дозволувате вашите деца да учат лажна историја со туркање на вистинската во заборав. Застранивте од Бога и меѓу вас нема слога. Не се сакате. Дур нечија рана крвари, вие стоите на страна наместо да му помогнете. Ако продолжите да молчите, од вас нема да остане ништо. Ниту сенка.
„Секоја наметната љубов, па така и онаа кон татковината, ги сметам за длабоко перверзни” Дубравка Угрешиќ (Култура на лагата)
Среќен 33ти роденден државичко убава. Стварно си убава, и има шо да се види. Само малце да стегнеш заби и став, за да не те газат од орли до комшии.
Мразам исфрустрирани баби, шо ќе дојдат и ќе ми кажат дека ми е време за деца раѓање. Ок бабе, ти на мои години си го родила петтото дете, на 15 првото, а си се омажила на 14, еден месец од ко ти дошла менструацијата. Јас и ти не сме исто. Ок. Намали комплексите и ој гледај турски серии, никој не ти побара мислење.
Периодот на лоши моменти , паѓањето во депресија , па застанувањето на нозе па пак паѓање па донесување лоши одлуки , па доведување до рамнодушност , па грешење на патот па губење контакт со реалноса ,немање чуство за ништо , па сето тоа скапо ме чинило но си ветив на себе си дека нема да се навраќам на мојот порок што "лечев" депресија и аксиозност , си ветувам на себе си дека ќе бидам посилна и нема повторно да паднам и дека разбрав дека лоши периоди имаат сите но со тоа треба да се помириме но не да се изгубиме
Не мора да се лутите коа ќе ви речат дека сте вработени преку партија со врски. Не знам луѓево, ко ќе му се рече в лице нешто се лутат па и увреѓани бе.
Народов им избега.Немаат вработени.Келнери, работници, чистачи и останати отидоа во странство. Викаат не било убаво, а сите таму си отидоа.Дојдоа од другине држави да им рмбаат.И тие ќе видат за кого работат, ќе си отидат.
Да прекинеме да мешаме личен стил со нехигиена и неуредност. Мрсна долга коса и излупен црн лак на нокти, не личи на ништо. Не сте алтернативци, неуредни сте. И сапун и вода важи за сите. И Бред Пит е БП, ама смрдел корнел.
На некои личности и без да си им направил ништо лошо трн си им во око, секогаш ќе те обвинуваат иако знаат дека си во право, ама на таквите не можеш ништо да им докажеш, само игнорирање на такви личности. Па кога ќе видам дека некои им докажуваат нешто, па им праќаат докази, итн... Не мора никој да ми верува, ама да докажувам упорно дека тоа е точно нема шанси. Кој не верува многу ми е гајле, нивен проблем, ама додека не им се случи такво нешто на нив нема да веруваат. Ако некој ви каже некој проблем нивен или на нивни блиски, ако вас и на ваши блиски не ви се случило, не значи дека личноста лаже. Ама лесно е да се обвинува и критикува.
Пишале на оглас плата 25 000 денари и се чудат зошто никој не се пријавува на огласот. Па не се будали да се нафатат да работат за таа плата, која ќе им отиде за превоз, храна и сметки. А кога ќе ми текне дека еден период минималецот беше 8 500
Да се надоврзам на муабетот од погоре. Еве колку се платени воспитувачите по ПРИВАТНИТЕ ГРАДИНКИ. Пошо мислите дека се луксузни. Внатре, да, можеби се, и ќе си речете прекрасни газди, леле какви вработени. Не, драги, поќе од пола од вашите /нашите пари одат кај лакомите газди. И пред да им се сипаме на вработените, да се обидеме да ги сфатиме, да бидеме една минута од нивна страна.
Ако почнеш ми докажуваш дека можеш без мене, јас уште подобро можам да ти докажам дека можам без тебе.
Е*ете се, е*ете се...у која год конотација. Ако уште не ви е јасно, никого не го тоа занима, и да, досадни сте. Aјт.
Еден ден ќе си имам убава куќа со зелен двор во кој ќе пијам кафе со љубовта на мојот живот и се ќе е океј.