Кога за абортусот имаш мидл граунд став, но некои створења секогаш умеат да те потсетат зошто е валидно абортусот да постои како легална опција: Аман, луѓе. Не правете деца ако не знаете да ги воспитате правилно. Планетава е за никаде поради злобници кои за џабе ѝ го трошат кислородот.
Добро е што сега се продаваат шолји за кафе и чаши на парче, а не цел сет како порано, инаку уште една кујна немаше да ми ги собере. имам Не можам да одолеам на убави шолји за кафе и чаши за коктели, и за убави чинии (и такви купувам по две). Цел сет имам два за кафе и тоа едниот со тацни ми е од 4 (немаше таков со 6) и едни секојдневни од 6. Другите се ми се по 2 (за мене и мм). Исто и чаши сетови имам за вино (бело и црно), за пиво, за ракија имам неколку, коњак, узо... За коктели и цедено овошје се по две купувам, ако купам цели сетови од 6 нема кај да ги ставам.
Будалите не можат по магарето, па удираат по самарот. Ама, инаетот го тера магарето да ги клоца по задникот.
Она кога премногу ќе си го заштитиш мирот и поставиш граници па нема драма, станува дури малку досадно и сѐ што правиш е работа, дружење со 3 луѓе и спиење. Не се бунам ич.
Има ли некој што не е шлаке таке на форумов?! Као постои нешто наречено, real life, живеј не типкај .
Не сфаќам како може бесцелно да седите со месеци и години. Нит учат, нит работат. Запишан на факс, не знае ни како изгледа. Ама битно ги знае сите кафичи и дешавки. Не оди така бе браќа, мозокот кикирика..
И што е убаво ладново не ми е јасно? Да не можеш на тераса кафе да пиеш, наоблечен (не трпам многу облека), раце и нозе ладни, само да седиш под клима или камин, ништо не ми се прави на ладново. Ах златно лето веќе недостасуваш.
Да, постои психологија. Да, дури и во Македонија. Да, постојат (карактеристики на) јаки и слаби карактери и личности. И изградени и неизградени. И личности кои постојано работат на себе и се доградуваат, и личности кои постојано (би да) си ги правдаат с*ањата. И самосвесни, и делузиони. И искрени, и (квази) манипулативни. И здрави и креативни, и токсични и деструктивни. И емпатични и автентични, и нарцисоидни и лажни, . И да, постои (огромна) разлика меѓу едните и другите. И не, не сме сите исти. Така што може и Шејкспирови поеми, поетики и романтики и се, ама прво да видиме кој од што е изграден. Зошто не побогу, не сите сме (ни способни ни свесни, ни знаеме што е тоа)љубов.
Друга ствар. Така што тоа би било тоа. И среќно ви двеидваесчетврто лето Господово на Земјата. А да, успат и Сатурн и еклипса во Риби.*
Апдејт:Личности кои едино сакам околу мене и ме интересира да чујам совети. Првите од постот од погоре*, и оние кои: Другото е фала, лепа, игнор, довиџења. #worldpeace
Ебати баксузот! Сите си потпишаа договори и сега си се раат само јас дремам во неизвесност две години. Што у пизду матер не е у ред со мојов живот??? Си скапав од чекање, ај денес ај утре и на крај пак ништо. Барем да знам на што сум вака ќе се умира во неизвесност.
Нема посмешна слика од луѓе што се алергични на разум, ама затоа за тој недостаток надоместуваат со нереални нивоа на самодоверба, дрскост и нула self awareness.
Имаше еден цитат "Целата убавина може да ти се избрише за 2секунди со една обична марамица за бришење шминка". Епа така е и со" самодовербата" на кревките уфилмани егца.
Колку само, многу, нагли и брзи промени одеднаш, и добри, но и лоши, се издесија за овој скоро-век општествено. Дали и успеавме да ги искористиме и им се наживееме максимално па успат, пред да се заситиме или не, и преминеме на следната промена ентузијастично. Дали и уште сме свесни и навикнати е прашање. Последиците од тој ролекостер, тек останува да ги гледаме. 90етите ако ништо друго требаше да траат подолго.* #форевртугазадевеесетите Баш вака, како во спотов.
..убавината ќе помине (ама стварно, да не се лажеме. Освен ако не е генетика, па евентуално позабавено стареење) и парите ќе се истрошат кога-тогаш и на крај ќе останете соголени до коска со тој што е до вас. Онаков каков што е. Само се надевам дека нема да се разочара кога ќе мине деценија-две и дознае дека пола живот бил класична..мета. На материјалното. На вакво никакво се сведе денешното, човек да се пази и скептично да се поставува во однос на она што стои до него.. Глумите ли емоции? Каде бегате од себе (ако воопшто бегате) после тоа? Се гледате ли убаво пред огледало, онака какви што се знаете какви сте? Сочувстувам со сите кои некогаш биле жртви на материјалната корист. Сега збор-два за она вистински убавото. Човек ако не ви е мил, ако нема некоја светла ѕвезда што ве влече накај него, да речете еве го мојов (со гордост оти е ваш, единствен, онаков каков што не е никој друг) врска си немате од љубов.
Кога здравјето ти виси на конец, повеќе ништо не ти е важно... Џабе ти е се кога немаш здравје. Не ги разбирам луѓето само што ги интерсира имот. Богатиот има 1000 желби, а болниот само една...
Есен, шеташ, улици влажни по некоја будала со кола ќе те испрска од тоа вировите. Шеташ, шеташ и нешто смрди кога тоа кењежите на чавките се умацале на влажниот тротоар, бзди, корне. Чисти есенски ноќни романтики, не знаеш дали ќе го преживееш потопот или во воздух отровот од гнасни миризби, кењежи, чадови од горење што се најде за затоплување. Лето златно, топличко. Ептен се осеќа дека исчезна.
Нема нешто поубаво кога совеста ти е чиста. Колку сакаат нека зборуваат, кога знам дека совеста ми е чиста, а тие што измислуваат тоа е нивен грев. Пред да измислувате некои работи, приложете докази, без докази џабе ви е.