На форумов врие од машки манијаци. Те заследуваат, ај им даваш прилика си велиш сакаат нешто да прашаат кога тоа само за да те изнавреѓаат или те манијачат заследувале. Ми се гади од таквиве. Добро имате живот надвор од форум или толку сте незабележливи во рл па за манијачење заследувате профили? Ужасссс, бљак
Неколкуте нешта кои ме инспирираа да направам некаков длабок рез во мојот живот (веќе се уходувам во инспиративни наслови и долги статуси) Имав среќа да учам во основно со прекрасни деца во мојот клас (без исклучоци). Не планирам да го идеализирам тој период од мојот живот, но, навистина гледајќи од дистанца на тој период од мојот живот можам да забележам дека тоа беа, пред сѐ прекрасни деца (зборувам за мојот клас, исклучиво. Секако, познавам луѓе кои што сѐ уште влечат трауми од Песталоци). Но, да се вратам на случката. Пред неколку месеци случајно сретнав еден од соучениците, застанавме на цигара и кратко поразговаравме. Онака, лагано - ништо од сериозни теми, ништо суштинско, ама во тие десетина минути јас сфатив дека тој е истиот тој (секако, надграден де, ама суштината) човек кој го познавам од основно и живее убав живот (секако, ова е само моја претпоставка или претчувство, не мора да е вистина, ама оставам простор да е). Некако, таа средба, колку и да беше безначајна, ми даде желба да го изградам повторно тоа дете, кој по патот се изгуби. Некако, секогаш, ама секогаш сум се радувал за убаите нешта што им се случуваат на убавите луѓе. И да не ми се блиски, но и да ми се, секогаш сум се радувал кога живеат нешто убаво. Признавам, можеби сум бил завидлив само на луѓето кои ги сметам за кретени и им се случувале работи кои ги сметам за убави, но ете, работам и на тоа - да не го доживувам тоа на таков начин. Убаво е да се сретне некој што продолжил да биде тоа што бил, што ниту стартната позиција, а ниту патувањето не го расипало. Не сум во постојан контакт со соучениците, освен со пар од нив, но знам дека се добри луѓе. И, секако на местото на тој соученик можеше да биде кој друг од класот и повторно ќе го доживеев ова. Непосредно, пред да одам за Варшава почнав да ја препрочитувам Елиф Шафак. Прочитав една книга, прочитав друга книга и сфатив дека повторно ќе ги препрочитам сите нејзини книги. Читајќи го вториот роман сфатив дека нешто во мене се менува. Најпрвин, чувствував и не можев сето тоа да го пренесам во живеењето, но чувствував дека некои нешта почнуваат да искрат во мене. Тоа чувство растеше. Никогаш не сум се почувствувал така кога станува збор за книжевност. Да, речиси целиот живот сакам да читам. Да, сум доживувал дразби - читајќи, но на овој начин никогаш. Имаше еден цитат Орхан Памук, кој би го парафразирал - ќе прочиташ една книга и ќе ти го промени животот. Јас се чувствував баш така. Да, Елиф Шафак има еден слој кој што ја прави да биде лесна литература, поп литература и така натаму. Но, за внимателното око/или не само око, зашто читањето е многу повеќе од нешто што се гледа (уау, кажа голема работа), може да забележи многу контексти/потконтексти, дури и во тие моменти кога Елиф Шафак пишува патетично. Некако, читајќи ги една по една беше катализатор да се преиспитам. Да сфатам дека можам да живеам и поинаку. Или да се доближам до тоа што сум. Понекогаш, литературата има таква моќ. Да менува. Во целиот тој период ги слушав и сѐ уште ги слушам активно Sajsi Mc/Saul Williams. Слушајќи ги нив, сфатив дека можам да дојдам до тоа што сакам и на различни начини. Во некоја груба слика, звучно можат да се поврзат и двајцата, но во некоја потесна рамка, се разликуваат и во звучниот пристап и до начинот на кој го пренесуваат тоа што сакаат да го пренесат. Но, повторно - имаше нешто во моето уво(секако, не само во ушите, туку во моето доживување) што наоѓаше некои линии кои ги спојува. Секако, една од сличностите е тоа што тоа се изведувачи кои сосема автентично пристапуваат кон создавање уметност. Има нешто во нив, според мене, тие не одат наспроти ветрот за да одат наспроти ветрот и очекуваното, туку тоа е нешто внатрешно што ги води да живеат и творат така. Да ги преиспитуваат и не само тоа - околностите во кои живеат, односите, односите на моќ, патријархатот и сите насилнички форми. Во некоја политичка смисла - и двата артисти мислам дека заземаат некоја слична страна. Сол Вилијамс е многу активен на палестинското прашање и општо, борбата против моќните. Го запознав 2016 или 2017? благодарение на еден другар од основно. Многу пријатен човек, си помуабетивме и нормално, јас во секоја средба со човек кој го почитувам - малку се изгубив. Но, битно му кажав дека еден негов албум го слушам од средно школо и така натаму. Согледувањето дека овој период од неколку месеци, почнувајќи од средбата со соученикот до денес тоа што е заедничко на слушачки план е активното слушање на овие двајца изведувачи - некако сфатив дека и тоа е дејство кое влијаеше - откривајќи нови агли на слушање до создавање нови контексти на постоење. Тоа дете, кое беше четврто одделение, во Вулкан на својот прв концерт - Murder disco X би било среќно кога би ја видела неговата повозрасна варијанта како повторно ја наоѓа страста на слушање музика. И дека музиката, можеби е мојата длабока поврзаност со човештвото. Знам дека во споредба со целиот живот - овој месец во кој се чувствувам дека сум нов човек е ништо. Односно, дека е краток период, но јас знам дека овој човек ќе постои од тој момент кога решив да постои понатаму. Да, јас го почувствував тој импулс откако сменив исхрана и почнав активно да вежбам. Секој што ме познава доволно долго (А сега и тие што не ме познаваат ((ни доволно добро, ни воопшто) - знае дека јас со прекини пијам три години анти-депресиви(но, сега ги намалувам и мислам да ги оставам во догледна иднина). Од релативно скоро почнав редовно да одам на психолог и така натаму. Сакам да кажам, понекогаш не е доволно само да се вежба и да се внимава на исхрана. Едноставно, човек мора да направи услови во кои тие промени ќе процветаат.
Многу мразам кога некој постојано ми бара услуга, да не речам питачи. Аман веќе, дај ова, дај она, дојди ваму дружи ме, дојди таму мислааам, луѓе сме, ќе си се најдеме еден на друг, ама на некои луѓе ко да треба постојано да им си на располагање. Им даваш прст, ти земаат рака, не знаат ни благодарам да кажат што им слугуваш, ама еднаш ќе ги одбиеш, е тоа ќе ти го паметат 100 години и ќе ти го вадат низ нос
Во ред е некоја евтина храна (на пример виршли) да не ти се свиѓа и да не ја јадеш. Не е во ред да ја ругаш кога за друг е единствена опција или е негова лична преференца. Не е во ред и да ја ругаш личноста која ја јаде таа храна. Некој ни таа храна ја нема, а ти паѓаш од смеа во раскошот што незаслужено ти го дале. Да даде Бог и за таа храна да немаш пари бидејќи не знаеш што значи сиромав и тежок живот, а така ќе дознаеш. Дигнати и распрдени не заслужуваат ниту корка од сув леб.
Имав заборавено колку е интересно да имаш привремен краш на некого, обично недостижен, без компликации посакувања и замисли, со 0% очекувања и поминува брзо и сосема безболно. Онака само ти е интересно во моментот и најверојатно најмногу се должи на admiration.
И во рл да ти вриело од манијаци покрај форумскиве што душебрижно по вреѓање да смири топка по извињење се секира што младата дама вака касно не спава Е од рл ми вели еј ти си редовна тука, е арно де ќе те памтам по манијакалноста по ништо друго, нит си шармантен нит ми остави впечаток за продужуење муабет. Се смеев на времето кога гледав девојки со огромни слушалици на уши, ама тоа ќе да е спасот од манијачиЊа у рл. Него шу праиме со тие со кои се договараш да се видите и разговарате исклучиво за кариера и работа елем иста фела и он ти вика абе моиве скаат да се женам и јас си барам вака како тебе сериозна и фина за жена. Мислам, бљакккк, а фин момак е уосталом ама нема шлиф, кликер што, кога и каде и пред кого и од тие причини кога и да го видам ме фаќа ненормална смеа, а морам да сум строго професионална елем работа нАли? И така од муките со ваквиве и толку за вечерва од нив.
Ми недостасува физичкото сопостоење со тебе, и она што дојде како последица на тоа. Ми недостасува природната хемија, нежноста на твојот допир, удобноста на твојата прегратка, топлината на здивот на мојот образ, бакнежите на чело, заспивањето во spooning позиција, осетот за интеракција, складноста на движењата на твоето и моето тело во различни сценарија. Ми недостасува да седам потпрена со грбот на твоите гради некаде покрај река, додека подголтнувам непробано крафт пиво од лименката и споделуваме кому како му се допаѓа. Ми недостасуваат нешта кои не би требало да ми недостасуваат. Ми се појавуваат мисли кои не би требало да ми се појавуваат. И точно во тој момент се најдуваш да ми напишеш порака, после толку време, додека пробувам да засакам друг човек, бакнувајќи го на некој паркинг во туѓ град... Додека пробувам да си објаснам дека неговиот допир е исто така топол и полн чувства, дека неговиот здив на моето уво заслужува да биде исто толку сакан колку што беше и твојот, и дека неговата прегратка продира исто толку длабоко во мене како и твојата. И со самото тоа веќе се чувствувам виновно. Виновно што те споредувам со него, што помислувам на тебе додека го гледам директно во очи, што посакувам елементи од нашето сопостоење во сегашното сопостоење со некој друг. Неморал. Срам. И немоќ да направам било што против тоа. Има и такви денови...
Има еден тип на жени што имам некаква посебна почит кон нив. Да се разбереме, не дека повеќе НИВ ги почитувам од жени кои до врвот стигнале тешко ... ама од друг аспект гледано зборам. Ја знаеш од мали нозе, растела пораснала девојка и почнала .. од 18 до 30 живот на најјако. Шетанки од типот се некој ја шета, друг и купува бунди, трет накити, четврт на одмор ја носи, дома неприбрана,факс може само ако факс се вика некоја кафана па да отиде у неа, 4 сезони од 4 е полугола, плава коса до под газ макар и вештачка... и оп! наеднаш свадба! наеднаш едно дете, па олд мани стил (сто пати поубава е вака дефинитивно тоа), оп уште едно дете, скапи коли, станови све. . . Сва част. Мирна на газ, прибрана, тоа е тоа. Сакам да кажам, и од јахтите на северина може да се роди Пепелашка.
"Ако му дадете на човек риба, ќе го нахраните за цел ден. Ако го научите да лови риба, ќе го нахраните за цел живот." - Древна Азија
Ај не се лигавте и не се прајте бе лелел многу ме нервирате коа се праите светици, а се лигавите. Има добри и лоши луѓе Има убави и грди Има паметни и глупи. Ги нема само овие лево. Тоа шо за мене е убаво и паметно, за друг може да е грдо и глупо, и обратно. Крај
Од кога знам за себе, каде и да чекам ред, за било што, некој пробува да се бутне преку ред. Или тактички од страна, полека полека, или директива улетува преку сите и влага. Не знам од каде влечеме ваква некултура, да сме некој уличарски народ, да сфатам. Ајде на помлад од тебе ќе му одржиш лекција ама на постар? 50/60-годишни, се бутка во пекара, се бутка на лекар, се бутка на каса во маркет, демек негде брза а пензионер е, го има цел ден. Биди човек, замоли фино, ќе те пуштам.
Чудо колку е читана темата Македонски јавни личности. На еден коментар, 20-30 допаѓања, ко да е напишана којзнае каква мудрост. Чудно како на некој му е интересно да трачари и коментира нечиј живот.
Коа идев САМО ВТОРА СМЕНА се обидував да им објаснам на луѓево дека кол центар не е седење само на стол, туку е психофизичка работа, каде што јас лично во денот зборев со 100 луѓе, просечно и им решавав проблеми Имаше викања, плачки и сл. И ти велат шефовите, не си зимај се при срце. Коа тие 100 ќе ги помножиш по 5 дена, 500 луѓе неделно, ајде по 4 недели.. И оп 2000 контакти остварував. Објавував дека буквално дома работа дома. Значи јас во 13 и 30 тргав и си идев дома во 22 и 30. Другарка, што иде само прва смена со гооодни, ми рече имаш време сабалје да станеш и да трчаш, вежбаш. Демек као имаш поќе време од мене. И таа работи канцелариски работат, и коа сака си зема паузи, коа сака пуши цигара, за разлика од кај мене, што јас имам фиксни паузи. Слободни празници, споени викенди, каде што па јас тоа немав. Едноставно не се споредуваат две работи. Само веќе почнав уште и тогаш да им велам, да така е.
''Great minds discuss ideas; average minds discuss events; small minds discuss people.''- Eleanor Roosevelt Не за џабе била жена на претседател, не само на изглед што имала, туку и во главата по нешто се нашло. Сепак и во нејзино време имало од тие што и завидувале и кој знае какви прикаски и кореле, ама ете ги опишани погоре на крајот.