Во свет каде што честопати се бараат или поттикнуваат емоционална контрола и снажност, важно е да си запомниме дека искреноста и ранливоста се најголемите доблести. Ако некој ни се потсмева поради нашите емоции, тоа е нивен проблем, не наш. Да бидеме горди на нашата способност да чувствуваме бидејќи нè прави целосно човечки.
Какво лицемерие посведочив денес од типот попот им замерува на верниците зошто посветено со тело и предано со дух не постеле во името Божјо додека во брадата му вири ковче од коковче. Значи врв и кулминација на лицемерие. Затоа ако не ве бива за нештото не бидете лицемери ви се приметува од далеку, да не пишам од брадата ковчето што вири ве издава.
Што е финтата со сликање г*мна од пелените по социјалните мрежи? Не ви е така малку..? Тааак, цела пелена распостелена. Не бидете гнаси, опишувајте со зборови ако ви се пишува. Само, поштедете нè од г*мнениците.
Старк цел живот се учам и никако да се доучам... да не бидиш емотивец и да мислиш дека ако ти сакаш да средиш некои работи, сака и другата страна. Имам особина од карактерот мој каде што сум чувствителен и емотивен и можам секого да го разберам, да се ставам на негово место, да се поврзам на некој начин, да се даде поддршка и да се гради некоја таква врска. Од друга страна има шанси, а се апла големи да се почувствуваш како најголем идиот во буквална смисла на зборот. Горд сум ама истовремено и нервозен, испаѓа како меч со две острици каде Старк е целосно во рани.
Некој имаше напишано: "За да избегнеш разочарување, земај ги луѓето онакви какви што се, а не онакви какви што би можеле да бидат". И ова толку ме замисли бидејќи уште одамна сум научена да го гледам потенцијалот во другите, наместо какви што се во моментот, и се надевам дека ќе им "помогнам" да го остварат тој потенцијал. А тоа скоро никогаш така не работи, што ми го докажува она што уште порано го сфатив: луѓето многу ретко се менуваат на подобро.
Да ти кажам дека на сон те сонив, ќе те излажам и тебе и светот цел, а и пред Бога ќе се огрешам, како грешник бесрамен. Ама дека на јаве те сонив секое утро со очи отворени, секој ден со раце сплотени кон Бога подадени, искажани безброј молитви во ноќите под ѕвезди безбројници, не ќе излажам ич. Сон на јаве кога сонуваш, значи дека сонот ќе го живееш онаков каков ќе го сониш. Така и би, сонот јаве ми стана, а јас со тебе, сон на јаве живеам, на Бога му се поклонувам, и му заблагодарувам, што сонот, јаве ми го стори. Син. ЗборовиМаркоВиденовиќ
Фејкалии абе препровалени сте, како да ви се каже, доста се брукате вака више. Дај направете нешо од себе, корисно паразити и патетикуси едни. Јаден тој (полу) свет кој ви го овозможува ова вашево, со се вас.
И со тоа ваЈда, да ја започнуваме есенскава еклипса во с. Девица ај. Секој со своите интереси и капацитети,ја сум ипак заузета жена.
Септември си помина, а најубав месец ми беше оваа година. После сѐ најмногу живнав, почнав повеќе да се смеам а помалку да плачам. Повеќе да уживам на сонцето и ветрот, во дружбите со луѓе, без да дозволувам мислите да ми натежнуваат. Да уживам во моментот дури трае наместо да тажам дека наскоро ќе заврши. Да осетам некаков спокој во душата, и повеќе надеж дека сѐ ќе биде океј. Наместо да останам да лежам, станав и се храбро изборив, и за тоа заслужувам сѐ најдобро. Септември ми беше голем чекор во моево healing journey. Во септември бев храбра и успеав да си најдам причина да продолжам. Си посакувам повеќе "септември 2024" моменти понатаму.
Имам приметено дека тие луѓе кои викаат дека немаат пари, имаат највеќе, а тие што се фалат немаат ништо, колку е вистина, кој знае
Факт е дека не успеав, ама пак сум подобар од нив што седат дома со скрстени раце и се плашат да ,,ризикуваат".
Да се збогатуваше брзо на шеми ко Конти и Лајонес никој немаше да оди на работа, светов немаше да води војни, луѓе немаше да умираат од глад... Стварно жалам што ги изгуби парите и стварно не знам како да ти помогнам сега. Ти кажував цело време дека ќе си во зијан, ти знаеше дека јас не те лажам... Сеа ти велам не давај пари на адвокати изгубени ќе ти се и тие. Знам дека нема да ме послушаш ама тоа ти е последен совет од мене. И стварно не сфаќам како им верувате на вакви луѓе што ве шиткаат на пирамидални шеми.. Сфаќам еднаш да те заебе некој, тебе мори еднаш со Лајонес, сега со Конти и памет не ти иде... Истите луѓе, истите шеми, истите загуби.. Сега здружете се дома некако да си го исплатите кредитот што си го земала за да го дадеш на непознати луѓе ти ебам алчната будала.