Гледам станчиња и кириички низ Европа, правам математики и се чудам како може сметките у Германија да ти испаднат пониски од сметките овде а да живееш сам или само со уште еден цимер. Магично. (и да, знам и вармите и калтмите, оке је, не пресметувам грешно) Ами у Лидлот шо е поевтино од КАМ, тоа како да го преболам, еве не знам. Е Шведска е скапичка додуша, ама тоа у гужвите таму по големиот град. И шведските села ти испаѓаат поисплатливи од нашето големо скопско село кога ќе удриш приход/расход. Во меѓувреме, на секое отворање огласи низ Скопје, гледаш дека си накачуваат на кирија, лека-полека. Де 10 евра плус, де 20 плус, де 30, де 50 плус. Живо ме занима дали ги виделе последните бројки, со околу 1 милион и 900.000 претплатници во мобилната индустрија, што според мене, дава некоја реална слика на бројот на жители останати овде. Дека нели, некој од фирма отвора, некој два телефони има, некој нема ни еден. Ениуејс, се прашувам уште колку останавме и уште колку од тие се волни да плаќаат ненормални цифри за недвижнини. Ќе пукне real estate bubble-от но ок, нат мај проблем. А ако направиш математика, ти иде поисплатливо да си купиш стан у Софија или Белград, пошо поевтинко му иде неголи стан во Карпош, пример. Ова немам проверено официјални податоци, од муабет со пријатели таму, шо си купуваат и продаваат станови прилично брзо и безболно. Е Дузи бе, инвестициски гуру заглавен у Мк. ГреФ. Фала на внимание, сама ќе се испратам.
Јебале вас животни јас да ви кажам. Го заборавате често оној синџир на исхрана, и дека човекот е најгоре. Можете да не се согласувате со него, да сметате дека е сурова формација.. и што уште не.. ама истовремено е една од многуте вистини. Ниеден друг вид нема да ве избере вас пред сопствениот, па кога ќе истропате глупост зошто човек пред животно, имајте ги овие 2 работи на памет. А има и мал милион други. Ве гледам како се претворате во она против што највеќе се боревте. Плитки, ограничени, лиги полни потсмев, его што мисли дека се знае, провокатори кои глумат жртви. Тажно е, во свет со толку многу бои, да гледате само црно и бело, свет во кој капачето има толку многу страни, да гледате само 2, во свет со толку многу вистини упорно да се држите до една. Вашата. Свесно да се затворат очите пред многуте нијанси од сите бои на виножитото. Не пати светот од неписмени и неедуцирани. Светот пати од полуписмени и слабо едуцирани. Тие се секогаш и секаде најгласни дека се знаат. Ќе пораснете. Има многу хоризонти за откривање на овој свет. За сите нас... во секое време.
Не знам дали повеќе ме нервираат отворени и прости шовинисти, или оние што жената ја бранат „витешки“ на ваков начин. Почитуван дечко што си лапнал 1.5k лајкови од normies, жената е првенствено СЕГАШНОСТ, своја личност. Заслужува да биде почитувана и како девојче, и како тинејџерка, цел живот и пред да стане мајка, а и без да сака да стане мајка. Да ѝ биде почитувана човечноста и интелигенцијата сама по себе, како што и квалитетните машки личности се почитувани од општеството just for the sake of it, а не поради помислата дека со спермата (како исто така неизбежен елемент) утре ќе создадат иднина. Додека не го сфатиш тоа, ќе бидеш сексист само од поинаков тип од одвратните „мангупи“ кои си ги искритикувал.
Една жена штедела си купила стан,се омажила и станот го префрлила на мажот. За да не си чукате глава,се што било ваше, задржете го на ваше име.
За мене нема ништо понапорно од луѓе со лоша смисла за хумор, кои упорно се трудат да бидат интересни
Која е целта од изложување слики од приватниот живот на работното место (биро), а при тоа услугата на странките да биде занемарена зашто сликата од свадбената церемонија е во преден план наместо предметот за работа затурен некаде во просторот. Професионалност? Само како верглан поим...
Не знам зашто имате потреба да ги етикетирате луѓето. Дебел, глупав, неспособен, лош, гнаси.... Ниво на IQ.
Да ја посетиме Преспа летово барем на викенд, а зошто да не и на 7-10 дена. Да дадеме придонес за обнова на Преспа после вчерашното невреме!
Не можам да ги разберам луѓево што дошле да слушаат предавање за прва помош, идни возачи ќе се, а дремат на телефонот и не слушаат тоа шо се збори, дошле колку да се потпишат. Па, уште рашлапани со мастика и 0 култура. Убила ме туџа срамота. Секоја чест на неколкуте исклучоци што максимално беа посветени и вклучени во целото предавање. Да имав моќ да одлучувам ваквите незаинтересирани немаше да имаат пристап ни да полагаат, не па возачка да имаат. Па, јас иако истово го имам слушано на предавања, на присуства на црвен крст, па од почит слушав без да трепнам што се вика, некој се малтретира да објасни, збори со саати без пауза, па и интересно е, не е лошо дури ни ако го знаеш, па да го повториш. Добро, толку луѓево не сакаат нешто да слушнат, поднаучат, па макар и од општа култура да е.. Се е плус во животов, не можам да разберам зошто млад човек не би сакал да научи нешто, да вложи во себеси, наместо да ја троши младоста пред телефонот.
Сакам да кажам дека многу си го сакам телефонот, ама не можам да се навикнам дека го нема копчето на средина. И на новите самсунг модели го нема. Па и тастатурава у цветен аранжман. Уште јас да расцветам и топ ќе е. Сега за сега, цутам.
Во слободно време си замислувам луѓе и ситуации кои никогаш нема да ми се случат, моменти кои никогаш нема да ги доживеам и се доведувам себеси до солзи.
СДК дека некои си блогерки и дремаџики/фалбаџики на Инстаграм не се јавни фаци. Не знам зошто непотребно се полни темана со муабети за тие. Модерирањето на форумов личи на се,само на тоа не. Жив ужас и срам!