Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам... (без цитирања)

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од RainBow, 5 февруари 2019.

  1. Cluster B

    Cluster B Активен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2024
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Официјално денес е крај на една долготрајна голгота.
    Челичните нерви, упорноста и истрајноста - вредеа.
    Целта е постигната.
     
    На lovemme, Ugly Duckling, Billy Idol и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.031
    Допаѓања:
    55.326
    Пол:
    Женски
    Понекогаш не можи да не се запраша човек дека има нешто што се вика судбина, барем за одредени работи. Кога си дала сѐ за да оствариш некои планови, си мислела дека ова е тоа, ама животот на интересен начин те свртил во друга насока, каде подоцна сфаќаш дека е правилната насока.

    Понекогаш толку игнорираме и се спротиставуваме на сите предупредувачки знаци мислејќи дека знаеме најдобро, ама подоцна животот ни одржува лекција. Како што би се рекло, не било за тебе и што и да направиш нема да успее.

    Додека истовремено, она што цело време било за тебе, секогаш наоѓа начин да ти се врати во животот, колку време и да поминало откако си раскрстила пат или си го игнорирала.

    Сакам да кажам дека сум премногу среќна што некои работи не ми успеаја како што планирав, дека одредени луѓе ми излегоа од животот иако плачев и се молев да се до мене засекогаш. Сѐ и секој што бил штетен за мене досега на некој начин ми се тргна и сум пресреќна за тоа, конечно можам да здивнам и да кажам дека немам никакви токсични врски со луѓе, и ќе направам сѐ да не заглавам така пак. Останаа уште некои навики, но и тоа ќе си дојде на своето. Сѐ што треба ќе си дојде, колку и да се противиш, ја немаш секогаш контролата на сѐ.

    Заради тој голем план кој ми се распадна и мислев дека е најлошто нешто што ми се случило годинава, сега сум во сосема друга етапа и среќна, сфатив дека има и други работи кои ме исполнуваат и поради тоа во сплет на околности обновив контакт со една стара личност што ми значи премногу.

    Чудни се патиштата универзумски. :inlove:
     
    На CameliaMiller, sonuvana, Teodoris и 5 други им се допаѓа ова.
  3. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.029
    Пол:
    Женски
    На една книга крајот не го читајте повторно,ист е .Кога ќе ви се јави минатото,не му одговарајте,нема ништо ново да ви каже.
     
    На Doris123, lovemme, CrazyOne и 3 други им се допаѓа ова.
  4. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.155
    Допаѓања:
    124.994
    Пол:
    Женски
    1.
    Кога се опкружуваш со токсични створења, венееш.
    Кога се опкружуваш со прави луѓе, цветаш. И ништо не те откорнува.




    2.
    Џабе ти е Мејбилин на фацата ако душата ти е иста ко Јудовата.
     
    На Feminka22, anata, Marijana93 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    5.180
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20241019_214001.jpg
     
    На Doris123, Selena01, Bitter-Sweet и 2 други им се допаѓа ова.
  6. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.460
    Допаѓања:
    5.447
    Пол:
    Женски
    Не, не, има глупо, и има криминално глупо (као треба да е криминално колку е глупо). Има разлика.
     
  7. Teodoris

    Teodoris Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2024
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    162
    Пол:
    Женски
    Официјално крај!
     
    На mickey18, halfasoul и carangigia им се допаѓа ова.
  8. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.624
    Допаѓања:
    8.083
    Пол:
    Женски
    Боки 13 ќе доделувал 7 коли и стан у Скопје. Од самава најава овие со Понзи шемиве веќе се на апарати. :D
     
    На eliesaab, FridaodaMk и EmporioIvankov им се допаѓа ова.
  9. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    Сакам и кучиња и мачки, ама како за волку сиромашен народ, многу сте поише потресени за маче куче, него за болни деца. Сфаќам дека и тоа е душа и има живот. Ама и децата имаат. И немој некој да рамња дете и куче. Куче имаш 13-14 год, дете цел живот и искача од тебе/си го напраил.
     
    На Purpleheart, L.i.n.a.a, TammiB5 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.199
    Пол:
    Женски
    Колку што веруваме во Бога, толку е Тој тука за нас. :l:
     
    На mickey18, hermosa, Biljarkata и 7 други им се допаѓа ова.
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.490
    Допаѓања:
    165.905
    Пол:
    Женски
    Ајде да кажам еден "краток" заклучок. Онолку колку шо можам јас да сум кратка пошто на крај на ден поќе зборој во просек излегват од моја уста. :D

    Сите предоперативни испитувања и операција ги праев приватно. За жал ми почина докторот и стапнав денес прв пат државно. И са морам Четврток пак зошто едноставно не е се напишано во извештај шо треба па да го поправале. Башка чекањето, башка туркањето. Разлика небо и земја. Ако имате осигурање од работа - користете го, не ги штедете, привилегија е таква можност. Ако имате можност да се осигурате приватно - земајте. Знам дека не е ефтино ама не се споредва негата и грижата приватно, башка заштеденото време и нерви. Криво ми е дека имаме здравствен систем шо само во теорија е во полза на обичниот чоек. Ама некогаш знат толку да заташкаат шо полека се прајме ко Америка со осигурањата само за да знајме дека се ќе биди преземено ко шо треба пошто јбг, сите имаме очи и уши и знајме шо се случва.

    Но, тоа не е се! За други потреби шо ги имам од фондот, отпусницата од хирургија приватно не ми ја признаваат туку морало да е државно па ќе имам уште една екскурзија до хирургија да потврдат дека имам рана ваљда. Еве не знам.

    Не ми е мачно шо сум се разболила, ни пак уште пат шо ми остана за скроз да сум здрава. Мачно ми е одење на болница, особено ако болницата е толку нефункционална. И стварно жал ми е за сите стари шо ги гледав шо се мачеа горе-долу низ болница зошто си ги фрлат пациентите на околу како да се играчки. И беа фрустрирани, и со право. Башка во болка дел од нив. А, и ај да не почнувам за "јас само да прашам пациенти". Пошто многу имам да кажам за нив.
     
    На GirlRose, MeowMeow, JuLleE и 7 други им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.774
    Допаѓања:
    266.801
    Најиритантни и најгнасни хомо сапиенси се оние што намерно прават зло на друго суштество, човечко или не.

    Мало, мирно маче, на страна од зградата му дававме да јаде и му ставивме картонска кутија со џемпер да се грее.
    Родениот му брат го имам дома, ова не ни знаев дека постои пошто е толку мирно, не ни мјаука.

    Некој гад му ги фрлил работите.

    Не знам кој е, ама кој и да си:
    се надевам постои некаква космичка карма и ќе цркнеш сам, смрзнат, гладен, жеден и ус*ан. А за мачето ќе најдеме чаре.

    Амин.
     
    На Cindy.A99, MeowMeow, JuLleE и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.255
    Допаѓања:
    12.985
    Пол:
    Женски
    Колкава љубомора насочена кон метрополистите.. И тоа за шо љубомора, нели е никакво све, не го бива..

    Па стани и ти 'метрополец' кој ти брани. Ќе си бидеш и ти чим толку сакаш. Лесно е тоа.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.791
    Допаѓања:
    34.480
    Пол:
    Женски
    Воопшто не е културно кога одите во ресторан или на гости да мешате со виљушката со која јадете во салатите и другата сервирана храна, затоа има лажица или штипка за да си ставите пред себе, а не од сите страни со виљушка да мешате и да си земате директно.
    Исто така не е културно да чепкаш заби со чечкалица со отворена ширум уста и сите да ги гледаат забите, тоа се прави дискретно.
     
    На flower30, Mazegin, EmporioIvankov и 11 други им се допаѓа ова.
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.199
    Пол:
    Женски
    Најгрди ми се тие месеци кога ми е ладен капакот од wc шолјата. |(
     
    На Munchmallow20, eliesaab, Billy Idol и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    495
    Пол:
    Машки
    Треба да се простува, а најмногу себе си, ја олеснува душата која ја носиме во нас, затоа што сите сме различно свесни за нашите погрешни постапки и сте сме дел од еден несовршен живот.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  17. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.460
    Допаѓања:
    5.447
    Пол:
    Женски
    Епа ете ги. :l:
     
  18. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.791
    Допаѓања:
    34.480
    Пол:
    Женски
    Колку само луѓево немаат осет...
    Ај да беше ова од постара жена ќе сфатев, ама од млада која нема ни 30 години...:x
    Некој да те прашува нешто што не знае низ што поминуваш е навистина без осет и ти влегува во приватниот живот.
     
    На hermosa, Dilajla123, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.624
    Допаѓања:
    8.083
    Пол:
    Женски
  20. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.791
    Допаѓања:
    34.480
    Пол:
    Женски
    Во овие тешки моменти се гледа кој е пријател/ка.
    Најмногу поддршка даваат пријатели/ки што сум ги стекнала со тек на време отколку што сум се дружела од детството со нив.
    Значи, ако некој што сте се дружеле од детството неколку пати ве поканува на кафе, не го одбивајте, најдете време (кој сака може да најде време), можеби има нешто да ви каже, да си ја олесни маката, можеби се соочува со некоја болест и слично па сака да сподели со вас.
    Јас за тие што ми значат секогаш наоѓам време.
     
    На sino.o.oka, halfasoul, Mumoftwo30 и 2 други им се допаѓа ова.