Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам... (без цитирања)

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од RainBow, 5 февруари 2019.

  1. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.040
    Допаѓања:
    3.829
    Пол:
    Женски
    ПолиЦајка со орли нокти со мечиња залепени... Мкд и све је могуче...
     
    На st-el, Lightdark, TrueToMyself и 9 други им се допаѓа ова.
  2. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.154
    Допаѓања:
    124.983
    Пол:
    Женски
    Многу ми е мило кога слушам странци венчани со наши луѓе како зборуваат дијалектен или литературен македонски.
    Кажуваат дека го сакаат и ценат нашиот јазик затоа што ги сакаат и ценат нивните брачни партнери. И колку се нервираат кога слушаат некои како зборуваат лошо за нашата држава и народот. И што е полошо во нивните држави отколку во нашата, па е додатна причина зошто дошле да живеат тука.
    Не како нашиве задоенци кои мислат дека надвор сѐ цвета и е розево.
    Па, одат во странство недоинформирани, им се случуваат неправди или прават глупости и квичат во нашите амбасади за помош од државава. :rofl::rofl::rofl:
     
  3. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.040
    Допаѓања:
    3.829
    Пол:
    Женски
    Рада шекерка стварно ти била ма(ф)ната…
     
    На Mumoftwo30, SummerGirl и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  4. Cutiepie1

    Cutiepie1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    948
    Допаѓања:
    3.139
    Пол:
    Машки
    Биди богат или умри обидувајќи се?
     
  5. Heavy Feather

    Heavy Feather Активен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2024
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    125
    Пол:
    Женски
    Се прашувам кога ќе ме заборавиш.
    Кога ќе престанеш да ми ги лајкуваш објавите. Кога ќе престанеш да проверуваш што сум објавила, воопшто. Кога ќе престане и последната песна да те потсетува на мене.

    Се прашувам колку долго ќе ти се моткам низ мислите.
    Уште колку пати ќе се запрашаш зошто нештата не можеа да бидат поинаку, зошто се запознавме баш сега, зошто не успеа. Се прашувам уште колку долго ќе ти е гајле, воопшто. Гајле за мене, за проектираната иднина, за пустите желби.

    Се прашувам што точно чувствуваш. Можеби и не ти недостасувам.
    Се прашувам во колку моменти од денот истовремено мислиме еден на друг. И колку пати по навика си посакал да споделиш нешто со мене, а во следниот момент си се сепнал и сетил, дека времето за тоа помина.

    И така, твојот анфас со очила за сонце урамен во мало крукче, пополека ќе пропаѓа низ пораките на социјалните мрежи, се додека еден ден не ќе морам да ја користам опцијата за барање, за да те најдам. А, ќе те барам за да ти кажам дека ми е сеуште криво. Дека не ми е сеедно. Дека ми фалиш. И секако дека тоа нема да го направам. Наместо тоа ќе препрочитам некоја од пратените пораки, внимателно движејќи се низ разговорот, да не случајно нешто притиснам и добиеш известување, дека сеуште ми гребеш по душата, ми ги сопнуваш мислите, ми ја разгалуваш самодовербата. Нема да ти кажам дека ми е криво што не ти продрев најдлабоко во битието, ниту што не ти ја истражив најповршинската човечност.

    Можеби прва ќе те заборавам. А можеби и нема да те заборавам. Веројатно никогаш нема да знам кој кого прв заборавил, ниту дали била бурата од чувства потребна.
    И како и со сите до сега, ми останува само да ти посакам нежен крај и милозлива иднина.
    Be good. :hug:
     
    На Трагедијаупмм, minne992, Tinaaa и 12 други им се допаѓа ова.
  6. Cutiepie1

    Cutiepie1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    948
    Допаѓања:
    3.139
    Пол:
    Машки
    Kad bi bio bolji, ne bi valjalo. :D
     
    На Deus ex mahina му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mięta

    Mięta Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2021
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    7.318
    Пол:
    Машки
    22 килограми послаб и е неспоредливо поубаво.
     
    На Трагедијаупмм, Tinaaa, Mrs. right и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.788
    Допаѓања:
    34.478
    Пол:
    Женски
    Кога ќе видам нокти како орли подраснати до пола ми се :puke:.
    Не е само да имате нокти, треба и средени да се, подобро кратки и природни отколку како орли.
     
    На Tomasa, eliesaab, Bebce1 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.154
    Допаѓања:
    124.983
    Пол:
    Женски
    Веќе не давам да ме прават будала и да ме газат. Не молчам.
    Не сум боксерска вреќа, не сум предмет. Живо суштество сум.
    Доста запнуваат по мене.
    Кои се обидоа и ќе се обидат, нека бидат најстрого казнети од Бога. Не можат да избегаат од неговата правда.
    Да не морам јас да смислувам нешто.
     
    На lovemme, hermosa, mickey18 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.494
    Допаѓања:
    10.559
    Пол:
    Женски
    Пред две недели, додека чистев 3 книги кои ги читав знам некаде ги ставив успат со генералката, најверојатно несвесно и сега 2 недели не знам каде се :@
    Тие денови немав време за читање и секогаш ми беа трите една врз друга, затоа што ги читав наизменично. Една недела веќе интензивно ги барам, не знам каде би можела да ги фукнам :envy:, игла да беше ќе ги најдев а не ваков труп од 1 000 страни да не знам каде е.
    И така не ми се спие, со самата помисла на ова уште толку се расонив и ми е мака што ми ги нема :(
    Обично ми беа или на натказна во спална или на полиците за книги.
    Ќе излезат еден ден, најверојатно за една година, кога ќе заборавам дека сум ги барала (facepalm)
     
    На Трагедијаупмм и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  11. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.492
    Допаѓања:
    3.965
    Пол:
    Женски
    Кога ќе видам некој што работи вкупно 2 саати во текот на денот останатите 6 е по кафиња и шетња ( за кои сами си документираат на инстаграм ) и ќе стави it's finally friday не разбирам што му мења кој ден од неделата е .
     
    На Трагедијаупмм, izabela.nik, Tomasa и 4 други им се допаѓа ова.
  12. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.498
    Допаѓања:
    41.684
    Пол:
    Женски
    Некогаш така фино знаеш од кожа да ме извадиш, ама да знаеш ќе дојде ѓаволот по своето.
     
    На Mumoftwo30 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  13. Bebce1

    Bebce1 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    6.247
    Пол:
    Женски
    Биди ми само жива и здрава мајче,другото ќе помине и се ќњ биде во ред...:l:
     
  14. BeMyFriend

    BeMyFriend Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2023
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    1.279
    Пол:
    Машки
    Оние што се прекрстуваат во автобус коа ќе пројдат црква ми се одвратни ептен, со крајот на окото гледаат дали некој ги гледа и театрално мавтаат со рацете колку што може поприметно.
     
    На Трагедијаупмм, izabela.nik, SeñorPink и 5 други им се допаѓа ова.
  15. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.460
    Допаѓања:
    5.447
    Пол:
    Женски
    Side note мудрост успат:
    На вистинскиот квалитет
    не му е потребен претеран дополнителен маркетинг, нудење и продажба, си зборува он сам по себе.;)
     
    Последна измена: 24 ноември 2024
  16. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.492
    Допаѓања:
    3.965
    Пол:
    Женски
    Отворив чат со мојата најдобра другарка и отидов да видам слики што сме праќале.
    Архива имавме од 2013 година.
    Еден куп спомени.
    Убави времиња, друштво,искачања и ред други работи.
    Времето летна ... 11 години после тоа двете сме мажени, мајки станавме и толку многу работи се сменија ама другарство остана :l:.
     
    На Трагедијаупмм, L.i.n.a.a, MeowMeow и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.031
    Допаѓања:
    55.325
    Пол:
    Женски
    Она bittersweet чувство кога нешто убаво завршило, и сега сѐ што имаш се спомените на кои се навраќаш понекогаш и се сеќаваш како на еден од најубавите периоди во животот.
    Don't cry because it's over, smile because it happened.
    874e8dd6de46235cc96b569e850cc502.png
     
    На Billy Idol, Bratot, Stark и 5 други им се допаѓа ова.
  18. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.525
    Допаѓања:
    5.887
    Во последно време само се зборува за подготовки за војна ( во еу живеам),дека секоја зграда/куќа треба да си има бункер,што да се праи со милениците,што да се каже на децата, што ако снема струја, што ќе земете со вас...
    почнува стрх в коски
     
    На SummerGirl и st-el им се допаѓа ова.
  19. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    2.975
    Пол:
    Машки
    слика.jpg

    КАКО МЕНЕ МИ ИЗГЛЕДААТ „НАУЧНИ“ КОРЕЛАЦИИ. Не, телеграм, тјубот, тик-ток и FB тука не се земени предвид, ниту „статии“ што почнуваат со “Научно е докажано дека...“ или твоето другарче / другарчиња што е/се многу паметни и упатени. Подобро да правиме муабет за времето или за музика...
     
  20. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.460
    Допаѓања:
    5.447
    Пол:
    Женски
    Here's to another one! :d::party:
    We are the champions. :music: