Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам... (без цитирања)

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од RainBow, 5 февруари 2019.

  1. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.155
    Допаѓања:
    124.994
    Пол:
    Женски
    Постои она време кога си дете и копнееш по слободата што ја имаат возрасните. Постои она време кога си возрасен и копнееш по својата детска наивност.
    Си вртиш спомени во главата и сфаќаш дека ниту едно од овие нема толку вредност колку што им имаш препишано.
     
    На H.VAGA, carangigia, Aschenputtel и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.031
    Допаѓања:
    55.326
    Пол:
    Женски
    Нешто што повеќе ме загрижува од AI, се луѓето што не знаат да препознаат AI слики и видеа. Да, вештачката интелигенција станува сѐ понапредна, и сликите/видеата сѐ пореални, ама ајде бе, сепак уште има детали преку кои се познава дека не е реално.
    Па затоа сега имаш полно AI слики и видеа по социјални мрежи за собирање лајкови и кликови, и толку многу луѓе кои се лажат и лајкаат, коментираат и споделуваат како да е вистина. Не Славице, кучето што скокнало пред камион за да го предупреди возачот дека пред него нешто ќе се распадне не е вистина, или убавата фамилијарна слика каде што детето има три раце. (facepalm)
    На овие што ни секунда не застануваат да погледат и не распознаваат очигледно AI, треба да им се забрани да гласаат.
     
    На MeowMeow, Billy Idol, nextredstyle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.860
    Допаѓања:
    6.920
    Пол:
    Машки
    Кога човек ќе се надвладее себеси и ќе почне самиот себеси да се разбира, тогаш ќе може да ги разбери и другите.
     
    На SummerGirl, joy1, MissChievous и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Oriental

    Oriental Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2023
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    595
    Сѐ поизвесно е дека порано или подоцна осаменоста ќе ми биде единствена сопатничка и ѕвезда водилка.
    Некои етапи во животот мора да ги изодиш сосем сам.
    Во потполност проклето сам...
     
    На hermosa, nextredstyle и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  5. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.791
    Допаѓања:
    34.480
    Пол:
    Женски
    Не ја разбирам потребата да ставате слики од инфузии.
    Навистина не знам што ви е финтата.
     
    На Sweetymk, DS10, ForeverME и 13 други им се допаѓа ова.
  6. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.624
    Допаѓања:
    8.083
    Пол:
    Женски
    Веро како не сфати до сега дека не си ти таа среќа некој да ти помогне за да ти тргне нешто во животот од петта? Ти Веро ќе си се мачиш сама! Ќе си се мачиш Веро ко црн Ѓаол! Многу нормално дека пак нема да успееш на крај, ама маката ќе ти истроши малку енергија колку за побрзо да заспиеш вечер не за друго...
    Тоа ти е Веро, ебан живот.. ;(
     
    На DS10 и flower30 им се допаѓа ова.
  7. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.029
    Пол:
    Женски
    Јас сум магнет за најлошите можни луѓе или тоа го заслужувам?
     
    На ForeverME, FridaodaMk, flower30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    2.975
    Пол:
    Машки
    Ова за мене е вест на годината, и е страшна вест, за жал.

    NewScientist

    Climate chaos accelerated in 2024 as we hit 1.5°C for the first time

    2024 was another year of record-breaking heat and extreme weather, including devastating floods, storms and wildfires across the globe


    11 December 2024
     
    На theowndemon и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  9. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.031
    Допаѓања:
    55.326
    Пол:
    Женски
    Често се фаќам себеси како се плашам од одреден потенцијален исход, од нигде никаде без посебна причина, само онака од "what if" сценарија. И тогаш сфаќам колку траума ми се има акумулирано од минати настани. Како да сум на штрек дека ќе се случи најлошото секој момент. А се трудам повеќе да уживам и сум на подобро место, само сенките на минатото уште ме следат и некогаш ме гушат. Луѓето ми докажале дека и кога имаш најдобри намери и се трудиш за нив (иако можеби за нив тоа не изгледало така), сепак можат да ти забијат нож в грб. Уште понекогаш ме болат настани кои ми се надминати во најголем дел, за кои се прашувам дали навистина го заслужив сето тоа.
     
    На H.VAGA, Selena01, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    495
    Пол:
    Машки
    Понекогаш збогумот нема зборови, за да тишината го говори сето неискажано, а ќе остане со неа горчливот вкус на минатото, после кое никој се нема вратено.
     
    На FridaodaMk му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    2.975
    Пол:
    Машки
    Многу елегантен тип на ghosting и тајм менаџмент. Ј'adore. :)
    (Си ја залепив на ѕид да ја гледам кога работам на компјутер!)

    **

    Уметност на исчезнувањето


    Кога ќе речат Те знам од некаде?

    речи не.


    Кога те покануваат на забава

    сети се какви се забавите

    пред да одговориш.

    Некој гласно ти кажува

    дека некогаш напишал поема.

    Мрсни тркалца од колбаси на хартиена чинија.

    Тогаш одговори.


    Ако ти речат Треба некогаш да се видиме,

    речи зошто?


    Не е дека веќе не ги сакаш.

    Се обидуваш да се сетиш на нешто

    што е премногу важно за да се заборави.

    Дрвја. Манастирското ѕвоно на самрак.

    Кажи им дека имаш нов проект.

    никогаш нема да биде завршен.


    Кога некој ќе те препознае во бакалница

    кусо кимни со глава и стани зелка.

    Кога некој што не си го видел десет години

    се појавува пред врата,

    не почнувај да му ги пееш сите твои нови песни.

    Никогаш нема да надоместите.



    Шетај наоколу како да си лист.

    Знај дека секој момент можеш да паднеш.

    Тогаш одлучи што ќе правиш со своето време.


    Наоми Шихаб Нај
     
    На Milaaaaaaaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. lovemme

    lovemme Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    81.953
    Пол:
    Женски
    Враќам филм и гледам колку сум била наивна од што сум била добра.
    Наработа, дома, со колешки, со роднини, со пријателки.
    Сум плаќала и испраќала големи пратки кај лица кои ги сметав за другарки па при кавга не ми биле предадени.
    Сум примала дома лица кои ме оговарале и исмевале во други друштва.
    Сум викала на спиење другарки кои се шминкаа одма после станување за да му се допаднат на мм, па бараа и тој да доаѓа на кафе.
    Сум подарувала подароци без причина на лица кои не требало и не кажале ни фала.
    Сум работела за малку со надеж дека ќе си дојде моето.
    Сум била искористена само за тепање време во друштва.

    Ми било многу криво, сум чутела, сум ги бирала зборовите, сум ги кревала со зборови, сум правела ручек за нив со последен денар.

    А сега преблагодарна на сето тоа.
    Да не ми се случеле овие работи нема да знаев како треба и нема да имав создревање.
    Сега гледам поинаку ,баш онака како што треба.
    Целта спонтано поставена пред 5 години е реализирана сега одиме понатаму со човекот до мене.
    Призмата на гледање мора да се менува приоритетите исто.
     
    На hermosa, Sweetymk, Autumn Love и 5 други им се допаѓа ова.
  13. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.460
    Допаѓања:
    5.447
    Пол:
    Женски
    Пи*ка до пи*ка. :?:
     
    Последна измена: 17 декември 2024
    На emiliana и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  14. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.490
    Допаѓања:
    165.905
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека прв пат се осетив како миленијалот кој сум. Играме неколку другарки една игра со облеквање. It's giving 2010 седмо за осмо. И денес на една е роденден. Да речиме од неодамна така комуницираме, не се знајме премногу ама ете играта ни е заедничка точка од која се тргна. И како вистински миленијал сум земала лаптопот да нарачам monthly pass во играта како поклон, оти од телефон не се снаоѓав. :tmi: И сега ме пука анксиозност дали точно нарачав, и чекам да се приклучи да кажи дека нешто се смена на играта и да се збуни.

    Јас дур се надевам дека не згрешив user ID:
    [​IMG]
     
    На Mumoftwo30, Malesia, crimson и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.624
    Допаѓања:
    8.083
    Пол:
    Женски
    Денес им пишав за глупа услуга на луѓето кои ме бараа за секакви срања, никој не можеше да ми заврши работа. Едвај ги чекам да се јават само да ме слушнат. Мора од некаде да се почне со бришење и секогаш се почнува од почеток.
     
    На anata, Selena01, Dominodancing и 4 други им се допаѓа ова.
  16. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.155
    Допаѓања:
    124.994
    Пол:
    Женски
    Некои луѓе се радуваат на слоевит снег, но под него се крие токсична кал.
     
    На Malesia, Sweetymk и TammiB5 им се допаѓа ова.
  17. marsilia

    marsilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2023
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    2.495
    Пол:
    Женски
    Секогаш кога ќе сум видела дека на некого нешто му паднало, веднаш сум викала да си го земат и сум трчала дури да го вратам на човекот.
    Не знам што е со луѓево што сакаат туѓо нешто да земат и користат. Изгубив голем шал во раздвижено место, сигурно некој позади мене видел дека ми паднал, но никој не ми кажа. Пребарав и прашав секаде каде што имав поминато по продавници, ништо, никој ниту пријавил најден шал, ниту видел.

    Одамна е изумрено човештвото. Подарок од драга личност ми беше, многу си го сакав и често го носев, затоа и ми е толку криво. :doh:
     
    На Mazegin, SeñorPink, MeowMeow и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.813
    Допаѓања:
    23.381
    Пол:
    Женски
    Да не бидам драматична, ама кога ќе кренам да пишувам на форумов, сфаќам дека полека го заборавам македонскиот јазик и ми е многу криво. Вокабуларот ми е многу намален, испревртувам правилен редослед на зборови и едноставно не звучам како што сакам да звучам. Одбивна сум си сама на себе, сериозно.
     
    На Malesia и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  19. Cutiepie1

    Cutiepie1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    948
    Допаѓања:
    3.139
    Пол:
    Машки
    Са колико нула, пише се туга...
     
  20. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.031
    Допаѓања:
    55.326
    Пол:
    Женски
    Секоја приказна има две страни: страната која другите ја знаат, и она што навистина се случило.
     
    На hermosa, L.i.n.a.a, Malesia и 3 други им се допаѓа ова.