2024 година ја завршувам задоволна од се' што ми донесе и задоволна од својот раст. Ја сакам оваа верзија од мене, секоја наредна година се' подобра, но секогаш има што да се принаучи и надогради. Човек постојано учи, само глупав мисли дека знае се' и дека нема што да менува. Фала ти, Боже, за се' што ми даде и за се' на што ме научи. Фала ти и што ме сочува од она што не е за мене. Фала ти за луѓето во мојот живот. Допрва следуваат уште поглеми убавини, само здравје да има пред се'.
Петиција да се забранат тие едни петарди за Новата година!!! Ниту се интересни, ниту ништо. Повеќе штета можат само да направат.
Наивните штрчат. Нека ги кога не се способни за гледање во темнина без насоките од тресокот на вистината. Наивноста е како шопинг без пари – ти изгледа добро додека не дојде моментот да платиш. И тоа прескапо.
Сакам да се врати времето пред пандемијата и секојдневното одење на работа. Ова работењево од дома, навидум супер во почетокот, сега ми наплати ептен, немам никаква кондиција, се здебелив, цел ден во истата соба па поготово вака на ладно време све дома, дома...
Каде и да сум, не сум таму со цел да им се допаднам на сите. Одам со цел да бидам реална, вистинска и фер. Кој треба, ќе си ме процени и ќе ме почитува/сака. Затоа и си привлекувам добри луѓе, со карактер и со душа, лошите самите си стојат подалеку од мене.
Мм, што убаво фрчат честитки горе, доле, лево десно. Е сеа со дужно право и пуно не/поштовање, евентуално некое си познавање од психологијата, астрологијата, и космичките закони,... (И) оваа година ќе си го добиете (and then some) само oна соодветно вашиот труд, заслуга, допир со реалноста, и по која не/добра мисла, односно намера. Ништо помалку, ништо повеќе. Сите. До еден, и тоа. Мхм. #positiveshit
Друга ствар, за што допринесоа социјалните мрежи (освен за полош исход на ова од погоре). "If you don"t like something, just take away its only power... Your attention. "
Како сите зборат за "монструозен" чин ко ќе се работи за животно шо го сакат/им е слатко. Ко да не се сите живи и секое одземање на живот да не е монструозно. Дотичниот се надевам ќе биди казнет соодветно и најстрого. Ама и многу други кои "помалку важни" животни убиле.
Животот е најсуров кога на почетокот од Новата година ќе те фрли толку силно.. претходно бил како градина полна со бел памук а потоа го снемува како ѕвездена прашина во ладната темна вселена..
Диши длабоко.. Можеби не можеш да го вратиш времето и да смениш некои работи за кои сега е предоцна,но можеш да почнеш од овој момент и да го искористиш максимално преостанатото време. Верувај во себе! Сѐ ќе биде во ред!
Лудово време создава само грабежливи луѓе. *** Ла Стрега не е веќе Ла Стрега, умре една ера. *** Нешто листав тука низ темите и налетав на онаа за кумство. И ми текна на моите кумови кои ги исконтактирав пред години, поточно нивните деца. Па тоа ми ти драми, блок добив. Ле-ле! Уште ми е криво, зашто си велев ако ништо друго бар некогаш јас ним ќе им се најдам. Фала богу(!) никогаш ништо не ми требало, освен таа некоја близина да знаеш дека некој (свој) ќе те мисли. Семето гнасно.
Колку злобни празни луѓе има што веројатно ги бркаат од дома па се шлаат по продавници и замараат без потреба, вчера во една продавница влегол еден господин у наводници и го интересира баш една чевла најгоре да ја видел , таа високо качена до таван, девојчено што работи , мало ниско се мачи да ја докачи он си стои место да земе да ја симне самиот , и нормално само ја виде и си искочи, безобразни лоши луѓе ццц.
Зошто сите морат да ме нервираат кога сум во ПМС Тогаш нервите ми се како виолински клуч, и во ваквите денови би се сокрила во глувчешка дупка Ниту да се нервирам ниту да ме нервираат Ај ќе поминат 10 дена