Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам... (без цитирања)

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од RainBow, 5 февруари 2019.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.676
    Допаѓања:
    79.741
    Пол:
    Женски
    Ако некој е "голем" односно возрасен, не значи дека не треба да се радува како дете за некои работи. Среќата и искрената радост треба да ја чувствуваат сите, а често слушам од возрасни како даваат замерки кога некој друг возрасен е весел за нешто, викаат со потсмев па и со одвратност, Види го како се однесува, како дете е.
    Всушност, жално е што вие сте ја изгубиле способноста да бидете весели. Едно е човек да е зрел за своите години, друго е кога се радува, тоа не значи незрелост или детско однесување.
    Возрасен човек има секакви одговорности, обврски, проблеми, но не значи дека треба да биде само загрижен за нешто и сериозен. Опуштено, има убави работи кои ќе ви го разубават секојдневието. :sun:
    Инспирација за постов добив од тоа како јас самата и луѓето околу мене изгледавме на божиќен базар. Ова е преубав празничен период, уживајте во нештата што ги нуди. :)
     
    На merriel0, MacenceEna, FridaodaMk и 11 други им се допаѓа ова.
  2. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.493
    Допаѓања:
    5.552
    Пол:
    Женски
    Мир Божји!
     
    Последна измена: 7 јануари 2025
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  3. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.493
    Допаѓања:
    5.552
    Пол:
    Женски
    ego-vs-soul-blog-pic (1).jpg
    Ете и сликовито дури, ама за некои па и да црташ нема да разберат, ама па и тоа не е твој проблем...
     
    На Vans, eliesaab и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  4. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.939
    Допаѓања:
    3.900
    Едвај чекам да заврши ова тмурно,никакво, смрдливо зимо, бар снег да имаше да личеше на нешто |(
     
    На lovely91, Anyshka, FreeToGo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Heavy Feather

    Heavy Feather Активен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2024
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    Јас ти го шетам градот, ти ми ги шеташ мислите. Првото е новост, второто е константа.

    Дома, таму, под туш, во кревет, на каса во маркет. Непотребно многу. Бесцелно. Бесмислено.
    Ти велам, излези. Замини од мене во целост, а не фрагментирано. Кога не можам да составам целина од деловите кои ми останаа од тебе, тогаш, што ќе ми се? Земи си сѐ и оди си со здравје. Не чини да го мачиш човека... ама, не разбираш. Како куче кое не можеш да го избркаш да не те следи откако си му дал надеж за дом. Те помислувам повторно и повторно додека во еден момент не се изнервирам и гласно ти наредам да ми ја напуштиш главата, и нема врска што шетам сама кога тоа го правам...
    Фала Богу за слушалките, повеќе никој не помислува дека си будала ако си зборуваш сам со себе на улица.

    Личиш на него.

    Не е ни субјективно, не е ни до поматениот ми мозок. Се исплашив кога ја увидов сличноста денес.
    Но, во ред, ништо страшно. Можеби дури и ми е драго што посредно ти дадов делче од филмот што си го тераш. Чудно, помислувам како следната на која што ќе ѝ се допаднеш, ќе ја привлече токму некој аспект од твојата промена која дојде како резултат на нашата интеракција... и не знам како се чувствувам во однос на тоа.
    Некогаш не знам ни како се чувствувам во однос на тебе. А, некогаш, само понекогаш, ми е кристално јасно.
     
    На Oriental, sonuvana, SummerGirl и 6 други им се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.752
    Допаѓања:
    169.007
    Пол:
    Женски
    Би рекла ок, во право сте. Толеранција е "глупа" вредност. Пошто не ја заслужвате. Ајде да се труеме. Ајде да се полниме со омраза и да клаваме луѓе во калапи за нас да ни е покомотно. Нивни проблем ако не му чини калапот. Ајде да изградиме уште посив и поедноличен свет, заеби индивидуалност, креативност и љубов. Љубовта е теорија. То шо мислам дека е љубов е љубов и ништо друго. Чекај, то се осеќаше? Сигурно дека не. Шо е љубов? Како мислиш дека осеќаш љубов? Глупости, занес, нови вредности од душебрижници шо немат шо да прат по цел ден па осеќале. И не! НЕ СЕ ОСМЕЛВАЈ да ми кажиш МЕНЕ како треба! То смеам само јас да кажвам кој шо треба. ЈАС сум чоек. ЈАС сум индивидуа. Ало. Ама и ти знајш дека е така. Оти мојата реалност е вистината и ништо друго. Лажи колку сакаш. Преправај се колку сакаш. В огледало кога се гледаш - ме гледаш мене. Оти исто сме. Нема поинаква реалност.
    tumblr_acfcf9f84a90896e684236e5e8339514_d66da64c_250.gif
     
    На LiquidLuna, Biljarkata и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  7. BeMyFriend

    BeMyFriend Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2023
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    1.379
    Пол:
    Машки
    Сакам да те видам пак
     
    На Vikktorr и Macedonian2405 им се допаѓа ова.
  8. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.493
    Допаѓања:
    5.552
    Пол:
    Женски
    Околу и преку 30годишни па и надаље, дисфункционални у секоја смисла, живото и псхо-социолошки онеспособени, би да изиграваат препи*ки/ преку*ци, и честити академски граЏани, у секоја смисла... Па ок, у реду е тогаш, мислим нема везе.
     
    Последна измена: 10 јануари 2025
    На eliesaab и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  9. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.493
    Допаѓања:
    5.552
    Пол:
    Женски
    Еве и уште еден мудрец таман. :coffee:
     
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.676
    Допаѓања:
    79.741
    Пол:
    Женски
    Феминизмот веќе не е феминизам кога жените почнуваат да газат по мажите. Феминизмот е за еднакви права на жените со мажите, а не за издигнување на женскиот пол и деградирање на машкиот. Подеднакво сте токсични како мажите кои ги омаловажуваат жените.
     
    На Detective L, eliesaab, Heavy Feather и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.769
    Допаѓања:
    8.499
    Пол:
    Женски
    Годиништа наназад овој период околу нова година ме фаќа некоја страшна тага за Тоше па си го слушам како за на концерт да се спремам а никогаш немаше концерти околу нова година.



     
    На MeowMeow, FridaodaMk, eliesaab и 3 други им се допаѓа ова.
  12. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.493
    Допаѓања:
    5.552
    Пол:
    Женски
    Ниту ж од жени, ниту м од мажи на видик. Пи*ки во секоја смисла на зборот како и да е, насекаде.
     
    На eliesaab и lovely91 им се допаѓа ова.
  13. ¯\_(ツ)_/¯

    ¯\_(ツ)_/¯ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2021
    Пораки:
    319
    Допаѓања:
    1.553
    Ме тера на размислување кога ќе прочитам мислења во кои пишуваат за своите партнери, партнерки или неостварена љубов во темите поврзани со искажување на чувства кон нив. Размислувам дали уште се заедно или пак секој од нив си ја нашол среќата со некоја друга личност.
     
    На Vikktorr, blackpanter и SummerGirl им се допаѓа ова.
  14. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.493
    Допаѓања:
    5.552
    Пол:
    Женски
    Драмата е за (животни) лузери. Меh.
     
    На eliesaab и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  15. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.493
    Допаѓања:
    5.552
    Пол:
    Женски
    Happiness is an inside job. Као да.
     
    На Herrera, Detective L, blackpanter и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.493
    Допаѓања:
    5.552
    Пол:
    Женски
    Нe.
     
    Последна измена: 12 јануари 2025
  17. TrueToMyself

    TrueToMyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Камен ми се зави околу срцево...се скамени и ми тежи шо го носам воопшто.
    Некој коа ќе рече не боли срце, оф како боли пријателе.
     
    На Vikktorr, Oriental, Authentic и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.323
    Допаѓања:
    126.066
    Пол:
    Женски
    Колку ми иде да ги зашамарам некои... |(
    Тоа што немаш директорска плата е затоа што не си директор и не можеш да ја имаш.Ниту државата ти е крива, ниту работодавецот ти е крив што не си се квалификувал доволно или што не ти работи јазикот доволно за да се напикаш.
    Преку такво ако немаш за два одмора. Имаш за еден одмор. Некој нема ни за тој еден.
    И Славиците кои мрчат за автобусите. |(
    Не, Славице.
    Автобусите не се валкаат сами од себе. Ги перат, ама пак народот ги валка.
    Ако ти се влегува, не влегувај со праз полн со земја. Не фрлај семки од сончоглед доле.
    А, тоа што автобусите доцнат не е проблем само на градот. И твој проблем е.
    Како граѓанин треба да се организираш. Да бараш од надлежните да најдат решение.
    Затоа што и да не се возиш ти, некој од твојата околина се вози. Треба да ти е гајле.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.676
    Допаѓања:
    79.741
    Пол:
    Женски
    Колку да звучи клише ама се' самите си правиме. Секој избор и потег кој ќе го направиме, ќе повлече нешто со себе, акција - реакција, причина - последица. Со глупави и непромислени потези, како да ви биде добро и да бидете задоволни? Ако не се грижите за себе навреме, ќе дојде време кога ќе почнете ама тогаш со посериозни работи ќе се соочите.
     
    На Vikktorr му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    3.100
    Пол:
    Машки
    Да повториме уште еднаш не пречи, верувам.

    МИСЛЕЊЕТО Е ТЕШКО, ЗАТОА ПОВЕЌЕТО СУДАТ (К.Г. Јунг)

    Цинизмот е уште полесен, зашто те става во позиција на супериорност и негира какво била рамка на размислување и критериум. Здружување со луѓе на основа на исмејување на трети луѓе е уште полесно. Воведува соучесништво и легитимира (Штом други така мислат значи сум/сме во право.) Но, така само си одгледуваме и растеме едно мало „фашистче“ во нас кое нѐ прави уште понесреќни и поцинични за себеси и за другите. Во таа насока, ако така повеќе се убадувам/убедуваме дека сум/сме во право тоа не значи дека јас сум или заедно сме.

    (Ова секако важи и за мене, за жал не сум „просветлен“. Но, се обидувам да мислам и преосмислувам и би поддржал луѓе кои го сакаат истото и/или би им помогнал во тоа. Ова ми е поголем предизвик од погорното.)
     
    Последна измена: 13 јануари 2025
    На Detective L и Authentic им се допаѓа ова.