Не можам да се успиам за жал, фала ти за тоа, сепак камен од срцето ми падна. Инаку сдк дека цел инстаграм ми е со текстови за тоа како јас ќе бидам посреќна без него и колку тоа јас вредам абе све и свашта има. Чудна ствар ти се ова социјалните мрежи, знаат кога прекинуеш врска, кога си се скарал со комшијата, дали денеска си јадел или не, кога си изнервиран од работа и другарки, абее све знаат, страшно.
Времето покажа дека е време за едукативен час. За мене изненадувачка содржина за возраста (11 г.), а за неа (мојата внука) почетна фаза на осознавање и прифаќање на меѓучовечките односи и релации во модулирано општество. СДК 1: Кога луѓето стануваат возрасни и одлучуваат за себе? СДК 2: Како да се однесува со геј личности? СДК 3: Родителите на нејзината другарка живеат заедно, во брак се, ама се договориле да си имаат швалери. Што значи тоа? Детето на кое му раскажував приказна за добар сон порасна. Се соочува со реалноста и недоумицата продолжува... Продолжува и за мене, каква ли перцепција ќе има за различноста, доколку прашањата се дочекани со стигматизирачки третман. За неа секогаш ќе бидам достапна и расположена за разговор. Родители, децата растат пребрзо. Не дозволувајте подоцна да биде предоцна.
Незнам во животот дали сум направила малку или многу,но едно знам дека све што сум направила сум го направила од срце.
1. Маж не го бива во тесни фармерки и голем газ. 2. Не знам како некои луѓе не се научија дека ВО НЕДЕЛА ОД 16 ДО 19, 19:30 НЕ СЕ ЅВОНИ! Недела е некој спие, некој руча. 3. Хев а најс сандеј
СДК дека не знам да навредам никого намерно, секогаш мислам што зборувам, се трудам да ги најдам вистинските зборови, да помогнам, да дадам совет. Не се правам светица, знам дека имам многу мани и исто така знам дека со сигурност сум навредила или повредила некого, но затоа после тоа знам длабоко да се извинам. СДК дека секогаш кога имам можност им давам пари или нешто за јадење на бездомниците и децата кои просат, и на сите тие кои влегуваат по кафичи и ресторани. И СДК дека некогаш мислам дека сето тоа ми е една голема мана.
И таман кога мислиш дека сите шанси си ги загубил и нешто пропаднало ќе се деси чудо кое не си го очекувал и сфаќаш дека тоа што треба да биде, ќе биде и универзумот ќе работи на твоја страна.
Колешка од факултет (повозрасна од нас) беше многу посветена на учење зошто сакаше побрзо да заврши и да се вработи. Кажуваше дека сака да има успешна кариера. Ама во меѓувреме се омажи и роди дете. Додека и беше мало детето дипломираше, па пак остана бремена. Второ дете. Едвај чекаше да пораснат децата за да почне со работа, кога одеднаш пак бремена со трето дете. Сите женски. Пред некое време пишувавме и ми кажува дека била бремена со четврто. Се изненадив. Мажот сакал син, а нејзе и биле доволни само две деца. Не сакала да раѓа повеќе од две, ама му исполнувала желба. Што се однесувало до неа веднаш би отишла на работа, ама сега тешко со 4 мали деца. Не можев да поверувам што читам. Па до кого се однесува? Кој е одговорен за нејзиното тело? Остана без кариера и без работно искуство. Сите нејзини планови и паднале во вода. Не е битна кариерата и работата доколку двајцата партнери се сложни да имаат повеќе деца, ама ова на ништо не личи. Да бидеш присилена или емотивно уценувана едноставно не е нормално. Друго е да сакаш и почитуваш некој, а друго е да те прават будала. Кој знае колку жени вака се присилени да раѓаат повеќе деца иако не се спремни. Жално.
Колку повеќе очекувања, толку повеќе разочарувања. Кога мислиш дека нешто ќе се промени овој пат, дека ќе бидне нешто при толку обиди - реалноста е тука да те тресне од земја и да те освести кај стоиш во животите на другите.
Едно време научивме гратис шпански од сериите, после научивме турски, сега на ред е гратис да учиме грчки јер вчера стартуваше нова грчка серија
Чувствувам грижа на совест Морав да излажам нешто под притисок. Му створив непријатности и на друг. Колку сум лута, и на нив, и на себе си. Загрижени да не „сум ги загрозела“... Не сакам да ја изгубам довербата кај другиот, секогаш бил добар спрема мене. Сега сфаќам дека и 2 недели поминато време со нив само ми потврди дека сме странци. Едноставно точка каде што секој треба да продолжи по својот пат. Не можам ни да замислам дека не ги сакам, и дека само проблеми ми создаваат. Порано да ми кажеше некој дека нема да сакам да ги гледам, немаше да му верувам. Не можам да се смирам. Лажев затоашто морав, и се чувствувам многу лошо. Првата шанса да се искупам, и те како ќе го сторам тоа. Жал ми е што бев приморана да лажам и да создадам непријатности. Знам само дека од токсичните луѓе морам да се отргнам. Наскоро, и од нив повторно далеку, па нема да ми биде тешко. Навистина ми е премногу
Уплаќаш за или бесплатно или по поволна цена добиваш летување во некоја земја и според некои луѓе автоматски си спонзоруша,ко да не постои можност да си платила од заштеда или од наследени пари. За некој долго време се зборува дека е расипан идиот,а и тој не си ја крие алчноста од јавноста,а пак некои го бранеа и бранат. Како,така,бре,народе?
Со години се мислам нашава држава на што личи.И секој скандал ми е од некаде веч видено,ама не знам од дека.И,денес конечно заклучив.Ние сме индиска серија со турска содржина и шпански крај.
Редно е да добијам медал за личност што најмногу си штети себеси, личност што упорно оди со глава во ѕид
Ne mozham povekje cela god go pravam istoto i nish stojam vo mesto. Sakam naskoro konechno da mi se sluchi neshto mnogu ubavo sto ke mi go promeni zivotot.
Јас сум од едно време кога најголем проблем во државава беше да се отпатува во странство без да се чека ред пред амбасада за одобрување виза... сега, години подоцна најголем проблем е што џабе имаме слободни граници, кога наш пасош не ти обезбедува и работа во странство... ни се зголемија приоритетите, или ни отиде државата неповратно?!
Уште пред да земам часови за возачка ме нервираше како 95% од возачите се однесуваат кон почетниците што возат во кола од автошкола. Што добија сите тие коли денеска што земаа да ме претекнуваат, да ми свират, па и еден зема подзастана, прозор отвори да се кара нешто, зошто не сум претекнала некоја кола, ради мене сега морал да чека... Како да забораваат дека и тие некогаш биле почетници... Нервозен инструктор + нервозни возачи е супер комбинација за да денот ти е прекрасен, зар не?
Престанав активно да го критикувам овдешниот менталитет и навики кога забележав дека секоја сељачана зборува за некултурата во државата и колку на неа местото и е на запад, во цивилизацијата. Не сакам да бидам истомисленик во такво друштво.
Мразам кога некој не се разбира од збор, значи твое е да ме викнеш за некаде, да побараш друштво или услуга, мое е да ти одговорам можам или не можам, ако ти речам можам, значи можам, супер, ако ти речам не можам, значи навистина не можам поради икс фактори немој да ме напнуваш и да ме разубедуваш, па и други луѓе да ми пушташ да ме убедуваат по телефон