Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам... (без цитирања)

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од RainBow, 5 февруари 2019.

  1. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.139
    Допаѓања:
    35.896
    Пол:
    Женски
    Им се чудам на жениве што имаат каде да одат, имаат финансии и се' уште остануваат во токсичен брак, демек поради децата, а тоа што ќе трпат трауми нема врска.
    Ценете се жени затоа што ако вие не се цените никој нема да ве цени.
    И никој не може да ви помогне во ваква ситуација освен вие самите.
     
    На mickey18, LiquidLuna, M&M и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.518
    Пол:
    Женски
    Не играме фер игра. Утакмицата ја започнуваме со 1:0 за вас.
    Секако да ми дозволевте ќе бев попаметна ама ете, таа ваша пуста љубомора. Жал ми е за вас...
     
    На Cutiepie1 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    56.125
    Пол:
    Женски
    Интересен случај ми се луѓе кои блујат негатива секој ден за добро утро, фрлањето отров и навреди за некој им е дел од секојдневието. Сѐ некој ним им згрешава нешто, сѐ тие трпат некои неправди, сѐ тие се безгрешни светци и светици и добрите во секоја приказна, бидејќи знаат најдобро. Како живеат од ден за ден, полни со себеси, постојано гледајќи со презир кон некого. Но добро се рекло, тоа што имаш во себе, тоа и ти излегува од устата најчесто. Убаво ќе е онака на момент, на секунда да застаниш и да размислиш малку зошто го правиш тоа што го правиш.
     
    На M&M, Oriental, anata и 4 други им се допаѓа ова.
  4. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.517
    Допаѓања:
    5.603
    Пол:
    Женски
    Превише нарциси, желни за пажња, ванабис/ автентични (оти им се видело како фенси тренди идентификација) , превише.... #скрозфејк
    свет
     
    На eliesaab и Antebellum им се допаѓа ова.
  5. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.478
    Допаѓања:
    127.155
    Пол:
    Женски
    Некои личности наместо да градат нешто позитивно или да се обидат да пронајдат решение, тие ја насочуваат својата енергија кон девалвирање и рушење на нештата произлезени од туѓиот труд. Тоа може да биде одраз на нивната внатрешна несигурност или незадоволство од сопствениот живот, па така, наместо да се справат со своите недостатоци и проблеми, тие ги пренесуваат на другите. Но, животот е премногу краток за да се троши на такви негативности – подобро е да се насочи времето кон раст, разбирање и создавање на нешта што оставаат траги во општеството.
     
    На Vikktorr, M&M, ArtemisSs и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.139
    Допаѓања:
    35.896
    Пол:
    Женски
    "Јануари бил најдолг месец"...како па да не, додека да трепнам помина.
     
    На FridaodaMk, M&M, Anie93 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    3.221
    Пол:
    Машки
    Зошто некоја банда од политичари би била причината да ја мразам мојата земја?
    Политичарите се дно на човештвото, секогаш и секаде.
    Зошто намуртениот и некултурен сосед би бил причина да не ја сакам мојата земја?
    Можеби има добра причина за тоа. Јас можам да му го покажам спротивното.
    Зошто историските неправди би биле причина да не ја сакам мојата земја?
    Светот е преполн со неправди и ние не треба да сме нивни жртви. Од нас зависи како ќе ги живееме сега, какви и да биле, секогаш може да биде барем малку подобро, не очекувајќи дека ќе биде сјајно одеднаш.
    Зошто светскиот поредок би бил причина да не ја сакам својата земја?
    Живееме во глобална капиталистичка патологија, тешко им е на „обичните“ и таму и тука.
    Зошто би требало да мислам дека ако успеам надвор од границите на мојата земја тоа
    ќе е егзистенцијално постигнување?
    Само што ќе ја поминам границата успевам, или како? Ако бидам поголем Германец од Германците или подобар Швеѓанец од Швеѓаните? Или ако сонувам за другата страна додека не сум овде, и обратно, ловејќи невозможна фантазија секогаш од „другата страна“ овде или таму?
    Зошто да мислам дека брак со странец е показател дека добро сум се омажил/оженил?
    Сите се само луѓе и има секакви секаде.
    Зошто ако родам дете надвор од оваа земја да мислам дека детето има добра иднина?
    Местото на живеење не е никаква гаранција за ништо конкретно. И тука и таму може да е (не)среќно
    Зошто да треба да се повикам на некакви статистики за да си докажам дека „нѐ не бидува“?
    Статистиките се секогаш ceteris paribus, и има секакви параметри и мерки, дури и кога се објективни и веродостојни, и тие секогаш се конструирани од некого, од група на човечки суштества.
    Зошто да мислам дека тој што заминал одамна е подобар од мене?
    Што прави тој човек сега? Дали е посреќен од мене? Каква врска има неговото заминување со мојата благосостојба?
    Зошто да мислам дека сум поодобар од кој било друг што живее преку улица, мислејќи, дека според дефиниција тој е секогаш полош од мене? Да му умре козата на комшијата? А зошто да му умре? Ако тој губи јас добивам, или? Нема ли место за двајцата?
    Зошто морам да сум подобар од некого за да сум среќен воопшто?
    Зошто треба постојано да ја споредувам мојата земја со други земји?
    Постојаното споредување ќе ме направи посреќен?
    Зошто не треба да бидам како „просечниот Македонец“, Петко или Станко?
    А, кој е тој воопшто? Листа на најлоши замисливи особини што постојат? И ако не бидам таков тоа ќе ме направи повреден и поисполнет?
    Зошто постојано треба да се повикувам на некакво „апстрактен ентитет“ Македонија за тоа да биде општо чувство на неуспех и несреќа секогаш кога ќе се сретнам со „нашинци“ и секој разговор ќе биде за тоа како не „чинело“? Кутрата именка „Македонија“, колку е измалтретирана.
    Тука сум каде што сум, и моите искуства ги носам со себе каде и да одам, внатре или надвор, луѓето, релациите, споделените моменти, сеќавањата...

    И пак очекуваме сѐ да земеме, помалку да дадеме и да очекуваме овде да е како таму, и во исто време, сепак овде да е како овде а таму да е како таму, зошто така функционираат нештата... Не, така, не може. Треба да размислуваме како одење овде и онде сѐ додека не се најдеме себеси и бидеме среќни. Мојата земја е тука и таму и ја носам насекаде, јас ја создавам мојата земја со секоја постапка, секоја мисла, секое искуство, бидувајќи подобар за себеси и од себеси и за другите, во корист на другите, затоа што и јас сум другите.
     
    На Realist1, M&M, zemzela91 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.866
    Допаѓања:
    8.797
    Пол:
    Женски
  9. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    523
    Пол:
    Машки
    И маглата е убава кога си вљубен или вљубена, а кога не си, е само магла.
     
    Последна измена: 25 јануари 2025
    На FreeToGo му/ѝ се допаѓа ова.
  10. $ophia

    $ophia Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    1.203
    Пол:
    Женски
    Зошто бе уште се лутат луѓево кога си искрен со нив, а тоа го бараат од тебе? :punch:
     
    На Rozevata, Detective L, Stark и 3 други им се допаѓа ова.
  11. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.820
    Допаѓања:
    3.169
    Сѐ е отидено у неповрат.
     
    На Anaroz1, Crna Dama, Aschenputtel и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Oriental

    Oriental Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2023
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    707
    Лично ме погодува кога некој ми навредува блиски.
    Особено ако доаѓа од луѓе пред кои сум употребила директен/остар јазик, но и дупло наивност да поверувам дека сфаќаат зошто, односно имаат доволно висока свесност и квалитет да го разберат знаечењето на интраперсоналната комуникација, како и смислата на црниот хумор.
    Па, крај краева и видат дека немам лоша душа.
    Внимавајте дечки кому лепите етикети и за што бидејќи може ниту одблизу да не е така.
    На крај од денот може станува збор за погрешно пренесена информација или ,,пронаоѓање" од другата страна заради X банална ситуација, ама ако е вистина првото, стварно не е во ред.
    Исто внимавајте агендите кои се пропагираат како ,,оче наш" без контрола ви направат премин во категорија 'slut shaming', бидејќи зад параванот искрено ... баш така изгледа.
    Беспричинско осудување само за едната, но не и другата страна.
     
    Последна измена: 26 јануари 2025
    На nextredstyle, eliesaab, Detective L и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.517
    Допаѓања:
    5.603
    Пол:
    Женски
    Ајт.
     
    Последна измена: 26 јануари 2025
    На eliesaab и NPN им се допаѓа ова.
  14. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.517
    Допаѓања:
    5.603
    Пол:
    Женски
    ... Третиот е дозволување на првото, и/ли второто во било каква твоја непосредна близина и релација.
     
    На Crna Dama и eliesaab им се допаѓа ова.
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.892
    Допаѓања:
    171.430
    Пол:
    Женски
    Луѓе шо се радват за одземање на туѓи права и слободи се фашистичко гомно.
     
    На vrcakamazensko, Stark, GirlRose и 11 други им се допаѓа ова.
  16. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    2.666
    Не знам дали е до мене нешто и покрај тоа што сум женско ама многу ми станало одвратно тоа зара зара зара си купив ова од зара си купив тоа од зара!! Мсм глупости, кога и да сум отишла партали расфрлани маици со пудра не знам до кого и до што е, ама во други продавници зашто не е така? Не ми беше тоа поентата, немаме култура како народ тоа е факт, ама што толку потенцирање со све зара, дали една работа имам купено од таму :x
     
    На M&M, Aschenputtel, FridaodaMk и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.139
    Допаѓања:
    35.896
    Пол:
    Женски
    Велат "се' е лесно кога си млад", не, туку "се' е лесно кога си здрав".
     
    На M&M, Vikktorr, st-el и 6 други им се допаѓа ова.
  18. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.517
    Допаѓања:
    5.603
    Пол:
    Женски
    Со такви како тебе само строго, и по заслуга. ;)
     
  19. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    3.221
    Пол:
    Машки
    Deepseek покажува колку е ранлив В.И меурот, и капитализмот во глобала. Покажува дека е само една обична митологија на алчни луѓе. А, приказната е класична, се наоѓа еден „паметен“ (група на „паметни", секогаш е многу поголема мрежа, не ја гледаме зашто е дел од митот дека „успеал сам“) кој ги злоупотребува придонесите на милиони, дали била работна сила, фосилни горива, или податоци, принципот е ист, и потоа се назначува за голем „генијален претприемач“. Гејтс во однос на хекерите од Харвард, Џобс во однос на Вознијак, Џеф Безос во однос на Мелинда Безос (Скот), Маск во однос на Еберхард...Со декомодифицирање на кодот се деконструира целата измама за крадење на авторски податоци што им припаѓа на милиони луѓе, да не ги спомнувам оние кутри луѓе од глобалниот Југ или од Источна Европа што ги тренираат „рачно“ моделите, или тие што ги чистат податоците за тренирање, или сите ние што користиме медиуми и ја храниме нивната машина за рекламирање, за беспари, податоци од кои некој прави милиони, и милијарди и потоа си дава за право, иако не поминал низ никаков општествен филтер да „дели памет“, низ цела планета во името на „народот“ и продава фантазии за населување на Марс, кое нема да се случи ни за еден век реалистично, време за кое единственото место за живот на луѓето се ближи секој ден до точна на неповрат. Податоците се „новата нафта“, ама таа ни припаѓа нам, на човечките суштества, на нашето искуство, на нашите мисли... Луѓето ги хранат моделите, но тие и треба да ги користат речиси бесплатно за да го надградат искуството и знаењето без да бидат дополнително злоупотребени, или толку колку за се одржи моделот и на начин според кои сите ќе имаат корист, колективно и глобално, наместо поединци да ја хранат својата мегаломанија и митоманија дека се над другите. Слободно знаење и кодирање за сите... Значи може и така! Се радувам. Не, не мора да биде „Полесно е да се замисли крајот на светот отколку крајот на капитализмот“. Може и поинаку. Секогаш има начин.
     
    На Biljarkata, M&M и Milaaaaaaaaaa им се допаѓа ова.
  20. BeMyFriend

    BeMyFriend Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2023
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    1.470
    Пол:
    Машки
    Едвај чекам за кратко да се видиме и да уживаме голи гушнати.
     
    На Crna Dama му/ѝ се допаѓа ова.