Сосема е во ред да не си експерт за сè. Луѓе кои се прават како тие сè знаат и за сè се во право, мора да се истакнат инаку ќе пукнат, уствари се ситни души. Скромноста е една баш убава карактеристика, каде ја оставивте и зошто?
Некои велат дека со текот на времето забораваме на се. Јас не мислам така. Можеме да заборавиме телефонски број, лозинка, адреса. Но, никогаш нема да заборавиме некој што го сакавме, а кој ни беше пријател. Ги забораваме работите, а не луѓето. Не емоции, не чувства. Затоа што секогаш оставаат неизбришлива трага во срцето.
Ова е историски ден за мене. Ја избришав и последната токсична личност од мојот живот. Во изминатите неколку години околу 5-6 помалку или повеќе токсични луѓе ги избришав од мојот живот. И така станав среќен . Е сега имам уште еден предизвик. Малку се чувствувам осамено, ама тоа е оти сум надпросечно добра личност. Да не бидам нескромен и да се фалам, ќе кажам дека има и други луѓе еднакво добри, па дури и подобри од мене. Ќе ги барам и ќе ги внесам во мојот живот. И ќе бидам уште посреќен Значи, формулата за среќен живот е: Toxic people out, Good people in. Човек прави друг човек несреќен. Но, и човек прави друг човек (по)среќен.
Сакам да кажам дека покрај то колку сум уморна и отепана денојве, само си седам пред огледало и се гледам и радвам. Спојлер Спојлер Спојлер Почна да ми расти коса. Оти никој не ми кажа дека расти и за време на хемо?!?!
Сит на гладен не верува. Знаеш, понекогаш е ок да признаеш дека не ти е воопшто место да судиш или "даваш совети" за ситуација во која никогаш не си бил. Понекогаш стварно нема да разбереш како е нешто додека самиот не го доживееш. Не разбираш како е да го броиш секој денар и да мислиш дали ќе имаш утре за јадење ако никогаш не си почувствувал како е да се нема пари во семејството. Не разбираш како мачно може да е воспитување дете кога не си имал никогаш (до сега). Не разбираш како е да си жртва на манипулатор или абјузер кога никогаш не си бил во таква врска и се чудиш оти остануваат со таква личност или им требало толку долго да заминат. Неретко луѓето "сакаат да излезат во пресрет" со совети за ситуација во која тие самите никогаш не требало да страдаат, не сфаќајќи дека се во привилегирана позиција и свесно или несвесно ти судат. Знаете, ок е понекогаш да признаете дека не сте во позиција за мудрување, бидејќи едноставно не знаете и не сфаќате како е. Ок е во вакви ситуации да си го задржите мислењето за себе, и да покажите малку повеќе емпатија и разбирање, а не да ја баталите личноста и да не се замарате оти не ви одела по газот, јер само вие знаете и мислите најдобро за неа. Понекогаш утеха на луѓето им е некој што ќе е едноставно тука за нив. Како да кажам, не е лесно, и никој не останува во одредена ситуација од инает. Ама ок.
Гушкањето е всушност насмевка со рацете. И обратно, насмевката е всушност гушкање без раце. Затоа сите деца се смеат и се гушкаат.
Следам една девојка на инста, бремена е и ме инспирираше да напишам дека ми нема по слатко нешто од жена со меше. Да зрачиш некако посебно, тој период на исчекување на бебето, подготовки, возбуда се потсетив кога и јас бев бремена, нај убав период во животот, мислам дека никогаш посреќна не сум била. Спомени...
Истовремено и ништо немам што више да кажам. Истовремено и не секој има слух уствари. Така што, тоа би било тоа ваљда.
Луѓе што не знаат да направат еден скен од лична карта на една страна не е срамота (зашто ајде, ќе им се покаже), ама и те како е срамота да се пуштат на некого што културно кажува дека не му врши работа на два листа. И замолува, посочува, бара. Трпеливо, без разлика што не е брзо. И набљудувам дека на повеќе места не знаат, ама и дека работат исфрустрирано и агресивно се нафрлуваат. Немам намера да омаловажувам, ама некој да се шета на пет места оти овие се вреѓаат да им се покаже и те како е доказ дека и минималецот им е многу. Ако ме чита некој/а што ова го прави, не бидете вообразени. Некого тоа го чини време, па губи скоро и час.
... Јер карма ку*ва је, знаш да дуго шуња се... Али на крају стигне те. Yup, yup, babes. #saturninpisces #collapse
Можеби годинава не ми започна најдобро и се оди на полошо, ама благодарение на тоа разбрав дека по важно од да бидеш здрав, среќен и да не си осамен нема.