Како и секој добар фашист, добар во смисла на доследен, Трамп сака да сокрие една огромна лага со многу мали (полу) вистини. ** Обидувајќи да најдам дефиниција за личноста и делото, конечно дојдов до соодветната, во една реченица. Фала Варуфакис. Заградите погоре се мои.
Спонзоруша без емоции и емпатија.Те презирам и затоа сите те презираат, така си заслужила, предмет за потсмев.Фуј
Уште колку Виктории и Фросини треба да загинат на улиците за да сфатиме дека ништо нема да се смени додека само се караме и не преземеме чекори за промени? Луѓето паѓаат на лажни солзи направени од капки за очи наместо да обрнат внимание на фактите. Јасно е зошто останатите нации нè веслаат како сакаат. Не умееме да бидеме сложни, да бидеме едно. Ние сме само едно големо ништо.
Пишав за овие од Лимес дека се предосадни и уште од шолја што не ми излегле, епа сега почнаа и од таму да ми излегуваат. Пре пре предосадни се, морам да ги отследам страните поради нив, буквално на сите страни ги има. Сите прават copy paste и едно те исто рекламираат. Па кога ќе пишат "странска фирма бара жени за работа". А другиве па што коментираат толку да не научат дека се Лимес...
И покрај тоа што имам скоро 30 години сеуште сум несигурна што правам на светов. Чему све то. И зошто. Не знам што е правилно а што не е. Дури и кога одговорот е јасен, задлабочувањето во проблемот обично ги комплицира нештата. Сеуште се вљубувам во погрешни луѓе, и не можам да ги засакам „правилните“. Сеуште без свесно да сакам тежнеам да развијам длабока поврзаност со оние кои ми се втеруваат под кожа без прашање. Сеуште дозволувам да ми чекорат низ менталниот простор личности кои би требало да се одамна спастрени во некоја кутија со натпис „спомени“ или „минато свршено“. Го мислам сеуште (разочарано воздивнувам). Од време на време сфаќам колку е тоа глупаво, безсмислено, и колку во реалност би било лошо да сме заедно. Колку реални проблеми би се појавиле и колку моите моментални идеалистично – романтични чувства за него би се промениле. А и покрај тоа, го мислам. Ми се испреплетува со песните, ми се вмешува во монолозите, ми ги дополнува речениците, ме гледа в очи и ми се смешка, ме повикува в прегратка, ме опива со мирисот на тоа кој е. Или подобро, кој сакам да биде. Да, тоа е тоа. Идеализирање. Или проекција. Или и двете. Премалку те познавам за да си тоа ти. А сепак, толку го почувствував допирот на твоето битие, што (очигледно) сакам одново и одново да го доживувам по било која цена...
Имам навика да гледам наши квизови и страшно ми идат на нерви глупави натпреварувачи. Не, тупаво лигавење на водителот/ката нема да ви донесе екстра добивка или поен. И на квиз не треба да одите ако немате ниту основно познавање на нештата. И да, секој гледач со развиен мозок ви се смее. И вие со високи пензии и плати немате потреба од екстра пари. Оставете ги сиромашните да земат.
За сите оние кои беа но веќе не се Чувам облека и некои предмети што ми се подарени од разни личности кои некогаш ми значеле (хех, ова го велам небаре не морало сосила да се натерам да не ми значат толку). Многу од тоа и ден денес го употребувам. Има сентиментална вредност секако, но исто така потсвесно знам дека споменот на тие луѓе секогаш ќе е дел од мене, без разлика колку време поминало. Имале свое поглавје во мојата приказна кое завршило. Понекогаш не ни мислам кога ги користам, но често наоѓам чувство на удобност имајќи ги, помешано со носталгија, тага и bittersweetness. Спомените се едни од нештата што најмногу ги ценам, иако крајот не бил среќен како нив. Колку и да сум била повредена, утеха наоѓам во спомените. Тие се замрзнати во времето такви какви што се. Во некој друг универзум не завршило она што сме го имале и креираме уште заеднички спомени. Се надевам во тој универзум сега се смееме заедно на овие спомени и ги правиме сите оние работи за кои зборувавме дека ќе ги направиме. Луѓенца драги, иако си заминавте од мојот живот, ви имам најдено место во некое ќоше во срцето. Мило ќе ми е ако вашиот живот е подобар без мене, немам проблем да го признаам тоа. Јас и понатаму ќе ве сакам од далеку.
"не сакаат да видиш успех знаеш, сакаат да те газат кога долe ќе паднеш" но, Успехот не е случајност туку последица на дисциплината и постојаниот напор. Кога ќе останеш фокусиран ќе го победиш секој предизвик и секоја невозможна мисија ќе стани возможна. Дисциплина е наука за успехот.
Десет пати ти кажав дека ми беше другар, ама се скарав затоа што се докажа дека е манијак. И тоа најголемата ја направивме поради тебе, оти така ми зборуваше за тебе. И не ме послуша, пак продолжи да се дружиш со него се досега каде што ми се жалиш како ве навредува и мисли дека ве поседува... Ти кажав како стојат работите, не ме послуша, сега не се мешам, освен ако не те нападни физички, па да го претепам. Се дотогаш, голема и возрасна си, веројатно знаеш како треба да постапиш.
Неделава ми е толку перфектна, имам момент "you don't know it was such a beautiful day until it's over and it becomes a memory". Нема потреба од анксиозност, следи златен период се надевам
Не сфаќам луѓе што читаат само три странички од книга, јадат само еден ред од чоколада, сакаат ама на пола... роботски ми е тој начин на живот. Абе ако ми е погодена книгата во една вечер ја читам макар останала без спиење, јадам цела чоколада без трошка каење и кога сакам, има цел свет да дознае затоа што не знам поинаку. Е така
+ и дијагнози/ (вечито)/недоквани, шо и немаат баш абер, а и реално желба, за подобрување, како и нивниот би-продукт attention-seekers од било каков вид. А и пи*ки кои толелираат и енајблираат, од било каква причина исто... Истите тие што деноноќно филозофираат и (би да) изиграваат академски граЏани, тотално (дис) функционалните де,... Шо Фпрочем и го чекаат месајата Џизс/светистациони политичари итн... да им ги почисти с*ата шо сами си ги се*ат/дозволуваат да бидат се*ени. И така едно100 години,... без надеж за подобрување,... во зачаран круг на будалите.#стајхехенценели Марш у три лепе, или колку год, најмање едно 300години бе... Покрај тоа, животот е лаганица.
Најубаво е само тивко да си го живееш животот и да си уживаш, нема потреба од многу дрдорење наоколу.
Недела - ден за патување. Отсекогаш ми бил, а до кога ќе остане не се знае. Не знам дали сум среќна или тажна, која измешаност на емоции, да се чудиш.