Страв ми е што носи иднината. Веќе се помирив со тоа дека нема да ми се оствари најголемиот сон, не можам да продолжам да се помирувам со се и се што.
Aма баш за се, што више е "ходајуче ништото" то бетер(комплекс). Да није тужно било би комично, уствари и тужно е, а и комично, а и патетично...
Некои ни сами немаат појма што сакаат да кажат, а се чудат кога никој не ги разбира. Не си препаметен, а другите глупи, туку до тебе е проблемот
Треба упорност да се успее во животот и да се биде среќен. Но, исто така треба упорност и доследност човек да си го уништи животот. Некои луѓе како да живеат според прирачник "5 Начини како да си го уништам животот".
Имам забележано дека мажите не сакаат жени кои премногу зборуваат или се премногу сериозни. Сакаат тивки, насмеани, лабави, што не се замараат со никој и ништо жени, слични на нив. По можност малце и така глупички но, доволно манипулативни, ку*от да си поиграат со нив, нели, за да не биде досадно. Затоа многу жени свесно одбираат да се сингл, удирајќи силен емоционален шатдаун. Бидејќи не можат сите да бидат такви, а на крајот од денот и не треба. Меѓудругото, сингл се затоа што се чувствуваат загрозено ради горенаведените критериуми и други мрднати карактерни особини кои ги имаат мажите кон нив и ги проектираат... Сингл сте дами, со полно право! Најодговорно тврдам дека 75% стрејт мажи носат некоја APD (anti - social personality) дијагноза во комбо со незрелост или друга попатна дијагноза, и баш ради тоа не умеат да хендлаат жена со, кхм, карактер.
Кога ќе пишат дека не можеле да постат од здраствени причини (и тоа овие еднодневниве пости што се), ама затоа похованици, прженици, пржено сирење што упило еден куп зејтин тоа најздраво е. Чистењето на организмот е здравје.
Се осеќам ептен мазохистички дека црна хроника ја ставив на надгледување па еднаш дневно притисокот ми се крева. Ама и то е позитивно. Пошто сум со низок притисок.
Некои луѓе се како балони, високо летаат, а празни се... Мислат дека се' знаат за другите, а всушност за самите себе не знаат. Само да знаете дека секогаш во друштвото во кое сте опкружени секогаш постои натрапник, вие го барате надвор од друштвото, ама натрапникот е помеѓу вас. Е толку "знаете" да ги процените луѓето со кои сте секојдневно заедно, ама вие си знаете...
По ликот можеш да познаеш човек каков е. Мутав, интелигентен, добар, злобен, завидлив. И да, човек со добри карактеристики е привлечен, а од оние змиите вришти одбивност.
Си живееше некогаш одамна во неговото кралство нетрпеливиот Трпе. Хм незз дали да почнам да пишувам бајки за деца...
Пред речиси еден час, две девојчиња на 12-13 години, во Стокомак во Центар без грам срам гласно оговараа соученици и тоа со погрдни зборови. Едната па и храна ругаше. Којзнае колку одвратни булиња се... Спојлер Едната носеше бела зимска капа и очила, и имаше светол ранец. Ако некој/а си ја препознае ќерката/внуката под итно да разговара со неа. Ниту една држава ќе нема иднина со вакви генерации. Ако не ве бива да ги воспитате, не ги ни стварајте!
I just wanted to love you. Сакав само да те сакам. Конечно некому да дадам нешто што пополека почнува да вриска во мене. Да ти ја држам главата со двете раце додека со насмевка те гледам во очи и чувствувам дека те сакам, без сомнеж... чувствувам, дека си мој, што ме тера да те гушнам, да те заштитам, да те прифатам, да те утешам, да ти простам. Да те сакам. Да си доволен каков што си. Ма, совршен! Сакав само слепо да се заљубам и да уживам во чувството. Тинејџерски. Наивно. Без мозгање. Без детективското роварење по твоето минато и сегашност, без проверување на складноста на моите и твоите планови за иднината, без неизбежната потрага по сигурно постоечките маани, проблематичните навики, пороците. Без константното проверување дали и јас ти се допаѓам, или подобро кажано - што не ти се допаѓа, оти нешто мора да има, нели... Сум заборавила да сакам. Можеби сум заборавила вистински да сакам. Се плашам да не бидам повторно повредена и ги преземам сите постоечки заштитни мерки за да не дојде до тоа. И, фукнционира... FBI може да размисли за да ме вработи. Доста рано успевам да откријам сè што нема да ми се допадне и ќе биде потенцијален проблем за кој тешко ќе се најде компромис. Разумот пред чувствата. Пресекувам со одлука – најчесто си одам. Ама, успева тоа да ги сопре чувствата да се развијат? Да ме демнат? Да те сонувам? Не. Дефинитивно не. И тука сфаќам дека мојата стратегија има недостатоци. Не може, Хеви, не може сè да се испланира. Не можеш секогаш да имаш контрола. А сепак, дали следно ќе изберам поинаков пристап? Искрено се сомневам...
Кога би бил поет, мојата морална клетва до некои луѓе би била: Еден ден ќе имате пари, но ќе немате душа! Потоа нема назад.
Колку само има злобност има во народов. Кога не се работи за вас, туку за некој друг следува солење памет "ама требало вака да направиш, ти си виновна за тоа", итн, ама...кога се работи за вас и за банални работи се навредувате ако некој ви ја каже вистината. Само кога ќе ги облечете туѓите чевли, тогаш можете да судите, до тогаш гледајте си го вашиот двор и зачистете си го, ама неее, вас ви е полесно да "чистите" туѓи дворови. Од каде знаете со каков проблем некој се соочува па да судите?