Кога нешто или некој ти влегува под кожа..седиш трета ноќ со ред до ниедно време мислејќи, анализирајќи, замислувајќи што како, иако претходните две не си спиена ни 8 саати вкупно. Како беше она, нешто да се дешава во животот само? Абе абе...
Најсмешни ми се ликови кои се влечат во трета лента, ги поминувам во втора и од како ќе види дека жена ги поминала одма драматично стискање на гас, со лижење гуми од асфалт, со сѐ... Океј е комплексаши, се гледаме на први семафори.
Сонувам за денот кога ние луѓето брутално искрено ќе можеме да си кажеме лице в лице што мислиме едни за други без страв од реакција на другата личност. Двете најекстремни ситуации би биле: Изразување љубов: Те сакам. Затоа што си прекрасна личност, искрена, смирена, со благородна душа. Се грижиш за другите и внимаваш да не ги повредиш. Покрај тебе се чувствувам пријатно и среќен сум кога сум со тебе. Изразување омраза: Те мразам. Затоа што си лоша, себична нарцисоидна личност, без емпатија кон другите. Се грижиш само за себе и свесно ги искористуваш и повредуваш другите. Покрај тебе се чувствувам исплашено и не сакам никогаш повеќе да те видам.
Полошо од невоспитани пензионери се млади што немаат осет дека ранци не се носат на грб во гужва. Па и на тротоари. Куроболие на најјако, посебно со тие наглите потези. Нит се води лево, нит десно. Тешко народов со вакви карикатури.
Поголем дел е до гените, ама и не мора да значи. Познавам родители кај што се слабички и имаат младолик изглед, а децата им се крупни и изгледаат постаро од годините. Секако за изглед не се коментира, можеби имале хормонално пореметување и пијат некоја терапија, ама и си јадат брза храна, чипсови, газирани сокови... Зависи и до организмот, некои се поправаат, некои слабеат, ама едните си јадат пици, хамбургери, мајонези, епа не е секогаш до терапијата што ја пијат. Разбирам да се поправат +10 кг., ама + 50-60 не ќе да е од терапијата. И од стрес се поправа и од брзиот начин на живот, ама 5-10 кг. Нека седи дома, нека не мрдне ни до маркет пешки, туку со кола, и нека препише дека е од терапијата. И јас од стрес се поправив 4-5 кг., со тоа што бев премногу слаба супер ми дојдоа, ама не бев навикната и ми сметаа, се' направив да ги симнам со нејадење на леб, брза храна, благо, па и за среќа си ги имам гените. Сега јадам како дупната, а не се поправам, исто под стрес сум.
Разбирам јас да пратиш политика и случувања ама да си дотолку заминат да не си го гледаш животот, куќата своја, туку да гледаш за партии што направиле и некои работи со кои ти немаш допирна точка... ако не се средиш прво себеси, што ќе ти е друго? Каква дијагноза е ова?
Аман бе аман значи, само јас јас јас, сè вие најдобри у све, најпаметни, најубави, најсовршени, најуспешни.. Ако си сѐ од ова, зошто ли имаш потреба 24/7 да истакнуваш колку си нај? Притоа деградирајќи ги другите. Помалце да ве боли шо праеле другите, и помалце да се фалите самите, остајте другите да ве пофалат, послатко е.
Сакам да кажам дека се воодушевувам на маjките што излегуваат од државата само за детето да го родат во Европски град.. Камо и јас да ја имав таа среќа мајка ми да излегла од државата само за да се родам во Европа... Иначе ако имам дете некогаш ќе го направам тоа за моето дете
Денеска фатив да гледам туѓи дворови, ниеден среден не видов. Се што се нашло "за ќе притреба". Срамота колку сме мрзи дворот не сме си средиле а не пак другото. Кој знае како ни се собите?
Зошто бе одите на работа со кашлици, растечен нос, температури? Едвај стојат, ќе се онесвестат уште малку, ама битно дошле на работа бидејќи ако земеле боловање ќе им скрателе на плата. Нема грешка, поарно ние другите да се заразиме отколку вие да земите помала плата за овој месец.
СДК по кој знае кој пат ..она што го имам во потписот на форумов... Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Знам дека многумина гледаат поевтино нешто да земат ама ми е премногу глупо кога во аптека, маркет или друга продавница ќе ми речат за нешто што сум побарала "Скапо е ова", демек или да го сменам или да не го купувам?! Добро, не ми е гајле дали е скапо, само ми треба и дај го и ќути.
Од гости, омилени ми се тие што не доаѓаат! Јави се, кажи ги поздравите, ќе си кажеме ќе се видиме и толку. Ни чаши/чинии по нив, ни постелини перење, ни неред раскревање
Наспроти широко распространетиот стереотип дека сите сакаме љубов, да сме заљубени и да бидеме во среќни врски, мојот омилен филозоф Славој Жижек (Slavoj Žižek) вели дека голем дел од луѓето во суштина се плашат од љубовта. Се плашат да се заљубат, да бидат во среќна врска, да направат commitment. Има на Youtube негово видео со наслов Our fear of falling in love. Кој сака може да го види видеото, но накратко еве ја суштината на тврдењето на Жижек дека луѓето се плашат да се заљубат и се плашат од љубов. Тој вели дека во денешно време да се биде сингл и не-заљубен е прилично комотна позиција, посебно за оние кои имаат (добро платена) работа и барем два-тројца пријатели/пријателки. Тие луѓе живеат сами, одат на работа, после работа одат на пиво со пријателите/пријателките, имаат одвреме-навреме по некој one-night stand here and there.... и така си го тераат животот со години во некаква си повторлива рутина. Кога тие луѓе би се заљубиле, според Жижек, нивниот живот би станал кошмар и нивната секојдневна рутина би се нарушила. И сега следува поентата на Жижек. За овие луѓе, моментот и процесот на заљубување е traumatic event и не е пријатно чувство. Да се биде заљубен (to fall in love), значи да се падне во љубов, буквално преведено. А тоа значи, на некој начин, да се изгуби контрола врз сопствениот живот. Значи постојано да се мисли на личноста во која сме заљубени, а тоа значи да ни се наруши мирното рутинско секојдневие. И така овие луѓе несвесно бегаат од заљубување, љубов и сериозна врска. Тоа е суштината на тврдењето на Жижек. Јас би додал дека стравот од љубов и заљубување, на свесно ниво се манифестира со неколку фразеолошки оправданија. На пример, "не е тоа вистинската личност за мене, ќе најдам подобра/подобар", " ова што го чувствувам не е љубов, туку хемија и сексуална привлечност", "сега не сум emotionally avialable за нова врска", "да се средам себеси овој период, па потоа ќе се заљубам", " што е мое, ќе си дојде", "нема што јас да се заљубувам, Господ има план за мене", "мене не ми е судено да имам среќа во љубовта", "добар/добра е, но има и маани"... итн.
Простувањето носи мир во срцето и светлина во душата. Нека ни биде простено, и да простиме – за да чекориме напред со чиста совест и љубов во срцата. За многу години Прочка ! И на сите нас што утре ќе постиме посакувам лесен Велигденски пост.