До скоро се предомислував дали сум го направила паметниот избор. Дали да се вратам назад и живеам во својата татковина, или да останам овде каде што секогаш ќе сум некој од надвор. Фледајќи, читајќи што се случува, секој ден ми е се помило и помило што моето дете нема да поминува низ тие глупости сервирани од политичарите во Македонија. Загаден воздух, корумпирано судство, зинато за пари здравство, образование средно жалосно, квалитет на производи испод просек, цени огромни, култура ниска. Жал ми е што мојата држава е ова што го опишав, затоа што мојата земја е стварно најтопла. Толку убава. И се лутам што дури и кога замислувам да имам магично стапче, дури ни во желбите не гледам дека може некогаш Македонија да се среди и да бидеме квалитетна држава.
Секое простување што го дадов подоцно ми се удри по глава и ме научи дека е погрешна одлука. Не можам да заборавам. Премногу боли. Можам да простам ситни недоразбирања, но не и покрупни ствари. Простувањето е за Бога.
Прочка. Сум простила на луѓе кои после некое време пак ги правеле истите грешки. И тоа свесно! Веќе нема. C'est la vie
Ми се чини како да почнав помалку да прам зборовна салата. Ама после сат-два се читам пак и сфаќам дека уште пишам неповрзани работи. O, well.
Едно се желбите и очекувањата, а друго е реалноста. Толку сурова, да коа ќе те акне, сѐ уште у шок си, па не така лесно можеш да се опоравиш од тоа што те снашло. Посакуваш сѐ одново да се случува, да се врати времето, да можеш да го замрзнеш убавиот период кој е веќе зад тебе, и навистина да бил сон од кој никогаш не би сакал да се разбудиш. Но, реалноста си е таа, не може да се смени, колку и да се трудиш.. Само пак, вајда сето ова сѐ случува со некаква причина, која ние не ја знаеме. Ако ништо друго искуствата се битни, кои верувам дека нѐ прават посилни, и секако лекциите кои ни ги дава животот. Останува на нас дали би извлекле некаква поука, или не. Се надевам на поголема разумност од моја страна во периодот кој следува.
А да, кој помисли дека е добра идеја на свет полн нарциси што озбилно му се одбива од глава, да промовира уште повеќе нарцисизам? Па истиот тој нарцисоиден свет нормално. Needles to say, ми се се*е од вас и вашата "автентичност" и "храброст" не, бриши, пи*кантност, е така. А да, и #скрозмарш
Среќен 8 март на сите жени, мајки, баби, ќерки, сите прекрасни женски души кои го оплеменуваат овој свет со својата љубов. Биди горда што си жена, мудра и достоинствена! Убава, топла, храбра, нежна, важна и неизбежна. Среќен празник драги мои дами!
Дете, мајка и татко во Синсеј во Сити Мол. Детето фаќаше кај што не треба, по женските чевли. Ги тегнеше како со намера да ги уништи. Мајката мува не ја лазеше, ни а, ни б не му рече. Таткото му рече 2-3 пати немој, сине. Иако ќе беше подобро да го изнесеше од продавницата. Детето ич не го слушаше и си продолжуваше да тегне. Татково го смени малку тонот и тек тогаш ѝ текна на госпоѓата мајка да се сврти накај детето за тоа да престане. Не дај Боже, ама тоа машко дете во иднина може да биде кретен од маж кој нема да го почитува она не на девојките и жените кои ќе му бидат во близина. Подоцно, на улица во Карпош некое машко на 15-17 години на мотор возеше девојче веројатно помладо од него. На ќош застанати и нејзините другарки, си чекаа ред. Немаше родители на виделина. Пак ќе речам не дај Боже, ама тој тин кретен утре може да биде убиецот на следната Фросина. Или да ѝ направи нешто друго на некоја. Еб*те родителите незаинтересирани и неодговорни. Толку да не мислат каква опасност можат да бидат или во каква опасност можат да се најдат нивните деца во иднина. Битно они створиле потомство и се дуваат во гради ради тоа. Живееме во доста опасни времиња, но на кој му е гајле. Битно... Среќен 8-ми Март!
Од сите честитки, најомилена ми е онаа од децата пресретната на пола пат. Души толкави, со цветчиња и насмевка честитаат на секоја девојка и жена. Најпријатно изненадена. Инаку, празникот на жената е секој ден, зашто ние покрај нежноста (најчесто) сме и посилната половина! Само ми е жал што во последниве години зазема друга насока празников. Мнозинството жени ,,се борат" и радуваат ако излезат скришум порано од работа во обични денови; претежно се кодошат, но никако да научат да се поддржуваат; за дел важат феминистичките ,,правила" кога треба да избегаат од одговорноста. Или накратко, честит празник само на жените кои се буквално рамноправни до мажите - посебно на жените кои седат до последна минута на работа со нивните колеги и не се вадат со измислени термини за доктори.
Сите сакаме пријатни разговори и убави моменти. Но, за жал, понекогаш во животот мораме да водиме непријатни разговори. И со позитивни и со негативни луѓе. Ај со позитивните луѓе некако ќе се разбереме, ама со негативните многу тешко. И што се случува? Со денови, месеци и години го избегнуваме и одлагаме непријатниот разговор. Негативните емоции се трупаат, недоразбирањето продолжува додека еден ден не се случи (страшен) инцидент. И после тој инцидент, за жал, нема назад. Тогаш разговорот што сме го одлагале и избегнувале со години, се случува ама сега 10 пати понепријатен од порано. После овој разговор, најчесто нема назад и има трајно нарушување на меѓу-човечките односи. Се обвинуваме зошто порано не сме реагирале, за да го спречиме инцидентот што ни се случил "неконтролирано" и што состојбата ескалирала. Лекција за во иднина: Не треба и не смееме да ги одлагаме и избегнуваме непријатните разговори. Подобро порано додека проблемот е помал, отколку покасно кога проблемот ќе стане голем и ќе излезе од контрола. Потоа, најчесто нема назад.
Ми фали чувството кога си 100% сигурен дека си положил на испит, ама со нетрпение очекуваш резултати, да видиш со колку поени и со каква оцена си положен. Последниот испит го положив пред точно 10 години, ама скоро полагав нешто налик испит и ми се разбуди носталгија.
Кога станува збор за славење роденден, не ни очекувам да ми подаруваат подароци. За мене е доволно да се собериме и да прославиме заедно, кога да се најди време и за тоа стана луксуз. Секоја година бројот на луѓе за славење се намалува. Не дека очекувам некој сѐ да остави одма и да дојди специјално, но во тој период ми е битно да се одбележи. Еден ден во иднина ќе сфатиме дека сме пропуштале многу од постојаното трчање по обврски и немањето време за ништо, не само за славење нечиј роденден. Спојлер Можеби и ми подрани пмс овој месец па сум малку драматична.
Кога едно AI ти дава подобар совет од стотина луѓе и it actually works: Проблемот не е во напредокот на технологијата, туку во себичноста на луѓето.
Сè почесто приметувам жени (најчесто тоа се скопјанки) кои очигледно веќе не знаат или не умеат како да си ги прикријат - евентуално решат еднаш засекогаш комплексите кои си ги имаат вкоренето длабоко во себе, па и да нè поштедат нас останатите. Ваљда дека животот ни е колку-толку посреден од нивниот (аристократски, непровинцијалски) и тоа е првата асоцијација за испади.
Од сите работи во животот најскапоцена е среќата.Живејте на начин на којшто мислите дека ќе бидете среќни и исполнети.