Каде си, Македонијо? Завеана во црнила, заспана, заборавена, распарчена. Те нема. Едни деца ти се разболуваат, други деца ти гинат, трети деца ти дремат. Луѓе умираат речиси секој ден во објекти или на улици. Живите не мрдаат со прст. Живите имаат партиски книшки и ги користат за остварување на нивните себични цели. Нивниот конфор и страв им се побитни од болките и страдањата на нивните сограѓани. Бегаат во странство земајќи пасоши од оние држави кои им ги малтретирале и убивале предците, водени од илузијата и пропагандата дека таму сè цвета и е розево. Паѓаат на соседските понуди за помош што не се искрени, туку се дадени само од корист, а подоцно ќе бидат алатка за уцена! Критикуваат дека овде ништо не се менува, а секако дека не се менува кога бегаат наместо да останат и да се борат за промени. Но и таму во странство се случуваат истите хорори. Разликата е во тоа што тие народи си ги сакаат и ценат блиските, па се бунат за секоја погрешна одлука на властите и за секоја трагедија која се случила поради неодговорноста на властите. Само овде се плука и се руга патриотизмот, а секаде надвор се воздигнува. Само ние седиме и спиеме. Дур седиме се препукуваме кој е крив, а кој не е. Ги кривиме или тие кои не се криви или тие кои се најмалку криви, а не тие кои се најмногу криви. А, сите сме. И тие квакнати на фотелјите и ние дома квакнати пред екраните! Сограѓаните ни се малтретирани и убивани, а ние сосем мирно си легнуваме да спиеме. Следниот ден продолжуваме со сеирот. До кога вака? Уште колкумина треба да умрат за да сфатиме дека мора да делуваме?
Најголемото нешто што може човек да го направи е да се жртвува. Посебно со живот. Да го даде својот за да спаси друг. Е тоа е људина. Големина најголема. Тоа е за споменик да му направиш и да станеш кога го спомнуваш името негово. Андреј, голем човеку! Мир на сите и царство небесно.
Единствени виновни за сиве несреќи низ годиниве ни се институциите и партиите, единствен виновник на крај испаѓаат жртвите и семејствата.
Сдк дека уште како многу мала ми беше срам да кажам од која држава потекнувам. Сега на 24г ми е јасно и зошто било така.
Пред 40на минути, на излегување од Зур маркет во Кисела Вода, пред вратата стоеше млад маж со кафеава коса во реп и имаше пуштено кафеаво куче со него кое не сакаше да се тргне. Човечки го прашав дали е негово, рече дека е. Го замолив да го тргне, а мажов одби и почна да ме навредува. Типов веројатно не знае дека законски не е дозволено кучето да биде пуштено без маска и/или поводник. Ако некоја си го препознае типов со кучето од описов или според локацијава, да му даде едно квалитетно повишување на тонот поради неговиот дрзок однос и да му пренесе дека ќе биде пријавен во сите надлежни институции доколку уште еднаш го видам со пуштено куче пред тој маркет или на кое било друго место во државава. Значи, треба да се мисли. Ако одите со пуштено куче, ги ставате другите животни и луѓе во опасност. Тоа што вас не ве каса, не значи дека нема да касне други.
Ќе наидеш на луѓе кои никогаш нема да ги запознаеш, ама преку нивните дела и глас ти го прават животот поубав. Лесна ти земја, нема да е исто без тебе. Немав шанса во живо да ти кажам фала, а ја чекав со душа. Младоста ми ја означи со убавини пораснав со тебе, иако не знаеше. Фала ти. Ангел
Koja bezcuvstvitelna ameba treba da si da dojdes uste vo 9 sabajle na vakov den i da zamaras za alista i obuvki. Da vi se pluknam vo toa pametot odvratni stvorenja, do kupuvanje vi doslo pu !
Животите ни се сведоа на слики и видеа за на Фб. Мислам дека нема поголема казна од ова. Неизживеани животи.
Не сфаќам луѓе кои со цел памет креираат видеа/слики со личности од несреќата со помош на вештачка интелигенција. До толку ли стигна безобразлукот или јас изгледа не сум во тек како треба? Скроз оправдан е фактот дека секој си жали на свој начин, но е многу мизерно истите да се користат за вакво последно „оддавање“ почит. Самите сме си мршојадци во вакви мигови, тешко нам. Попрво самите ќе се сотреме неголи друг да нѐ сотре. Па и овие што споделуваат ми се за две нивоа уште подолу, зашто со самото напрегнување да се дофати „тешкото“ копче е..бедно. И сѐ си мислам дека и кога би ставиле крај на целиот грд систем, овие непреобразените од погоре ќе нѐ дозакопаат со нови „идеи“. Сѐ ќе се замени, сѐ ќе се подобри, ама немањето осет спрема друго битие ништо нема да го надокнади. И тоа се гледа и во многу други сфери, навидум „небитни“ и често занемарливи. И сега од утре, најсериозно ќе ве замолам да не глумиме држава. Оти и ПП апарати ќе се стават насекаде, и сето ќе цвета и цути по прописи, ама тоа гнасното што е прикриено во душа ќе се прелее кога-тогаш како шлајм. Молам. Една просечна македонска реалност изгледа вака (вистина вака), баш како во песната на Слаткар подолу. Пред 15 години објавена, до ден денешен, а богами и за следните 15 ќе остане вака актуелна. Ако ништо друго, ќе нѐ потсетува на тоа дека наведната глава сабја не ја сече. „Сине, не се нервирај, ќе биде подобро“ Го прашувам „кога“, ќути не го знае одговорот Понекогаш сум среќен за мојот топол дом со Че го имаме она што никогаш го немал он Веќе година дена фурам иста патика Дупка на ѓонот, пропушта вода, станува навика Некад се дешава дома нема ни за храна Четири хиени pжат, сама жена плаче мама Мамо немој да плачеш, ме кршат твоите солзи Штедам за мартските рози викаш „немој не се троши“ пс. сандачето отворено ако треба разговор. Бар искуството со справување на животни трагедии да послужи за да исправи друг човек. Оти за друго и не служи баш.
Мамицата мамина да ви ја ебам, како еднаш не излеговте од општина амеби едни навечер да видите како шетаат глутница кучиња. Си дојдов дома растревожен од адреналинот и сега откако се смирив, тремор имам. Си одев од работа накај дома, пешки од нигде никаде огромно куче, можеби беше кангал испуштен ми рипна и лаеше агресивно, сакаше да ме касни за рака. Среќа брзо реагирав и плескав со рацете силно да се уплаши од звукот и некако се спасив. Кој ќе ми береше гревот во 12 по полноќ вечерва ако ме собореше кучето... Џубрина едни скапани, смрдени.
Последниве години почнав посериозно да го сфаќам здравјето и животот и повеќе да го ценам тоа што од некаде се враќам дома жива и здрава или тоа што го дочекувам новиот ден. Немаме војни, но сепак некако не сме безбедни, може да не снајде некоја несреќа, што во сообраќај, што во домот, на работно место, секаде. Лудило е државава со црна хроника секој ден. Не дека мислам на лошо туку муабетот ми е дека се заблагодарувам на Бога за секој нов ден, за секое безбедно враќање дома, а молитвите ми се состојат во тоа да ме чува каде и да одам. Многумина не сфаќаат колку се среќни што се здрави и живи. Еве и пример од пред некој ден, сакав да го напишам во постов и се поклопува со тој погоре на Stark: рано наутро излегов, немаше ни еден човек, сама бев на улица и одеднаш куче што лежеше од другата страна преку улицата, стана и почна да ми лае. Од лаењето, дотрча друго куче, после позади мене, подалеку, почнаа и други да лаат. Си реков сега што да правам, од кој да барам помош. Па среќа ете некако поминав и заминав. Ами ако ме нападнеа? "Да сме здрави и живи" дефинитивно не е само скромна желба. Поголем благослов и поголема среќа од тоа нема.
Како да ни требаше некоја ваква трагедија за да си покажеме дека си се сакаме, дека имаме големи срца, дека си ги сакаме ближните, дека има надеж за нас. Ама па од друга страна ни останаа овие гнасни политичари што ни ја цедат крвта со памукче и тие немаат различни партии. Тие сите се заедно, сите се од иста страна алчни, извитоперени, гнасни, подли створчиња што не уништуваат 35 години. Никако не можам да ги сфатам луѓето што им веруваат во лагите дека ќе се бореле за подобро утре на народот. Тие само се борат за својот џеб за никаков народ не им е гајле.
Дефинитивно треба да се забранат тротинетите. Дали да внимаваме од автомобили, велосипеди или тротинети? Повеќе тие со тротинети ќе ме прегазеле отколку со автомобили, воопшто не внимаваат, летаат, и по улици, и по тротоари.
Јас ја тешев, и плачев заедно со нејзе и ја гушкав од срце и за тоа кога мене таа особа требаше да ме теши-ја нема Не ни крена телефон да ми рече : " Бог да ја прости" А јас, секогаш ја ислушавам, совети делам. Е богами, од денес, нема поќе. Секогаш кога ѕвонам, ниту еднаш не крева прва, стално касни, а јас секогаш гледам да не се карам со никој. И пак јас не чинам. Е нема поќе.
Не се научија да сочувствуваат, бар мудри да беа и да ја држеа устата затворена. Таа дупка сме, без вечно дно.
Врвен примариус доктор со 30+ години во медицината, со научни трудови исклучително почитуван во фелата во и надвор од државата споделува совет и Славица со едвај осмо му пишува: јас не знам ова колку е точно и издржано вие докторите само им кажувате на пациентите што да пијат и да прават профит на аптеките, ама тетка ми има една комшивка чија снаа од петти братучед прави чај кој сигурно помага повеќе од вашиве совети. За чајот секако немаат никаков сертификат.
Не знам зошто, ама изгледа само јас не верувам дека постојат посен кашкавал и посно сирење, па и веге нека се.
Новиов филм "Снежана" моментално има 1.7/10 рејтинг, а Дизни си го рекламираат како еден од нивните најголеми успеси. Кого лажите бре, уште пред да излези се знаеше дека ќе е тотален фејл. Нека ви е лекција за уништувањето на класици, одење премногу воук нема да ви е повеќе во прилог.