Блазе им на тие што партнерот им вика не работи, паузирај колку сакаш (значи не целосен прекин, туку пауза). Тек па на тие што ич не мора да работат, а притоа не се понижувани. Стварно блазе им. Знам една, од смачкана процвета. И така треба. Ние другите сме лејки скапани што ќе се утепаме од докажувања. Демек рамноправни сме, ама ако може пушти си ја да вади повеќе. Ако седи оти седи, нека оди нека работи ама да не се жали оти нешто ќе е до нејзе. Ма сигурно ќе е до нејзе.
Ти посакувам од лошо најлошо да ти е среќа да не видеш у живот.И сообракајката што ти се случи за нова год тоа ти е карма за се лошо што ми имаш направено во животот. Karma is a bitch се лошо што си ми направил почна да ти се враќа веќе
Четири работи од кои треба да се откажете: 1. Претерано размислување 2. Страв од промени 3. Живеење во минатото 4. Обидот да им угодиш на сите
До кога бе ќе се понижуваш себеси? Доста, и прекинувај сместа!!! Попрво би полудела за скоро со ова темпо ако продужиш, и ако не промениш нешто кај себе, не e на арно работава ич.
Победнички менталитет не значи дека треба да се победи во некој спорт или натпреварување. Победнички менталитет е ставот на постојан напор, упорност и вера во себе, без оглед на исходот. Победничкиот менталитет се состои од способноста да се надминат предизвиците, да се учи од неуспесите и да се продолжи напред со оптимизам, да се задржи фокусот на целите, да се остане истраен и да се верува во процесот и фактите во кои веруваш и те издвојуваат од другите, знаејќи дека успехот не доаѓа преку ноќ за да останиш пример и да докажеш дека твоите вредности не се само зборови или мислење, туку се основа на твоите дела и одлуки во секојдневниот живот за кои се залагаш и држиш строго до нив.
Си го средувам лаптопот. Ми текнува на времето кога речиси сите во мојата надворешна околина имаа компјутер и интернет, а јас не. Едни не можеа да прифатат дека не секој ги има дома, а други се потсмеваа. Ова е една од причините поради која не ми се допаѓаат генерализациите за минатите години. Јас бев една од тие кои не ги живееја исто со другите. Имало оваков чет и онаков чет и вака-така правеле, бла, бла, бла...А, јас многу подоцно прочитав или слушнав од некој дека постоеле. Моето детство не беше полно со штракање глупости на тастатура, туку со молење за малку милост од небесата или од некој на земјата и памтење на броевите на полициските станици. Нешто што животов ме натера да го правам и во наредните години. Ми текнува на времето кога ставивме компјутер и интернет и сама се учев да ги користам. Или некој немаше доволно време за да ми покаже детално или некој не сакаше. Единствено корисно од нив е што ми покажаа какви себични ѓубриња се. Во тие периоди осеќав само болка. Денес покрај болка, ме фаќа и смеа оти не ми треба никој кога сама успешно се снаоѓам.
Ниту еден муслиман немам видено да објави да ни честита наш празник, ниту да ни посака лесни пости, па ни нашиве кога почнуваат постите никој не објавил "лесни пости", ама кога почнуваат нивните пости фрчат објави.
Имам очи полни осуда за секој еден шо не прај основна разлика меѓу (радикален) феминизам и "основен" шовинизам, а не па цела слоевита и опасна реалност по безбедност на жени шо можи да е.
Скромноста денес била жив срам и понижење на сам себе. Е дур сеа го научив, и уште не ми е јасна лекцијава, се надевам ќе ми се разјасни *** Сите нешто барате мирно, добро, фино, кротко, искрено, лојално, со добрина у себе, и на крај сево ова ко да ви здосадува, не ви е атрактивно и фенси, знам. До тој степен да се пребирало и да се посочува на маните и таму кај што ги има, и кај што ги нема Ако вие знаете шо сакате, еве на. Е некои затоа сте таму каде што сте, јбг, да сме реални мора. *** Колку само ради реда се употребува зборот „Како си” и колку лицемерно се кажува, тоа чудо едно.
Се' сум видела, и просење пред црква, и пред маркет, ама просење на Клиника и тоа пред онкологија прв пат, луѓето не знаат главата кај им е, уште некој да трча по нив со картонската кутија да им дадат пари.
Најинтересна категорија на луѓе ми се оние што ме ставаат во close friends на инстаграм и по некој период ќе ме тргнат. Демек пати какво стори пропушташ е работата . Затоа па културна сум и ќе стиснам mute стори за веќе ниту едно да не видам . Болен народ. Нема смајли што се крсти на фемина штета.
Од кога согледав колку се лесни за придобивка и колку малку самопочит имаат изгубив привлечност за нив. Многу поубаво било вака, без романтични интереси.
Си ветив дека оваа година нема да купам Велигденски декорации, баш да видам дали ќе си го одржам ветувањето.
Се обидов да слушнам песна од ДНК и не .. не можам да ги запрам солзите. Боли многу. Се потсеќа на 16ти Март.
Зборувајте ми за "слобода на говор и изразување" во западни држави кога преку нивните социјални медиуми банираат сѐ што не оди во нивни интерес, дури и ако ни "п" од политика не се спомнува. Продолжете си да бидите делулу дека нема никаква цензура и пропаганда во тој "напреден" запад.
Еден ден, можеби ќе биде и ноќ, кога ќе сфатиш дека сѐ е минливо и нема да се вложуваш толку многу, ќе оставиш сето да мине низ тебе, ко да никогаш и не постоело.
Ти – пламен што гори во моите очи, јас – ехо на твојот незгаслив здив. Ѕвездите ни шепотат тајни за љубовта, ветерот ги носи нашите чекори низ вековите. Во твојот допир, времето застанува, во моите усни, бесмртноста оживува.